Контакт

Daily news

Турција ѝ упати протестна нота на Германија поради уметничка инсталација поставена во Берлин

Објавено пред

Турција ѝ испрати протестна нота на Германија затоа што му дозволи на уметник, во центарот на Берлин да постави спорна уметничка инсталација.

Станува збор за автомобил поставен како награда за убиства на светски лидери, меѓу кои  е и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Уметничката инсталација е поставена вчера пред зградата во која се наоѓа кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, а ја сочинува „мерцедес С класа“ и транспаренти со фотографии од Ердоган, од рускиот претседател Владимир Путин и од саудискиот крал Салман.

Еден од слоганите гласи: „Го сакате овој автомобил? Убијте ги диктаторите!“.

Сите тројца лидери чии фотографии се најдоа на спорната инсталација треба да учествуваат на самитот Г20 што ќе се одржува во Хамбург, в петок и сабота. Но кралот Салман во меѓувреме го откажа присуството.

Инсталацијата ја постави Центарот за политичка убавина (Center for Political Beauty)  на чело со Филип Рух.

Турската амбасада во Берлин соопшти дека е „неприфатливо и несфатливо“ на Рух да му се дозволи да постави таква инсталација, без да интервенираат безбедносните сили.

Турската амбасада соопшти дека упатила „итна нота“ до германското Министерство за надворешни работи во знак на протест.

Најново

Регион3 минути

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија14 минути

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава20 минути

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава35 минути

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет40 минути

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет45 минути

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...

Македонија1 час

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени...

Македонија1 час

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку...

Македонија1 час

(Видео) Борбата со огнот траеше цела ноќ: Куќите во Лозани повеќе не се загрозени

Борбата со пожарот во битолското село Лозани траеше цела ноќ, а куќите повеќе не се загрозени, информираа рано утрово директорот...