Контакт

Daily news

Стружанец со тупаници и кујнски нож  нападнал возач на патничко комбе

Објавено пред

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава  против М.Ц.(29) од струшкото село Долна Белица.

Пријавениот, казненото дело го сторил на автобуска постојка на улицата „15 корпус“ во Струга.

Нападнал возач на патничко комбе ( Н.Ф) кое сообраќало на редовната линија Лабуништа – Струга, со тупаница, во пределот на главата,  нанесувајќи му телесна повреда на левото око.

Потоа, пријавениот, од продавница во непосредна близина на постојката, одзел кујнски нож по што повторно се упатил кон патничкото комбе.

Откако, агресивниот М.Ц. забележал униформиран  полициски службеник кој се движел кон комбето го фрлил ножот зад себе, но бил веднаш е приведен, ножот подигнат и одземен, а повредениот Н.Ф. пренесен во општата болница во Струга.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Утре пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер низ земјата

Во текот на утрешниот ден времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локални врнежи од...

Култура16 минути

„Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“: Работилница за деца во Јавна соба

Во сабота, на 9 мај во 12 часот, во Јавна соба во Скопје ќе се одржи детска работилница насловена „Учиме...

Свет32 минути

Пентагон објави голем пакет досега невидени документи за НЛО

Пентагон објави обемен пакет доверливи досиеја за НЛО кои досега не биле видени, што претставува последна во низата декласификации на...

Македонија1 час

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и...

Македонија1 час

Дигитализацијата и демократските стандарди во фокусот на средбата меѓу Гаши и Варнес

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, на која се...

Свет2 часа

Германски министер: Имаме резерви на гориво за авиони само за летово

Германија има стратешки резерви на керозин за уште неколку месеци, но нејзините авиокомпании би можеле да имаат проблеми со снабдувањето...

Забава2 часа

(Фото) Салма Хајек и нејзините ќерки блескаат на гала вечера во Венеција

Салма Хајек и нејзиното семејство оставија впечаток на гала вечера во Венеција. Мексиканската актерка беше придружувана од нејзиниот сопруг и...

Македонија2 часа

Општина Карпош: Лукровски е на боледување, нема дадено оставка

Градоначалникот Сотир Лукровски нема дадено оставка и моментално е на боледување, соопшти Општина Карпош. „Ги демантираме наводите дека градоначалникот Сотир...

Македонија2 часа

Јакимовски до Лукровски: Не може да седиш дома, да се правиш болен и да земаш плата од 2.000 евра

Не може да седиш дома, да се правиш болен, да земаш плата од околу 2.000 евра, му порача поранешниот градоначалник...