Контакт

Daily news

Бектеши предлага воведување директна авиолинија Скопје-Тел Авив

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, за време на официјалната посета на Израел, каде што беше дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, имаше презентација на бизнис-форумот во Ерусалим, на кој присуствуваа бизнисмени од Израел и Македонија.

dobivaj vesti na viber

Министерот Бектеши ги запозна присутните бизнисмени со можностите што ги нуди Министерството за економија за странски директни инвестиции во разни области, како што се енергетиката, туризмот и инвестициите во слободните економски зони кои се извозно ориентирани.

За Република Македонија, рече Бектеши, израелското искуство во деловното работење е од големо значење со оглед на деловната клима што ја има оваа земја како меѓународен фактор во производството, туризмот и особено во областа на иновациите.

„Би сакал да зборувам за неколку области, како што е енергетската ефикасност, имајќи предвид дека во Израел околу 90 проценти од домаќинствата користат сончева енергија, потоа во областа на туризмот, која исто така е високоразвиена гранка во Израел во делот на оспособување кадар кој работи во компаниите и меѓународните корпорации кои инвестирале во Израел“, рече Бектеши повикувајќи ги израелските бизнисмени да дојдат во што е можно поголем број да инвестираат во Македонија и да посетуваат повеќе туристички капацитети во земјата.

Министерот Бектеши ги информира израелските бизнисмени за трите езера во нашата земја, Oхридското, Преспанското и Дојранското. Ги информира туристичките компании присутни на состанокот дека Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО како едно од најстарите езера во светот, а најнаселен туристички центар е охридско-струшкиот регион со капацитет од речиси 40.000 кревети, со можност за инвестирање во хотели и други станбени објекти, информира Бектеши. Бектеши исто така предложи отворање директна авиолинија која би го поврзувала Скопје со Тел Авив, како и потпишувањето договор во областа на туризмот.

Во текот на следниот ден министерот Бекеши ќе одржи билатерална средба со израелскиот министер за туризам, Јарив Левин.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Koалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во шестата изборна единица, аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ1 час

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ2 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија3 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет5 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија5 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет5 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет5 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија18 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија19 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ20 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија23 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија24 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија24 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...