Daily news
Путин: Се надевам дека моите одговори го задоволија Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е можно унапредување на односите меѓу Русија и САД ако двете земји почнат дијалог сличен на разговорите што ги имал со американскиот претседател Доналд Трамп во Хамбург, на маргините на Самитот Г-20.
Путин на крајот на Самитот рекол дека мисли дека Трамп поверувал во неговите зборови дека немало руско мешање во претседателските избори во САД.
Како што навел, Трамп му поставил низа прашања за наводното мешање на Русија во изборите.
Путин навел дека е уверен дека неговите одговори го задоволиле Трамп.
Двајцата лидери првпат се сретнаа вчера во текот на Самитот Г-20 во Хамбург.
Рускиот претседател по состанокот рекол дека разговарал со Трамп за украинската и за сириската криза, за борбата против тероризмот и сајбер криминалот, како и за други билатерални прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
