Daily news
Директорка на основно училиште во Кавадарци полнела гориво на државна сметка
Директорката на основното училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци ја користела службената картичка за гориво за приватни автомобили. Таа лажно прикажала дека за службеното возило за период од три години потрошила околу половина милион денари, а реално според вкупната измината килоетража на службеното возило биле потрошени 161.840 денари.
Против В.Ј.(62) од Кавадарци е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите на МВР, таа во периодот од 2014 до 2017 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување како директор на Основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, извршила злоупотреба на средствата кои биле потрошени за гориво преку користење на картичка за гориво.
„Имено, за набавка на гориво за единственото службено возило со кое располагало училиштето во посочениот период потрошила средства во износ од 457.500 денари, а според вкупната измината километража во овој период со возилото, реално биле потрошени 161.840 денари. Пријавената исплаќала гориво од средствата на училиштето за други возила кои не биле во сопственост на училиштето, ниту, пак, дала образложение или причина за користење на возилото и горивото. Пријавената во 2014 и 2016 година извршила набавка на гориво без притоа да ги почитува одредбите од Законот за јавни набавки и да распише постапка за јавни набавки. На тој начин направила вкупна материјална штета на буџетот на училиштето, односно буџетот на Локалната самоуправа-Кавадарци во вредност од 295.660 денари“, соопшти МВР.
Исто така, прјавената од 2014 до 2016 година склучила пет договори за привремени услуги со четири физички лица на вкупен износ од 88.640 денари и истите не ги завела во деловодната книга. Овие услуги и работни задачи кои биле предмет на договорите воопшто не биле изведени од овие лица, односно дел од нив биле извршувани од страна на веќе вработени лица во училиштето без надомест, а на лицата наведени во договорите им биле исплатени парични средства наведени во договорите, со што пријавената направила материјална штета на буџетот на училиштето, односно на буџетот на Локалната самоуправа-Кавадарци во вредност од 88.640 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.