Daily news
Димитров на работен ручек со Хојт Ји
На маргините од генералната дебата на Генералното собрание на ОН, министерот Димитров, вчера во Њујорк во улога на претседавач со САД-Јадранската повелба, организираше работен ручек за министрите за надворешни работи на членките и набљудувачите на Повелбата, со учество на американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји.
Настанот следуваше по одржувањето на специјалниот состанок на шефови на Влади и држави на членките и набљудувачите на САД-Јадранската повелба, што се одржа на 2 август оваа година во Подгорица. Фокусот на отворените и пријателски разговори беше ставен во евро-атланските аспирации и интеграции и напорите за проектирање стабилност.
Истиот ден, МНР Димитров оствари и повеќе билатерални средби и тоа со: МНР на Естонија Свен Миксер, МНР на Ирска Симон Ковени, со претставници на меѓународната невладина организација – Американскиот Еврејски Комитет и со Администраторот на УНДП А. Штајнер.
За време на средбите, министерот Димитров ги запозна соговорниците со новиот моментум во домашната и надворешната политика и силната решеност да се успее на патот кон стабилност, прогрес и интеграција во клубот на развиените демократии. Притоа ги информираше и за свежиот позитивен динамизам од македонска страна кон соседите, водени од максимата дека регионот или заеднички ќе се издигне и успее, или пак заеднички ќе падне на испитот.
Со претставниците на Американскиот еврејски комитет, покрај другото беа разменети и мислења за состојбите во балканскиот и блиско-источниот регион, а беше потврдена и континуираната одлична соработка и подготвеноста и можностите за меѓусебна поддршка.
Со својот естонски колега, кој се очекува да ја посети Република Македонија на почетокот од ноември и чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, стана збор европската перспектива на Македонија и областите во кои Естонија најдобро може да пружи експертиза и поддршка. Беа разменети мислења и за билатералнта соработка меѓу двете земји и можностите за нејзино натамошно унапредување.
МНР Димитров и МНР Симон Ковени си упатија заемна покана за посета на Македонија и Ирска, а за време на срдечната средба за запознавање стана збор и за најразлични прашања од областа на билатералната и мултилатералната соработка, сличностите меѓу двете земји, актуелни состојби во ЕУ и позитивното искуство кое Република Македонија би можела да го преземе од Ирска, која продолжува да биде силен поддржувач на проширувањето на ЕУ.
Со УНДП администраторот Штајнер, меѓу другото беа разменети мислења околу идната стратегија за помошта која УНДП им ја обезбедува на земјите преку развојните програми, при што и двајцата се согласија дека истата треба да биде фокусирана и во согласност со потребите на земјата.
Димитров во придружба на ПВРМ Заев учествуваше и на билатерлна средба со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, а вечерта го придружуваше премиерот на настан организиран од УНДП и швајцарската агенција за развој и соработка, којшто се одржа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.