Daily news
Шефот на УНМИК шокиран од случувањата во Косово
Шефот на мисијата на ОН во Косово (УНМИК), Захир Танин предупреди декa се зголемуваат тензиите во Косово, а слабее довербата меѓу Белград и Приштина поради неодговорни изјави од двете страни.
Танин на денешната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово оцени дека пропаѓањето на владеечката коалиција и предвремените избори може да определат сосема поинаква иднина на Косово.
Тој изрази шокираност од нападот минатата недела врз новинарката Арбана Џара во Приштина и повика на итна истрага за инцидентот. Тој го пофали решавањето на спорот околу мостот во Косовска Митровица со мирни средства, како и смирувањето на намерите на косовска страна околу формирањето војска на Косово,но забележа дека и покрај тоа односите меѓу Белград и Приштина не се ослободени од тензии.
Според него, честите избори во Србија и Косово го попречуваат дијалогот, кој практично престана и е во ќор-сокак. Тој посочи дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е од клучно значење за нормализација на односите меѓу двете страни.
Според него, јавниот дискурс се врати на нивото на нетолерантна националистичка реторика. Тој потсети на одлуката на косовскиот парламент да го прекине дијалогот додека не се врати од затвор во Франција поранешниот лидер на Косово, Рамуш Харадинај,изјавите на неговиот брат Даут како и наизјавите на самиот Харадинај, кој ја нарече Србија непријател и повика на војна.
Шефот на УНМИК предупреди и на изјавата на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, кој го спореди Харадинај со “бесно куче кое помирисало човечко месо“. Според Танин ваквите поттикнувања на омраза се надвор од нормалниот говор и “здравиот разум” ќе „изгори“ поради неодговорно однесување и изјави.
Тој рече дека неодамнешните изјави на високи функционери на Косово за создавање на Голема Албанија и одговорот на српските власти не водат кон помирување и нормализирање на односите.Тој исто така предупреди дека овие извештаи се преселија од академско на политичко ниво и тоа може да доведе до нешто многу полошо од личен расправии.
Во тој контекст потсети на зголемување на безбедносните инциденти околу Косовска Митровица, додавајќи дека во некои од нив се користело огнено оружје. Советот за безбедност на ОН вечерва го разгледува новиот квартален извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово. Крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.