Економија
Бесими најави директна поддршка од Владата за домашните и странските компании.

Предвидливост во даночната политика – задржување на данокот на добивка од 10% во следниот четиригодишен период, даночни бенефиции за извозниците преку нов закон за ДДВ, повластени стапки од 5% земјоделски производители и занаетчиите и подигнување на прагот за ДДВ-обврзник на 3 милиони денари од 2022 година, најави министерот за финансии Бесими од аспект на даночната политика во својот четорогодишен мандат како прв финансиер, со цел поддршка на стопанството. Исто така, Бесими најави и намалување на парафискалните давачки до 75%.
„ Да гарантираме предвидливост во даночната политика, при што данокот на добивка да остане на ниво од 10 % во целиот период до 2024 година. Да го реконфигурираме данокот на додадена вредност преку серија мерки, започнувајќи со нов Закон за ДДВ кој ќе овозможи даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани, единствена стапка од 10 % ДДВ за сите ресторански услуги, на што веќе интензивно работиме, ревидирање на стапките на ДДВ за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании, намалување од 18% на 5 % на данокот за занаетчиски услуги. Планирано е и подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 на 3 милиони денари годишен промет, почнувајќи од 1.1.2022 година и изедначување со прагот на ослободување данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет“ – рече Бесими.
Министерот за финансии најави и дека ќе се почне процесот на намалување на парафискалните давачки до 75 % од сегашното ниво и нивно нивелирање во согласност со големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори.
Бесими најави и директна поддршка од Владата за домашните и странските компании.
„Да обезбедиме директна поддршка на домашните и странските инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови. Да го зголемиме обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст за 25 % секоја година, во споредба со претходната. Да формираме посебен еквити фонд како поттик за влез на странски инвестициски фондови“, вели Бесими во своето обраќање.
Тој најави и дека ќе се посвети големо внимание на отчетно и транспарентно работење, како и дека ќе се воведе т.н. бела листа на даночни обврзници, односно компании кои редовно ги исплаќаат своите даночни обврски.
„Еден од главните столбови на овој систем мора да бидат транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Транспарентност, изминатите години, е ‘клучен збор’ во политиката, но неговата реална вредност за јавните финансии е дека тоа е највисок степен на фискална контрола. Ние ќе ѝ ја дадеме релевантната информација на јавноста на едноставен и општо разбирлив начин, а јавноста ќе суди и цени дали тоа е вистинска, оправдана и легална одлука. Граѓаните се тие коишто ги вработуваат пратениците, министрите и останатите функционери, граѓаните се тие коишто носат вредносен суд за нивната работа, како и за насоката во која ќе треба да дејствуваат институциите“ – вели Бесими.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.