Контакт

Daily news

Пет години Халкбанк АД Скопје, ви благодариме за заедничките достигнувања

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје е основана на 15 март 1993 година како Акционерско друштво и универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Република Македонија под името Извозна и Кредитна банка АД Скопје.
Халкбанк АД Скопје е растечки стабилен бренд што дејствува остварувајќи ја својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги што паралелно оди со зголемување на довербата од страна на клиентите како најголем показател за успешноста.

dobivaj vesti na viber

Турскиот банкарски бренд Халкбанк во Македонија е присутен од април 2011 година. Како показател за цврстата определеност за присутност и долгорочна стратегија на развој на финансискиот сектор во Република Македонија, од самиот влез, па до крајот на 2016 година, направи значајно капитализирање, со што сопствените средства на Банката достигнаа износ од 67,5 милиони ЕУР. Имајќи ги  предвид овие податоци, Халкбанк АД Скопје се позиционира на четвртото место меѓу банките во Република Македонија според големината на капиталот.

Паралелно со капитализацијата на Банката, одеа и низа инвестиции во насока на подобрување на квалитетот на услугата и достапноста на Банката до субјектите преку зголемувањето на деловната мрежа и отворањето голем број нови филијали низ целата територија на Република Македонија, каде што бројот, на крајот од 2016 година, достигна 37 модерно и комплетно реновирани филијали на локации најпогодни за клиентите, со можност за брзо завршување на дневните банкарски операции, а бројот на банкомати е двојно зголемен и на крајот од 2016 година изнесува 103. За овој период, Халкбанк АД Скопје значително го зголеми бројот на вработени, од 275 на 461 високоедуцирани, услужливи вработени во секое време на располагање на своите клиенти.

Датум АТМ Вработени Филијали
31.12.2011 48 275 21
31.12.2016 103 461 37
зголемување 55 186 16

http://halkbank.mk/filijali.nspx   http://halkbank.mk/atm-mapa.nspx

 

Халкбанк АД Скопје, повратно, за подобар сервис за клиентите инвестираше во широк спектар сервиси, чиешто понатамошно развивање нема да сопре.

Инвестициите се состоеја во сопствен центар за обработка на податоците од картичното работење, 3Д безбедносна платформа, одлична покриеност со нови АТМ, најмодерни ПОС-терминали, инвестиција во бесконтактна технологија, инвестирање во комплетно ново електронско банкарство и мобилно банкарство за физички и правни лица, онлајн аплицирање, инвестиција во ЕРП-систем и многу други процеси, што доведоа до зголемување на трансакциите што се вршат преку новите дигитални решенија од над 55% од вкупниот број, со тренд на континуирано зголемување со цел олеснување и поедноставување на секојдневните банкарски трансакции за клиентите со високо ниво на безбедност.

Активата на Банката на крајот од 2016 година изнесува 582 мил. ЕУР, со што Халкбанк АД Скопје е рангирана во групата на петте големи банки во банкарскиот сектор на Република Македонија. Зголемувањето на активата во анализираниот периодот изнесува речиси 4 пати.

Стабилноста на Халкбанк АД Скопје во изминатите 5 години беше препознаена од страна на клиентите што растот на Банката го поддржаа со зголемување на депозитната база за 296 мил. ЕУР, за на крајот од 2016 година таа да изнесува 385,5 мил. ЕУР.

Паралелно со зголемувањето на депозитната база одеше и зголемувањето на кредитното портфолио, кое беше придружено со детална анализа на сите пазарни, економски и финансиски предизвици, и внимателно пласирани средства кон фирмите и граѓаните преку производи што одговараа на секој поединечен профил на клиент, согласно надворешните околности на стопанисување. Резултат на тоа е здравото портфолио на Банката и ниското ниво на нефункционални кредити за целиот период во услови на турбулентното окружување. Вкупните нето-кредити на крајот од 2016 година изнесуваа 381 мил. ЕУР, што значеше зголемување за повеќе од 4 пати за 5 години, споредено со 2011 година, од влезот на Халкбанк во Македонија.

Износот на нето-кредити на население порасна од 48,4 мил. ЕУР на 171,5 мил. ЕУР во насока на континуирано зголемување на потрошувачките и хипотекарните кредити како стабилна база за натамошен раст, додека, пак, износот на кредити дадени на компаниите порасна од 43,3 мил. ЕУР на 210 мил. ЕУР на крајот од 2016 година.

