Економија
Битиќи на форумoт „Стратешки економски разговори“ во Хрватска: Во наредните 5 години ќе го трансформираме енергетскиот сектор

Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на реформите во енергетскиот сектор, донесен е нов закон за енергетика, кој е усогласен со третиот енергетски пакет на Секретаријатот на енергетската заедница, усвоена е Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и донесени се повеќето од подзаконските акти со кои се овозможува забрзан развој на енергетскиот сектор и спроведување праведна и правична транзиција кон обновливи извори на енергија, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој учествува на форумот „Стратешки економски разговори“, кој се одржува во местото Савудрија, Истра, во Република Хрватска.
„Ги презедовме сите чекори кои се предуслов за енергетска транзиција, помеѓу кои е и целосната либерализација на пазарот, чекор што нашата земја го направи како прва во регионот. Тоа не е единственото што го направивме како пионери во регионот на Западен Балкан. Први донесовме закон за енергетика, кој е во целост усогласен со регулативите и директивите на ЕУ и со Енергетската заедница“, нагласи вицепремиерот.
Битиќи додаде дека во периодот што следува, во наредните 5-7 години, енергетскиот сектор во Северна Македонија потполно ќе се трансформира, при што ќе се реализираат голем број јавни и приватни инвестиции во обновливи извори на енергија.
„Со интервентниот план за ивестиции, кој неодамна Владата го усвои, како одговор за побрзо закрепнување од пандемијата, но и за побрз и одржлив развој на енергетиката и економијата, генерално, во средорочен период од 5 до 7 години, во земјата ќе се инвестираат 3,2 милијарди евра во енергетскиот сектор, мешан капитал, на приватни и јавни инвестиции. Со ова, во следните 5 години, ќе го трансформираме енергетскиот сектор во Северна Македонија кон зелени и обновливи извори на енергија. Тоа ќе придонесе за праведна и правична транзиција од конвенционални извори на енергија со фосилни горива кон обновливи извори на енергија и ќе се тежи кон целосно исполнување на Националниот план за придонеси, со кој предвидуваме намалување на емисијата на стакленички гасови до 82 % до 2030 година во споредба со истите во 1990 година“, нагласи вицепремиерот Битиќи и додаде дека за постигнување на овие предвидувања, се работи и на промената на свеста кај државните тела, но и едукација на граѓаните, затоа што реализацијата на зелената агенда на Владата ќе донесе поголема конкурентност на економијата, но, пред сѐ, зачувување на здравјето на граѓаните, заштита на животната средина и подобар квалитет на животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Стандард и Пурс“: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед.
Агенцијата посочува на поволните трендови кај девизните резерви, коишто на крајот на 2022 година достигнаа 3,9 милијарди евра. Како што констатираат од „Стандард и Пурс“, во изминатите месеци цените на енергенсите се стабилизираат, па оттаму не се очекуваат позначајни притисоци врз девизните резерви во текот на годината преку овој канал. Дополнително, според нивните очекувања, резервите ќе продолжат да растат, при очекувано стеснување на дефицитот на тековната сметка и финансиски приливи преку директни инвестиции и одредени должнички текови. Девизниот курс останува стабилен, и промени во курсот на денарот, не се очекуваат.
Од „Стандард и Пурс“ во извештајот за кредитниот рејтинг за земјава, наведуваат дека за разлика од други земји во регионот, врските на финансискиот сектор на домашната економија со Русија се мали, со што изостануваат директни негативни преносни ефекти за домашниот банкарски систем од кризата. Во поглед на банкарскиот сектор, Агенцијата ја потенцира неговата стабилност, во услови кога нефункционалните кредити остануваат ниски, на ниво од 3,2%, додека стапката на капитализираност на банкарскиот сектор е соодветна и стабилна и изнесува 17,7%.
Во рамки на извештајот, се истакнуваат мерките кои Народната банка ги презема, во однос на ликвидноста, промените во каматната политика и во задолжителната резерва, како и макропрудентните мерки. Притоа се нагласува нивната улога за стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања, поддршка на процесот на денаризација на економијата, како и за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем.
Економија
БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

Деновиве е реализирана првата пратка во 2023 година, од 7 возила за одржување на хигиена од БРАКО, кои се испорачани во соседна Грција, во Унгарија и во Обединетото Кралство.
Стручните инженери и техничари од БРАКО, по завршување на колективниот одмор, активно пристапија кон реализација на порачките од странство и комплетираа 5 електрични компактни камиончиња GM 500ze, едно возило GM 636 со најново инсталираниот систем за издувни гасови и едно возило со рачно управување од линијата GM400.
Продолжува големиот интерес на возилата за одржување на хигиена во урбани услови на БРАКО, кои покажуваат одлични перформанси во работата, издржливост и може да се употребуваат во сите временски услови, а воедно придонесуваат за заштита на животната средина.
(ПР)
Економија
Битиќи – Ќира: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на економијата

Владата на Република Северна Македонија го гледа приватниот сектор како свој партнер, затоа со внимание ќе ги слушам сите ваши препораки за подобрување на бизнис-климата, ова го истакна заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на средбата со новото претседателство на Стопанската комора на северозападна Македонија и нејзиниот претседател, Менди Ќира.
На средбата акцентот на бизнисмените на СКСЗМ беше ставен на барањето за зголемување на квотата за работници од странство за што вицепремиерот Битиќи рече дека овој проблем е веќе детектиран од негова страна и дека веќе е почната дискусијата и барањето на соодветниот модалитет со кој ова ќе го постигнеме.
„Либерализацијата на пазарот на труд е потребна за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на економијата. Во следните неколку месеци треба да направиме процена кои се секторите во кои е потребна дополнителна работна сила и да видиме колкава бројка е потребна. Во исто време заедно со приватниот сектор засилено да работиме на реквалификација и доквалификација на домашниот пазар на труд со цел тие да може да бидат поконкурентни и пазарот да може полесно да ги впие“, истакна Битиќи.
На состанокот се разговараше и за идентификацискиот број за граѓаните од „Отворен Балкан“, со што дополнително ќе се олесни движењето на граѓаните помеѓу нашите земји.