Економија
Бескаматни кредити од среда ќе може да бараат компании од сите дејности

Од среда, 29 април, микро, малите и средни компании погодени од кризата можат да аплицираат за Ковид 2 линијата бескаматни кредити, извести министерката за финансии, Нина Ангеловска. На располагање на компаниите има вкупен износ од 8 милиони евра, а за бескаматен кредит ќе може да аплицираат компании од сите дејности.
„Ова ќе биде значајна инјекција и помош, особено за малите и микро компани. Линијата Ковид 2 нуди поголема вкупна сума за бескаматни кредити од линијата Ковид 1, но и поголем износ на поединечни кредити и она што е важно и треба да се појасни е дека ги опфаќа сите дејности погодени од кризата и има олеснети услови и олеснет начин за аплицирање. Средствата за овие кредити се обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија. Нашите земји традиционално имаат добри односи досега. И досега сме имале голема поддршка од Јапонија во повеќе сфери. Токму овие средства ја најдоа својата најдобра намена“, рече министерката Ангеловска.
Бескаматните кредити кои од 29 април ќе им станат достапни на фирмите се наменети за зачувување на работните места и за заштита на ликвидноста на малите, микро и средни компании погодени од кризата.
Тие се дел од вториот сет на антикризни мерки објавен од Владата со цел да се поддржат фирмите и граѓаните.
Првата линија беше во износ од 5,7 милиони евра и беше исклучиво наменета за најпогодените три сектори, односно туризам, транспорт и угостителство.
„Досега за првата линија, Ковид 1, односно за линијата во износ од 5,7 милиони евра имаше исклучително голем интерес. Досега се одобрени апликации на 254 компании во износ од 2,2 милиони евра во кои работат околу 3.000 вработени лица. Интересот за бескаматни кредити е многу поголем така што Ковид 2 доаѓа во вистинско време“, рече министерката Ангеловска.
Таа нагласи дека за разлика од првата кредитна линија оваа е наменета за сите дејности. Максималниот износ на кредитот во оваа линија изнесува 90 илјади евра, кој е трипати повисок во однос на првата кредитна линија. Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра.
„Како ќе се одредува износот на кредитот којшто ќе може да го користи компанијата, односно како ќе биде направена пресметката за колку компанијата ќе може да земе кредит во овој ранг од 3-90 илјади евра? Сумата ќе се одредува според бројот на вработени којшто компанијата го имала заклучно со 31 јануари така што минималната плата ќе се помножи со бројот на вработени и со три месеци. Ова е тргнато од логиката дека на компаниите ќе им биде потребна заштита на работните места и ликвидноста за некој период од три месеци и ако земеме на пример компанија со десет вработени би го земале бројот од десет вработени по 14.500 денари по три месеци и би го добиле износот којшто ќе може да ѝ биде ставен на располагање на компанијата, односно во овој случај би изнесувал 435.000 денари“, појасни министерката Англеовска.
Каматната стапка е нула, согласно името на кредитната линија, а трошоците за аплицирање кон развојната банка, исто така, нема да се плаќаат. Рокот а отплата е до три години со вклучен грејс период до 12 месеци, додека обезбедувањето е со меница, како и во првата кредитна линија.
За оваа линија може да аплицираат сите дејности, сите мали, микро и средни компании коишто имаат намалување на приходот од 30 проценти во последниот поминат месец.
„На пример, ако во месец март споредено со истиот месец минатата година имаат намалување од 30 проценти или споредено со просекот од 2019 година, компаниите треба да се регистрирани повеќе од половина година, да немаат неплатени даноци и придонеси до 31 јануари 2020 година, да не се во постапка на стечај или ликвидација и да не спаѓаат во категорија исклучително ризични кредитобаратели“, рече министерката Ангеловска објаснувајќи дека целата постапка ќе се одвива електронски.
Со Ковид 1 и 2 на фирмите зборно им се ставаат на располагање 13,7 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, а исто така и преку комерцијалните банки ќе се стават на располагање дополнителни 50 милиони евра под исклучително поволни услови. Министерката Ангеловска вели дека очекувањата се каматните стапки да се движат околу 1,5 %.
Мерките кои Владата досега ги донесе за поддршка на стопанството и на граѓаните може да се поделат во неколку столбови. Се работи за даночни ослободувања како што беше ослободувањето од аконтации од данок на добивка и данок на личен доход, потоа 50 проценти субвенционирање на придонесите кои спаѓаат во оваа прва група даночни олеснувања, мерки за директна финансиска поддршка и помош на компаниите како што е мерката за исплата на платите и во оваа група за поддршка на ликвидноста спаѓаат и овие бескаматни кредити, односно Ковид 1 и Ковид 2. Понатаму има меки мерки кои се во насока на регулаторни промени, олеснувања да се помогне на граѓаните и стопанството да го премостат полесно овој период.
„Ќе бидеме тука, ќе следиме и многу наскоро кога ќе дојде периодот на закрепнување.Тогаш ќе бидат потребни нови мерки и одлуки за поддршка на стопанството и граѓаните“, најави министерката Ангеловска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.