Економија
Бектеши: Ќе воведеме концесии за искористување на петротермалната енергија од подземни жешки карпи

Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на Меѓународната видео-конференција за минерални суровини која денеска се одржа во Белград.
Тој во своето обраќање посочи дека во моментов се работи на уредување на законската реулатива за воведување на концесии за експлоатација, односно искористување на петротермалната енергија од подземни жешки карпи, за што има голем потенцијал во Северна Македонија.
„Сепак, во времето во кое живееме, време на висок индустриски развој несомнено се развива и се поголемата свест кај луѓето за потребата од здрава и безбедна животна средина. Затоа, заложба на Владата е да се озбезбеди одржливо рударство, како и користење на најдобрите и најсовремените техники во рударството, а влијанието врз животната средина и здравјето на луѓето да се сведе на минимум“, кажа Бектеши.
На панелот на тема „Перспективите и предизвиците на рударскиот сектор за време на КОВИД 19-искуства од регионот“, тој истакна дека Северна Македонија во споредба со својата географска големина има големо и непроценливо богатство од минерални суровини.
„За време на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 вирусот Владата донесе Уредба со која се даде можност за одложување на примената на одделни одредби од Законот за минерални суровини за време на траењето на вонредната состојба настаната заради епидемијата, а со цел да се создадат услови за непречено продолжување со работа по завршувањето на вонредната состојба без предходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста за исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини“, потенцираше Бектеши во своето обраќање.
Според министерот, сепак кризата не го заокружила рударскиот сектор и во овој период се бележи пад во индустриското производство во секторот рударство и тоа за 9.7%, пред се кај рудниците за неметалични суровини, но како што истакна тој, очекувањата се оваа состојба да се стабилизира до средината на наредната година.
„Меѓутоа, и покрај отежнатите услови рудниците за метали не застанаа со работа во овој период и производството се задржа на исто ниво, а охрабрувачки е и фактот дека и за време на оваа криза доделени се неколку нови концесии за детални геолошки истражувања и за експлоатација на минерални суровини“, кажа Бектеши во своето обраќање.
Министерот информираше дека во секторот рударство во Северна Македонија, како и придружните што го опслужуваат овој комплекс, бројат над 10.000 вработени, а во текот на пандемијата немало отпуштања во овој сектор.
„Во земјава има преку 100 активни рудници, и тоа за експлоатација на неметалични и металични минерални суровини. Од металичните, пред се би ги издвоил бакарот, оловото и цинкот и пропратно златото и среброто. Се поголем интерес има и за експлоатација на архитектонско-украсни камења како и на минерални и термоминерални води кои се атрактивни за инвестирање во развој на бањскиот туризам, но и на оранжериското производство“, рече Бектеши на конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.