Daily news
Промена на името по влезот во ЕУ, грчки весник ги објави предлозите на Нимиц
Грчкиот весник „То Вима“ го објави планот на медијаторот Метју Нимиц, како и сет идеи за решавање на спорот за името. Весникот посочува дека во документот до кој тие успеале да дојдат Нимиц предлага името да биде во целосна употреба – домашна и меѓународна, но кога земјата ќе стане членка на Европската Унија, а истовремено нагласува дека не постои задолжителен услов за промена на Уставот.
Весникот пишува дека во согласностс со предложеното, секоја земја во светот ќе има право самата да одлучи како да го напише името, односно дали тоа ќе биде на кирилица или на латиница. Предлозите на Нимиц беа поднесени до преговарачките тимови на двете земји на 17 јануари, а медијаторот ги повикува страните експлицитно да потврдат дека немаат територијални претензии една кон друга и го почитуваат културното наследство. Весникот потенцира дека новото име е директно поврзано со конечното пристапување на земјата во ЕУ, што значи дека сегашното уставно име ќе се употребува дотогаш.
„Во однос на поканата на Македонија за членство во НАТО и до нејзиното пристапување, треба да бидат преземени сите неопходни мерки за решавање на билатералните односи со другите земји членки врз основа на новото официјално име што ќе биде заведено по азбучен ред на буквата М“, пишува „То Вима“.
Според нивните извори, Нимиц нуди пет имиња: Република Горна Македонија, Република Северна Македонија, Република Вардарска Македонија, Република Нова Македонија и Република Македонија (Скопје). Во исто време меѓународниот посредник останува отворен и за други предлози за решавање на спорот. Што се однесува до јазикот на Република Македонија, Нимиц ја нуди словенската верзија на македонски, а во однос на националноста – граѓани, на пример, на Горна Република Македонија.
Сепак, во однос на примената на одлуката и опсегот на употреба, според „То Вима“, треба да се разгледаат неколку комбинации. Во однос на опсегот на употреба Метју Нимиц нуди процес во неколку делови. Прво, усвојувањето на соодветната резолуција за новото официјално име од страна на Советот за безбедност на ОН дека тоа ќе се користи во сите официјални мултилатерални меѓународни рамки, вклучувајќи состаноци, конвенции, договори и официјални документи. Потоа, Македонија ќе треба да направи сè што зависи од неа за да може името да се користи во официјалниот систем на ОН и од другите меѓународни организации. Во овој контекст посредникот во преговорите прави три забелешки: „Прво, терминот Македонија во непроменета или преведена форма нема да го користи Скопје како официјално име на државата во која било рамка. Второ, термините поранешна југословенска република Македонија и ПЈРМ ќе престанат да се користат во контекст на Скопје. Трето, и што е најважно, терминот Република Македонија ќе продолжи да се користи за внатрешна употреба до датумот на членство во ЕУ“, пишува весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.