Економија
Бектеши: Замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи да продолжи до крајот на февруари

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук-профил информира дека е доставен предлог до Владата мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година.
„Министерството за економија достави одлука до Владата, со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.
Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 %, свежо месо и сувомесни производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.
Исклучени се цените на привремените попусти што важеле на 1 декември 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични убави работи. На пример, за купување стан, за образование на децата, за свадби, или едноставно можеби за некој нов домашен апарат, нови чевли, чанта, за годишен одмор или било што друго. Кога ќе заштедите за нешто и ќе го купите со заштедата, тогаш задоволство ќе ви биде уште поголемо и истовремено ќе имате волја и желба повторно да штедите за нешто друго.
Притоа, секако најдобро е штедењето во банка. Банкарските депозити нудат многу придобивки и предности, а во продолжение прочитајте ги најважните:
1. Банкарските депозити се сигурни и безбедни
Парите кои ги оставате како депозит во банка се заштитени од кражби, пожари, поплави и сите други несакани ситуации кои можат да се случат доколку ги чувате во вашиот дом.
2. Банкарските депозити можат да ви донесат дополнителни приходи
Депозитот во банка, доколку не ги употребувате средствата, туку ги орочите на одреден временски период, ќе ви ја зголеми заштедата. Колку повеќе време остануваат вашите пари на „чување“ во банката, толку е поголема каматата која банката ќе ви ја исплати при подигнување на депозитот. Доколку предвреме ги подигнете парите, банката нема да ви исплати камата, па така, мотивирани сте да ја чувате вашата заштеда подолго.
3. Банкарските депозити може да ви обезбедат поповолни услови за кредит
Доколку веќе имате оставено депозит во вашата банка и сакате да подигнете кредит, веќе сте во предност! Банкарскиот депозит лесно може да се пренасочи како обезбедување за добивање кредит, без притоа да ја изгубите каматата од вашиот депозит.
Како штедач, имате право на избор каков вид на банкарски депозит сакате да направите и кој од нив ќе резултира со најмногу придобивки за вас. Токму таков избор на депозитни производи ви нуди Халкбанк.
Кој не би сакал да штеди и истовремено да заработува знаејќи дека парите му се безбедни? Со каматна стапка која прогресивно расте на секои 6 месеци, Evolve депозитот од Халкбанк претставува идеален начин за штедење. Минималниот износ на вложување е 3000 денари, рокот на орочување е 24 месеци. Со Evolve депозитот со можност за дополнителни уплати остварувате принос од 2,7% за штедење во денари или 1,7% принос за штедење во евра за рок од 24 месеци сметано на иницијалниот влог.
Доколку пак сакате флексибилно да управувате со вашиот депозит и да вршите неограничени уплати или исплати кои може да се вршат и на вашето електронско/мобилно банкарство тука е Флекси депозитот на Халкбанк. Добивате фиксна каматна стапка до 1,3% за штедење во денари и до 0,9% за штедење во евра за рок од 36 месеци. Услов е состојбата на вашиот депозит да не се намали под 30.000 денари или 500 еур. Воедно, може да преминувате од еден во друг ранг на износ со тоа што колку поголема е вашата заштеда – толку повеќе добивате. Каматата се пресметува дневно, а се исплаќа на крајот на рокот на орочувањето.
Уште еден одличен вид на депозит од Халкбанк е секако онлајн депозитот. Бидејќи живееме во дигиталната доба, онлајн депозитот е брз начин за обезбедување на вашата заштеда. Онлајн депозитот може да се отвори преку електронско/мобилно банкарство на рок од 6, 12 и 24 и има високи фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра, споредбено со традиционалниот начин на отворање на депозит преку шалтерите на банката На рок од 24 месеци каматната стапка за денари е 1,2%.
Бидејќи никогаш не е доцна да се почне со штедење, одберете производ кој најмногу ви одговара и креирајте депозит.
(ПР текст)
Економија
Ковачевски: Отворен Балкан не е замена за ЕУ-интеграцијата, но значи можност за економски раст на регионот

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска учествуваше на Самитот во организација на „Македонија 2025“, чија главна тема беше регионалната соработка, со фокус на економијата, иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација.
Ковачевски притоа оцени дека регионалната соработка е клучна за пребродување на кризата во која се наоѓаме и дека со оваа иницијатива земји како нашите можат да обезбедат многу поголемо влијание и поголеми перформанси во областа економија.
„Оваа иницијатива по сите основи на економската логика е позитивна, креира поголем пазар на капитал, можности за размена, како и зголемување на БДП на регионот. На следниот Самит во Охрид во јуни очекуваме да ни се приклучат и други земји од Западен Балкан затоа што оваа иницијатива може да донесе бенефит за сите шест земји од регионот“, истакна Ковачевски.
Премерот воедно нагласи дека оваа иницијатива, не е замена за ЕУ-интеграцијата, но дека нашата интеграција во Унијата е заложник на инсистирањето на Бугарија да се зборува за историја и минатото, а не за иднината.
„Тоа не дава бенефит за никого. Зборувањето за теми кои се однесуваат на иднина е позначајно и на таква основа треба да се одвива дијалогот и соработката помеѓу земјите“, истакна Ковачевски.
Подвлече и дека земјите од Отворен Балкан имаат формирано тимови кои работат на заедничка промоција во однос на привлекување директни странски инвестиции, а се работи и на заедничка промоција на туризмот во сите држави и промоција на производите што се поврзани со туристичката дејност или индустрија.
„Во моментот се работи на единствен ИД број којшто оние кои ќе решат својата кариера да ја продолжат во една од трите земји тоа ќе можат да го направат на наједноставен начин преку овој број. Тој важи во сите три држави, без да мора да се бараат работни дозволи на секоја недела или секој месец”, рече Ковачевски.
Тој најави дека регионалната соработка продолжува и во други области, како култура и образование, сé со цел да се намали јазот со ЕУ.
Економија
Бензините поскапуваат за два и пол денари, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 16.05.2022 година.
Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.
Од 19.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 – 94,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС – 98 – 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,339 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,619%.