Daily news
Манчевски: Со буџетот за 2018 година конечно ќе се обезбеди автономност за МРТ
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска го претстави буџетот за МИОА за следната година во рамките на серијата конференции посветени на образложување на прелог-буџетот.
Притоа Манчевски истакна дека вкупниот буџет на Министерството за в година изнесува 1.486.050.000 денари, што е зголемување од 3,5 пати во споредба со претходниот.
Сепак, како што најави, најголемиот дел од овие пари, односно 1.190.000.000 денари, ќе оди за финансирање на Македонската радио-телевизија, Македонска радиодифизија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Со ова обезбедивме, пред сè, стабилно и независно финансирање на овие три фактори од радиодифузната дејност. Ова одржливо финансирање, конечно, на МРТ ќе ѝ даде шанса за развој на автономна и независна уредувачка политика“, истакна Манчевски.
Голем дел од стратешките проекти на Министерството за следната година се со поддршка на ЕУ и меѓународната заедница, а Манчевски најави дека со делот на буџетот од развојната програма, во вредност од 146.540.000 денари, МИОА ќе финансира неколку капитални проекти, меѓу кои и централниот електронски регистар на населението преку кој граѓаните ќе добијат сопствен електронски идентитет, со што ќе може да се идентификуваат и да добиваат електронски услуги од страна на институциите.
Во текот на 2018 година ќе биде пуштен во употреба и новиот национален портал за е-услуги, кој значително ќе го зголеми бројот на услуги што државата ќе им ги нуди на граѓаните по електронски пат.
Министерството в година ќе инвестира и во нова и побезбедна систем-сала, во која на едно место ќе се смести најголемиот дел од опремата во државна сопственост. Со тоа се очекува државата да оствари големи заштеди, кои може да се вложат во зголемување на опсегот на електронски услуги за граѓаните.
Манчевски најави дека ќе се работи и на надградба на постојната инфраструктура за администрацијата да биде побрза и поефикасна со цел граѓаните да добиваат подобри услуги.
„Во делот на реформата на администрацијата, генерално, можам да кажам дека фокусот на реформите во 2018 година ќе биде ставен во делот на дигитализацијата како клучен дел на која било реформа на администрација во 21 век“, истакна тој.
Притоа нагласи дека целта за модернизацијата и дигитализација на администрација не е само декларативна заложба, туку е реална посветеност на Министерството. Во буџетот за 2018 тоа е планирано да се постигне преку: стручни усовршувања и обуки на административните службеници, вложувања во стандарди за квалитет (ИСО) и управување со него (CAF).
Министерот за информатичко општество и администрација најави дека во текот на пролетта 2018 ќе биде домаќин на првиот историски ИТ-самит на земјите од Западен Балкан. Во Скопје ќе бидат присутни политичките лидери од Балканот и ЕУ, но и лидерите од ИТ-индустријата, како и на глобалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.