Економија
Бугарија ќе нѐ снабдува со природен гас како алтернатива на рускиот

Министерот за економија Крешник Бектеши утрово разговарал со гувернерката на Народната банка за плаќањата на рускиот гас, кои од денес Русија бара да бидат во рубли. Кај нас министерот Бектеши вели дека не може да се направат такви трансакции.
„Имав можност утрово да разговарам со гувернерката. Немаме уште насока од Европската централна банка имајќи предвид дека во курсната листа на Северна Македонија и на Народната банка не е рубљата како валута, што значи не може да се направат такви трансакции“, рече министерот Бектеши н денешниот отчет за преземените мерки за ублажување на енергетската криза.
До 15 април, кога завршува грејната сезона, снабдувањето со природен гас министерот Бектеши рече дека е осигурано, па ваквата одлука за плаќањето не би направила проблем.
Министерот Бектеши вели дека одлуките што следуваат ќе зависат од заедничките одлуки на НАТО и Европската Унија.
„Ние сме членка на НАТО. Секоја одлука што ќе ја носат членките на НАТО заеднички ние ќе ја почитуваме. Секако дека се приспособуваме и на санкциите на Европската Унија имајќи предвид дека сакаме целосно да се интегрираме во Европската Унија. На таков начин, со одредени механизми и нивни и наши сопствени како држава, мислам дека нема да има толку големо влијание имајќи предвид дека ќе најдеме алтернативи, за што сум убеден. Тоа веќе се работи. Таков е новиот интерконектор со Република Грција, нашето директно учество во терминалот во Александропулос, секако и нов интерконектор со Република Бугарија, а Република Бугарија е членка на Европската Унија. Нашиот гасовод е со нив и во случај ако се донесе таква одлука, сите други алтернативи ресурси на природен гас со кои ќе се снабдува Република Бугарија ќе можеме и ние да ги користиме поради тоа што резервацијата на ‘Газпром’ за нашиот гасовод не би требало да важи како што донесе Европската Унија да не важи за Грција меѓу Република Бугарија. Тоа е наше барање директно кон Европската Унија и секако дека таква одлука треба да се донесе“, рече министерот Бектеши.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ според кој странските купувачи на руски гас од денес мора да плаќаат во рубли. Путин предупреди дека договорите ќе бидат раскинати доколку другите земји не го платат рускиот гас во рубли. Одлуката ја донел за зајакнување на рускиот суверенитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.