Daily news
„Тврдокорни“ со инструкции за граѓанска непослушност: На предавниците не зборувајте им и не обраќајте им се
Здружението „Тврдокорни“ објави соопштение во кое ги даваат почетните насоки на тоа како да се спроведува граѓанската непослушност која ја најавија пред неколку дена, а која, како што велат, е насочена кон „посебниот режим“ и оние кои го предале македонскиот народ.
„Тоа се штетници, паразити кои живеат меѓу нас во нашиот свет и паразитски го црпат животот на целиот македонски организам. Тоа е диво месо кое треба да биде отсечено од нашето општество. Главниот однос кон нив треба да биде како однос кон паразити, како тавтабити. Секаде каде што се споменува, пишува нивното име, да стои зборот паразит, тавтабита, лебарка, стаорец или некој друг соодветен збор. Никогаш на Фејсбук, на интернет, во јавност или каде било не пишувајте ги нивните имиња сами. Секогаш кажувајте ги со предзнак и чувство на гадење“, сугерираат „Тврдокорни“ во своето соопштение.
Оттаму потенцираат дека граѓанската неспослушност е насочена кон сите оние кои го поделиле македонскиот народ да биде жртва за нивните олигархиски групи претставени во партиите ДПМНЕ и СДС.
„Ако ви се соседи, од сега не поздравувајте се со нив. Не им велете ‘здраво’, ‘добар ден’. Не зборувајте им и не обраќајте им се. Вашите деца да не се дружат со нивните. Ако биле себични и мислеле само на себе, тогаш сами нека живеат. Ако покрај вас на улица помине паразитот, запејте ја ‘Проклети да се предавниците’ или некоја друга соодветна песна. Доволно колку да ве слушнат. Или плукнете со гадост додека поминуваат покрај вас. Кога ќе поминувате пред вратите или под прозорите на нивните станови испејте ја ‘Проклети да се предавниците’. Кога ќе поминете покрај нивните куќи, плукнете кон нив и викнете ‘Проклети да се предавниците’ и поминете си. Или со ногата гмечете во празно како да гмечите тавтабита. Ако влезат во вашата продавница или каде било и ви се обратат или не зборувајте им или ако морате да им одговорите, свртете ја главата настрана за да им дадете до знаење дека не сакате да го дишете нивниот смрдлив предавнички здив. Ако влезат во кафеана, ресторан каде што седите со пријателите, станете и додека со удари на двете раце удирате како да сплескувате мува или со гмечење на ногата како да гмечите лебарка пејте ја песната ‘Проклети да се предавниците’“, наведуваат „Тврдокорни“ како дел од препораките за оние кои сакаат да им се приклучат во најавената граѓанска непослушност.
Оттаму исто така ги повикуваат истомислениците да ја отворат имагинацијата за измислување секакви облици на, како што велат, граѓанска непослушност, бојкот и морално жигосување за без ризик, без трошок, секој во своето место каде што се наоѓа, во рамките на своите права да се соочи со предавниците.
„Кога ќе ја повратиме татковината на народот, тогаш надворешниот непријател ќе биде победен. Тие малку паразити го уништуваат целиот организам. Не сакаа да сфатат со добри зборови, сега ќе мораат да сфатат со сила и лош однос кон нив. Ако паразитите се покаат и го признаат своето недело, ќе им простиме, но само откако ќе поминат време на успешно македонско превоспитување“, потенцираат „Тврдокорни“ во своето соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.