Контакт

Daily news

Јанчев вети дека Ваташа ќе прерасне во најубаво место во Македонија

Објавено пред

„Ќе направиме повеќенаменска патека која ќе биде за велосипеди, за пешачење, џогирање, за луѓе кои се рекреираат. Ќе има комплетно опремена урбана средина каде ќе можат сите кои ќе дојдат да уживаат во она што значи Ваташа. Последниот мост кој што е со голем проблем, ние ќе го решиме. Сакам трајно да ја решиме Ваташа од тешкиот товарен транспорт, да го направиме булеварот“, изјави Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Кавадарци.

Според него, Ваташа е историски момент и културно место. „Ваташа е место каде што треба да доаѓаат туристи, да биде едно село најубаво во Македонија. Дало и треба да му се врати. Ве убедувам дека мојот противкандидат, Ваташа ја спомнува само за гласови, за ништо друго. Сака да ги злоупотреби гласовите. Тие сакаат да живеат во центарот и да седат на фотелји. Нема така, во Ваташа треба работа“, рече Јанчев.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Румен Радев: Немам што повеќе да му кажам на Мицкоски

Политичкото раководство на Република Северна Македонија прави сè што е можно за да го одложи членството на неговата земја во...

Македонија19 минути

Над 79.000 деца не посетуваат градинка, се предлагаат ваучери за приватни установи

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа...

Култура23 минути

Бурхан Шабан во Скопје – концерт на еден од најзначајните интерпретатори на духовна музика на Балканот

Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи...

Култура29 минути

Премиера на новата претстава „Интервју“ на сцената на Турски театар

На 19 јуни (петок), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Турски театар ќе се одржи премиерата на претставата...

Забава49 минути

(Видео) Изнајмија куќа на плажа, ангажираа хрватска ѕвезда: Се појави снимка од прославата, Ноле и Јелена танцуваат како никогаш досега

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е внимателен како сопруг, организирајќи ѝ на својата поубава половина, Јелена Ѓоковиќ,...

Македонија1 час

Директорот на БЈБ Јанев: Македонската и италијанската полиција ги продлабочуваат партнерството и заедничката борба против современите безбедносни закани

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за...

Македонија1 час

„На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“, порача Мемов

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од...

Забава1 час

(Фото/Видео) Таа секогаш има причина да се соблече: Божицата на провокацијата ги откри и градите и задникот

Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави во кои позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Не...

Црна хроника1 час

11 лица се уапсени во Скопје, Тетово, Кичево и Струга: кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била...