Милиони ЕУР

 Датум Актива Кредити Депозити
31.12.2011 151 91,7 89
31.12.2016 582 381,5 385,5
раст 431 289,8 296,5

 

Стабилниот раст на Банката, проследен со здрави пласмани, зголемена доверба од граѓаните, изразен преку зголемен бројот на клиенти, трансакциски сметки, платежни картички, кредитни и депозитни производи, препознавањето на сите инвестиции на Банката што придонесоа за лесно, брзо и функционално работење на компаниите со Банката, неизбежно водеше и кон континуиран пораст на профитот.

На крајот од 2016 година, профитот изнесуваше 7,667 мил. ЕУР, што ја прави четврта банка во Република Македонија по основ на профитабилност и што дава простор за дополнителна идна капитализација и поддршка на стопанството и на граѓаните.

година 2011 2012 2013 2014 2015 2016
ПРОФИТ во милиони ЕУР -0,19 0,5 2,4 4,4 6,0 7,7

 

Со овој текст, тимот на Халкбанк АД Скопје сака да ја изрази својата благодарност до сите физички и правни лица, кои се клиенти на Банката, а со кои заедно, преку меѓусебна соработка, доверба и искрено работење, континуирано ја издигнуваме Банката меѓу највлијателните финансиски институции во Република Македонија.

 

 

 

 

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија2 часа

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија3 часа

Филипче вели дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија4 часа

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија5 часа

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...

Топ6 часа

Пронајдено женско тело во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

Тело на женско лице рано утрово е пронајдено на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот...

Македонија7 часа

ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за грабнувањето и свирепото убиство на две лица

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо...

Свет7 часа

Трамп: Говорот на Бајден едвај разбирлив и многу лош, „расипаниот Џо“ и „лажливата Камала“ се срам за Америка

Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека првото обраќање на претседателот Џо Бајден до нацијата откако тој...

Свет8 часа

Бајден во обраќањето до нацијата: Палката ја оставам на помладите заради обединување

Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата за прв пат откако се откажа од трката за реизбор, ја...

Свет8 часа

Руски воен хеликоптер се урна во руската област Калуга, екипажот загина

Руски воен хеликоптер Ми-28 утрово се урна за време на редовен лет во регионот Калуга, а екипажот загина, соопшти руското...

Свет8 часа

Во пожар на аеродромот во Њујорк девет лица повредени, четворица хоспитализирани

Неколку лица се пренесени во болница откако избувна пожар на ескалатор на меѓународниот аеродром Џон Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија...

Свет8 часа

Во Кина над 150.000 луѓе севакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Источната кинеска провинција Фуџијан евакуираше повеќе од 150.000 жители поради очекуваниот удар на тајфунот Гаеми, соопштија денеска властите. Суспендирани се...

Македонија18 часа

(Видео) Изгаснат пожарот во Ново Село

Хеликоптерот на МВР во 15 циклуси исфрли 22 тони вода, со што пожарот кај Ново Село е изгасен, објави Министерството....

Македонија20 часа

Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија во извештајот на Европската комисија

Сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија изразува Европската комисија (ЕК) во годишниот извештај за владеење на правото....

Топ22 часа

Разрешен директорот на затворот во Шуто Оризари, на негово место доаѓа Бобан Утковски

Владата го разреши Филип Андов кој досега директоруваше со Затворот Скопје во Шуто Оризари. Од Владата велат дека разрешувањето е по констатираните...

Македонија22 часа

Владата донесе одлука за вработувања на 600 специјализанти во болниците

Владата на седница усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата....

Македонија1 ден

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајна незгода

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека во иднина нема да има недопирливи, без оглед на политичката или социјалната...

Топ1 ден

Битолчанец со месеци силувал 18-годишна девојка, ја уценувал со објава на интимни фотографии

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело полов напад и силување од член 186 став...

Македонија1 ден

Во бегство 36-годишникот осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Поради основано сомнение за кривично дело убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19...

Македонија1 ден

Во овој момент немаме потреба од странска помош, успешно се справуваме со досегашните пожари, посочи Ангелов

„Потребна ни е длабока реформа на целиот систем на Центарот за управување со кризи за да се гаснат пожарите побргу...