Контакт

Daily news

Поддршка од Романија за евроинтеграциските процеси

Објавено пред

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, имаше средба со романскиот амбасадор во земјава, Виорел Станила, на која станало збор за конкретните мерки кои се преземаат во насока на исполнување на сите неопходни критериуми за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ и за зачленување во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Груби ја нагласил важностa oд ЕУ и НАТО интеграцијата, како и нејзината поврзаност со внатрешните реформи. Тој рекол дека резултатите на локалните избори во Македонија се истовремено и потврда и дополнителна одговорност за да се реализира реформската и европската агенда на актуелното владејачко мнозинство.

„Имајќи ја предвид идната тројка составена од Бугарија, Австрија и Романија, која во перодот што следи ќе претседава со ЕУ, Груби упати апел до амбасадорот во рамките на нивните приоритети да се посвети особено внимание на политиката на проширувањето.  Процесот на проширувањето да биде заснован на критериуми, заслуги и мора да биде фер, а перцепцијата за позитивна динамика на проширување ќе биде и дополнителен поттик на домашните реформи. Поддршката од Република Романија ќе биде значајна за да добиеме позитивна препорака од ЕК и политичка одлука за почеток на преговорите во јуни идната година“, се наведува во соопштението.

Амбасадорот Станила  истакнал дека Романија и понатаму е силен поддржувач  на процесот на проширување на ЕУ со нови земји-членки, при што  ја поддржал посветеноста на Владата  за евроинтегративните процеси. Тој истакнал дека е неопходно земјата  да ги спроведе потребните ЕУ реформи со цел да  се подобрат животните услови на сите граѓани во државата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Државниот врв утре ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија на 26.02.2023 година (понеделник) ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во...

Македонија1 час

(Линк) МВР денес стави во функција онлајн проверка на готови пасоши

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше...

Македонија1 час

Времето утре променливо облачно и топло

Променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Македонија4 часа

НСЗР ќе штрајкува ако платите не се усогласат со минималецот додека здравствените работници работат за тројца

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички...

Македонија5 часа

ДИК: Заклучно со вчера потпишани 14.360 граѓани, најмногу потписи за Османи, Димитриевски и Ванковска

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите...

Свет7 часа

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

Шумските пожари кои беснеат во австралиската држава Викторија веќе неколку дена ги проголтаат домовите, соопштија властите, предупредувајќи дека прогнозата за...

Свет7 часа

Посредниците напредуваат кон договор за прекин на огнот во Газа, пишува израелскиот печат

Посредниците постигнуваат напредок во напорите за постигнување договор за еднонеделен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на...

Македонија7 часа

Вељановски: Сите документи со валиден датум се важечки за гласање, ДИК така одлучи и во 1998 година

Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање. Согласно...

Свет9 часа

САД и Велика Британија го ракетираа главниот град на Јемен откако Хутите нападнаа американски танкер

Јеменските бунтовници Хути го нападнаа американскиот танкер „МВ Торм Тор“ во Аденскиот залив, соопшти денеска портпаролот на оваа милитантна група...

Македонија10 часа

Утре без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре на ден 26.02.2024 година без електрична енергија ќе останат: – во периодот од...

Свет10 часа

Парламентарни и локални избори во Белорусија – опозицијата повика на бојкот

Во Белорусија денеска се отворени избирачките места за парламентарни и локални избори на кои граѓаните избираат 110 пратеници во Народното...

Свет11 часа

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди во неделата пограничната област на Киргистан и кинеската област...

Свет11 часа

Нетанјаху сака брзо одобрение од владата за нападот во Рафа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака брзо одобрување од владата за плановите за контроверзна воена офанзива врз јужниот крајбрежен град Рафа...

Македонија11 часа

Времето денеска дождливо, но потопло

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат...

Свет1 ден

Шведска има проблем со криминал и престрелки, дури 62.000 луѓе се поврзани со банди

Шведската полиција вчера соопшти дека во таа земја има околу 62.000 луѓе кои се поврзани со криминални мрежи, пишува Ројтерс....

Македонија1 ден

Над 1000 потписи имаат Османи, Ванковска и Димитриевски, ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи

Државната изборна комисија на својата веб страна, од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од...

Македонија1 ден

(Видео) Џафери направи увид на патот Кичево-Дебар: Наместо за одбранбени работи ќе се користи за слободно движење на граѓаните

Патот Кичево – Дебар би требало да биде завршен до крајот на годинава, најави денес техничкиот премиер Талат Џафери, откако...

Свет1 ден

Експлозии во Русија: Погодена челичарницата на еден од најбогатите Руси

Експлозии погодија руска фабрика за челик по наводен напад со дрон. Во последните месеци има зголемување на нападите со беспилотни...

Свет1 ден

(Видео) Пожар избувна во огромна зграда во Кина, има 15 загинати, а сомнежот е дека се запалил електричен велосипед

Петнаесет луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во пожар што зафати станбена зграда во источна Кина, соопштија локалните...

Свет1 ден

(Видео) Сопругата на Навални: Путин го измачува телото на Алексеј

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за...