Контакт

Daily news

Пенс: Русија се обидува да исцрта нови граници

Објавено пред

Русија настојуваше да го дестабилизира регионот на Западен Балкан и продолжува со обидите со сила да исцрта нови меѓународни граници, порача потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

„Намерите на Русија беа јасни минатата година кога московски агенти се обидоа да ги нарушат црногорските избори, да го нападнат парламентот, да го убијат црногорскиот премиер и така да го разубедат црногорскиот народ да не влегува во НАТО“, рече Пенс на Самитот на Јадранската повелба во Подгорица.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, како што рече Пенс, ја повика Русија да запре со активностите за дестабилизација.

„САД отфрлија било каков обид за употреба на сила, закани и заплашувања во овој регион“, рече Пенс.

Тој додаде дека Западен Балкан има право сам да одлучува за својата иднина.

„САД ќе продолжат да ја сметаат Русија како одговорна за своите активности и ќе ги повикаме европските соработници и пријатели да го направат истото“, порача Пенс.

Тој соопшти дека му претставува голема чест што присуствува на Самитот за да може да го прослави прогресот на Западен Балкан.

„Трамп лично ме испрати тука како знак на трајната приврзаност на нашите држави кон Западен Балкан. За мене е чест да бидам тука како прв потпретседател на САД кој некогаш ја посетил Црна Гора“, рече Пенс.

Најново

Топ3 минути

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По...

Забава6 минути

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт8 минути

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава13 минути

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...

Спорт19 минути

„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во...

Свет32 минути

12 странски државјани загинаа во големиот шумски пожар во Шпанија

Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски...

Македонија37 минути

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори

Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација., велат од СДСМ. „Европската...

Забава54 минути

Т-рекс продаден за 50 милиони долари, срушен е рекорд

67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави...

Забава1 час

Лени Кравиц откри зошто носи кожни панталони во теретана

Лени Кравиц, музичар познат по тоа што носи своја препознатлива облека во теретана, сега објасни зошто. 62-годишникот откри во новиот...