Daily news
Путин или Трамп: Македонците го преферираат рускиот претседател за лидер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/putin-i-tramp.jpg)
При избор помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, повеќе од една четвртина (29 отсто) од испитаниците на глобално ниво во анкетата на „Галуп интернешнл“ се изјасниле дека како шеф на својата државата би го избрале сегашниот руски претседател. Kако лидер на својата земја Доналд Трамп го одбрале 17 отсто од испитаниците. Слична е ситуацијата и во Македонија – запрашани да изберат меѓу Путин и Трамп, 29 отсто од испитаниците во земјата се одлучиле за рускиот претседател. Само 18 отсто би се одлучиле за Трамп како лидер. Сепак, најголем е процентот на македонски граѓани – 46 отсто кои ниту во едниот ниту во другиот не го гледаат лидерот на Македонија.
Анкетата на „Галуп интернешенл“ е спроведена во периодот од октомври до декември минатата година и со неа биле опфатени 53.769 лица во 55 земји и опфаќа околу 2/3 од глобалната популација. Некои од граѓаните биле анкетирани по телефон, а во Македонија истражувањето го напавила „Брима“ со теренска анкета лице в лице на 1.210 испитаници.
Владимир Путин, генерално, е префериран во повеќето региони, освен во САД. Резултатите покажуваат дека Владимир Путин е посакуван лидер за жителите во 25 земји, меѓу кои се најдоа и Германија, каде што Путин води со +15 отсто пред Трамп, Франција со +9 отсто и Ирска со +5 отсто. Во 20 земји испитаниците ги отфрлаат и двата потенцијални кандидата за позицијата водач на нивната земја. Ова исто мислење го делат дури 45 отсто од сите анкетирани испитаници на глобално ниво.
Од земјите во регионот најголема наклонетост кон рускиот претседател Путин има во Грција со 59 отсто, Србија со 56 отсто, БиХ и Турција со по 50 отсто, Хрватска со 36 отсто и Бугарија со 26 отсто. Само девет земји меѓу 55-те учеснички во истражувањето му даваат предност на Доналд Трамп како посакуван лидер, меѓу кои водечки се Косово, каде што Трамп води со +40 отсто пред Путин, Албанија со +37 отсто, Филипини со +35 отсто и САД со +33 отсто.
На прашањето, пак, која земја треба да биде глобален лидер, секој четврти испитаник во светот, односно 25 отсто, се изјаснил за заедничко американско-руско лидерство, 19 отсто се определиле само за САД, а најголем број, 43 отсто, не сакаат никого како водечка сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_The_Business_of_Pleasure_2.jpg)
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/1-1-3.jpg)
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/gruevski-sud.jpg)
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.