Економија
Битиќи: Успешно се справивме со економските последици од Ковид -19
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска во рамки на Првиот економски форум, во Скопје, учествуваше на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата“ заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими.
Форумот, чиј фокус се поставувањето темели за стабилност и просперитет во Северна Македонија, го отвори претседателот на Владата, Зоран Заев, а, министри, владини претставници и претставници на Амбасади и истакнати бизнисмени учествуваат во повеќе панел дебати, посветени на стабилноста и соработката во регионот на Балканот, економскиот развој на земјата по пандемијата од Kовид-19, за странските инвестиции, унапредувањето на инфраструктурата, енергијата, туризмот и одржливиот економски развој.
„Ако говориме за влијанието на глобалната пандемија врз нашата економија, ние не почувствувавме тешки последици како останатите земји, бидејќи ако можам да кажам, многу брзо ги увидовме можностите за ефективно справување и ја согледавме можноста кризата да ја искористиме за економски развој и конкурентност на нашата економија и во днос на привлекување на странски инвестиции“, рече вицепремиерот Битиќи.
Тој истакна дека како држава бевме единствени во справувањето со кризата и следејќи ја ситуацијата, Владата донесе шест пакети економски мерки, што овозможи како што рече, брзо да се прилагодиме на новонастанатите ситуации.
„Според речиси сите статистички податоци, посебно во последниот месец, јасно е дека постои тенденција на заздравување на економијата на Северна Македонија“, додаде Битиќи.
Моментот кој сега мораме да го искористиме, според него е засилена работа на остварување на целите од Берлинскиот процес и креирање на заедничка – регионална економска зона.
„Да одиме чекор понапред и да гледаме кон регионална конкурентност наспроти регионална конкуренција што е практичен чекор за како да ги искористиме потенцијалите на регионот и да бидеме дел од вредносниот ланец на поголемите економии, но и да сме регионално конкурентни и единствени во привлекувањето на странските инвестиции“, истакна Битиќи.
Организатор на денешниот Форум е Делфи економскиот форум, познат по годишните средби во Грција, заедно со Грчката бизнис асоцијација од Северна Македонија, во партнерство со домашните компании.
Целта на Економскиот форум во Скопје е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и во поширокиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

