Контакт

Daily news

Стојаноски: СЈО потроши 4 млн. евра за политички прогон на функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СЈО до сега потроши 4 милиони евра народни пари за политички прогон на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, и не дадоа соодветен извештај за кои потреби ги потрошија, а многу е веројатно дека огромен дел од овие средства не се потрошени во интерес на правдата туку единствено во партиски и непотистички цели, тврди Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО, рече тој, со овој буџет од 4 милиони евра успеа да вдоми партиски војници од СДС, внуци и роднини.

„Пред неколку дена СЈО бесрамно отвори нов оглас за вработување на нови 30 лица. Ова значи дека СЈО со новиот оглас ќе продолжи со практиката да вдомува членови и симпатизери на СДС и да ги финансира нивните астрономски плати и хонорари со парите на граѓаните“, рече Стојаноски.

Трет ден по ред, рече тој, СЈО во стилот на нивната матична партија СДС не чувствува потреба да даде одговор дали со новиот оглас ќе бидат вработени нов контингент на деца, внуци, роднини на партиски функционери на СДС или пак партиски активисти на партијата на Заев.

„Време е СЈО да престане да се фали со транспарентност, бидејќи граѓаните ги прочитаа. Граѓаните сфатија дека СЈО во суштина се нетранспарентни и неотчетни. Овие лица на сметка на народот ќе работат по диктат на СДС и ќе штанцаат политички обвиненија против раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од очигледно е дека овие 30 ново ангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката против ВМРО-ДПМНЕ, но и уште 300 лица да вработат нема да можат да најдат докази за противправно однесување на било кој член на ВМРО-ДПМНЕ затоа што ние сме работеле по закон и во служба на народот“, рече Стојаноски.

 

Daily news

СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни

Објавено пред

И годинава во Скопје по 6 пат се одржува „Викендот на гордоста Скопје 2018“ – СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни.  Настанот ќе започне во Кино Култура, петок, 01.06, од 21 часот.

„Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени
во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа“, пишува во поканата.

Овогодишни раскажувачи ќе бидат: Артан Садику, Никола Гелевски, Ивана Драгшиќ, Кирил Поп Христов – Кили, Маја Марковска и Лејла Каламујиќ. Модераторки се Румена Бужаровска и Ана Василева.

Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор за, и да промовираат, ненормативни форми на светоградење, односно релации, афекти, идентитетски позиции, телесни стилови и сензибилитети кои во рамки на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, неуспешни, патолошки, чудни итн.  Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. и ќе се оддржува од 7-10 јуни.

Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

Прикажи повеќе...

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието, заради , како што велат кршење на Уставот...

Македонија45 минути

Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија1 час

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза и ја напуштија седницата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието побараа пауза по што ја напуштија седницата. Претходно, од 109 гласа, со 69 „за“...

Македонија1 час

Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија1 час

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија2 часа

Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија4 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија15 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија15 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија17 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија20 часа

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија21 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија23 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија23 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија24 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија1 ден

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика1 ден

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија1 ден

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Досие