Контакт

Daily news

Скопјанец силувал шестгодишно девојче со кое бил во роднинска врска

Објавено пред

Дваесет и петгодишник силувал шестгодишно девојче со кое бил во подалечна роднинска врска.

dobivaj vesti na viber

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 25 години кое се сомничи дека сторило кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

„Осомничениот се товари дека извршил други полови дејства врз жртвата – девојче на возраст од шест години, со кое биле во подалечна роднинска врска. Имено, тој го искористил моментот кога во близина немало други лица, ја злоупотребил довербата на девојчето со кое живееле во различни куќи, но со исто дворно место, и му побарал чаша вода. Кога девојчето отишло да му донесе, тој го следел во куќата и извршил полови дејства врз него“, соопшти Обвинителството.

Девојчето за инцидентот ѝ кажало на мајка си, која настанот го пријавила во полиција.

„Жртвата е видно потресена од целиот инцидент и со неа работат психолози за да биде во состојба да даде исказ за случувањето“, велат од скопското обвинителство.

Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија11 часа

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија14 часа

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија14 часа

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија15 часа

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија16 часа

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија16 часа

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет16 часа

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет16 часа

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет16 часа

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ1 ден

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија1 ден

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...

Македонија1 ден

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање...

Македонија2 дена

Искинати кабли, уништени огради, детските игралишта навечер се места за пиење алкохол, Герасимовски апелира на подигање на свеста

Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец, на Водно и во Дебар Маало....

Македонија2 дена

Левицата: Партнерот на Мицкоски, Африм Гаши, одби амандман затоа што не пишува „Северна“

Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши,...

Македонија2 дена

ОЈО ги повлече основните две-три обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“

Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој...

Македонија2 дена

Хан: Ме загрижува случајот со Северна Македонија, сите инволвирани страни да се држат до договорот од Преспа

Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација, го изрази својот поттик до сите страни, вклучително и новата влада на Северна...

Македонија2 дена

Силјановска-Давкова се сретна со германскиот претседател Штајнмајер: разменети мислења и очекувања за спроведување на реформите на евроинтегративниот пат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го...

Регион2 дена

Во Грција најавени пеколни горештини: затворија и училиштата

Во Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот. Највисоки температури се...