Економија
(Видео) Арсовски: По доаѓањето на Нина Ангеловска за министер, земјата е задолжена над 150 милиони евра

Зоран Заев и Нина Ангеловска утре ќе ги задолжат Република Македонија и граѓаните со нови 53,6 милиони евра. Ова е трето задолжување на Нина Ангеловска како министер во последните 45 дена, а воедно, како што знаете и вие, не е реализиран, ниту е почнат некој посериозен проект, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Нина Ангеловска за 45 дена како министер ја задолжи Република Македонија со над 150 милиони евра. До август, до моментот кога дојде Нина Ангеловска за министер, во Министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции беше ниски 28,16 отсто. До овој момент веруваме дека не е нешто драстично променета состојбата на реализацијата на капиталните инвестиции.
Ова е најнеспособната Влада, која единствено се задолжува и не реализира ниту еден единствен проект. И оние проекти што ги отвораат се останати до претходната влада. Нина Ангеловска е само извршител на лакомите и недомаќински политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев.
Проекциите за реализацијата на капиталните инвестиции и БДП за оваа година ниту ќе се исполнат ниту ќе бидат на задоволително ниво, како и сè друго во моментот што е во државава. Економијата оди во погрешен правец. Граѓаните најдобро го чувствуваат тоа. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. Оние што може се снаоѓаат и се иселуваат.
Доволен показател дека економијата оди во погрешна насока е и долгот на ДДВ на фирмите на фамилијата Заеви. Потребна е коренита обнова на Македонија и таа ќе се случи веднаш кога ќе падне оваа неспособна Влада на СДСМ“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пандемијата го измени списокот на десетте најголеми економии во светот, една земја отпадна

Пандемијата од Ковид-19 го разниша рангот на најголемите економии во светот, туркајќи многу земји во најлоша економска рецесија во поновата историја.
САД, Кина, Јапонија и Германија и нaтаму се рангираат во првите четири како најголеми економии во светот, додека некои економии напредуваа или паднаа на ранг-листата како резултат на пандемијата, а една земја излезе од листата на првите 10 економии, според анализата на СНБС.
Овој американски медиум ги спореди земјите во однос на номиналниот бруто-домашен производ од 2019 година, изразен во долари, со проценките на БДП за минатата година од извештајот на ММФ.
Соединетите Американски Држави ја задржаа водечката позиција на списокот на топ 10 економии во светот, при што номиналниот БДП падна минатата година на 20,9 трилиони долари од 21,4 трилиони долари претходната година.
Наспроти ова, второпласираната Кина минатата година забележа номинален БДП на 14,7 трилиони долари од 14,3 трилиони долари една година порано.
Јапонија остана трета по големина економија во светот во 2020 година со БДП проценет на 5,0 трилиони долари (5,1 трилиони долари во 2019 година), додека Германија се најде на четвртото место чија економија задржа вредност од 3,8 трилиони долари.
Индија, петта по големина економија во светот во 2019 година, минатата година падна на шестото место, зад Велика Британија, иако споредбените податоци покажуваат дека БДП на двете земји паднал од нивото од 2,8 трилиони долари пред две години на 2,7 трилиони долари минатата година.
Седмата позиција сè уште ја држи Франција со номинален БДП од речиси 2,6 трилиони американски долари (2,7 трилиони долари во 2019 година), а осмата е Италија со вредност на економијата од приближно 1,9 трилиони долари во 2019 година).
Бразил, кој беше деветта по големина глобална економија во 2019 година, испадна од првите десет, препуштајќи ѝ го местото на Канада, чиј БДП минатата година беше проценет на 1,6 трилиони долари (1,7 трилиони милијарди минатата година), и е рангиран на 10-то место од најмоќните.
Економија
Мицкоски со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обесштетување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, остварија средба со претставници на иницијативниот одбор на земјоделците од Арачиново и Гази Баба, кои беа погодени од невремето во изминатите години.
Претставниците на земјоделците го информирале Мицкоски дека обесштетувањата уште не им се исплатени иако поминал подолг период.
Тие потенцирале дека се работи за речиси 250 семејства, чија примарна дејност е земјоделството и нивната егзистенција е нарушена.
Претседателот Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање доколку треба да се донесе одредено законско решение пратениците тоа да го предложат, односно да го изгласаат, стои во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.
Од страна на Мицкоски беше посочено дека е безобразие ова што власта ги влече со години и не им ги исплаќа средствата на име обесштетување и дека за тоа треба да има одговорност, информираат од опозициската партија.
Економија
Заев: Преку иновативни решенија Владата вложува во развојна економија

Премиерот Зоран Заев, обраќајќи се на панел-дискусијата на тема: „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст“, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, а по повод 21 Април, Светскиот ден на креативноста и иновативноста, истакна дека со иновативноста и креативноста се надминуваат предизвиците од минатото и сегашноста и се создаваат промени за подобро утре.
„Посветеноста на компаниите за постојан развој базиран на трансфер на знаење и на унапредување на сопствените технолошки процеси низ иновативни решенија придонесува поквалитетни и поконкурентни производи и услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој на секоја компанија одделно. Стремејќи и остварувајќи ги овие цели, вие учествувате и со подобрувањето на бизнис-климата во земјата и за создавање услови за развој на конкурентските капацитети на компаниите за да бидат покомпетентни и на европскиот и на светскиот пазар. Во оваа насока улогата на Фондот за иновации и технолошки развој како кредибилен партнер за поддршка на иницијативите на компаниите е веќе сериозно препознаен“, истакна Заев.
На настанот беше потенциран успехот што го бележи ФИТР во изминатите неколку години преку поддршка на повеќе од 550 компании. Претставниците на иновативните компании, кои беа дел од дискусијата, се осврнаа на тоа колку за нив била важна поддршката од ФИТР не само во финансиска смисла туку и во целиот процес, од идеја до реализација. Заклучокот беше дека за успешни компании со конкурентни и иновативни продукти неопходна е поддршката од Владата, но и партнерскиот однос помеѓу компаниите, особено при промоција надвор од границите на нашата држава.
На јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, кој воедно е дел од петтиот пакет антикризни мерки, како што беше потенцирано, пристигнале дури 706 апликации, од кои 540 се од компании што аплицираат првпат, а 207 се стартап-компании.
За довербата во програмите на Фондот за иновации и технолошки развој и на економските политики на Владата говори и фактот што компаниите што аплицирале се подготвени да учествуваат со свој дел и сите заедно се подготвени да инвестираат околу 27 милиони евра сопствени средства.
Овој јавен повик следува по јавниот повик на ФИТР за поддршка на компаниите за брзо приспособување и надминување на последиците од Ковид-19, што беше дел од третиот пакет антикризни мерки.
За 2021 година, ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање преку повеќе финансиски инструменти во износ од 17,5 милиони евра. Од портфолиото на Фондот во тек е реализацијата на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра, беше истакнато од страна на надлежните.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?