Контакт

Економија

(Видео) Арсовски: Со дополнителниот данок, СДСМ ќе ја доуништи економијата

Објавено пред

По 11 години рамен данок и праведност помеѓу граѓаните, рамниот данок оди во историјата. За жал, со воведување на дополнителни 8% данок во делот на доходот кој поминува 90 000 денари, СДСМ само уште повеќе ќе ја доуништи и така уништената економија во нашата држава, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Со ова, додаде тој, покажаа елементарно непознавање и невладеење на бизнис и монетарниот сектор и дека воопшто не им се важни граѓаните и економијата.

„Мораме да потенцираме дека ВМРО-ДПМНЕ е децидно против оваа реформа која ќе значи финален удар за економијата и ќе ја стави во стечај Република Македонија. СДСМ, Тевдовски, Заев и кој уште да е креатор на оваа мерка, со ова ќе стимулира само даночна евазија, ќе удри по платите на вработените во приватниот сектор и ќе ги принуди компаниите да ги зголемат цените како резултат на зголемените трошоци кои ќе се надоврзат на спиралата. Едноставно ќе ни се случи домино ефект во економијата каде што ќе се зголеми стапката на инфлација, ќе се зголеми сивата економија и нема да се отвораат нови работни места во приватниот сектор“, рече Арсовски.

Потврда на ова, додаде тој, е и барањето на бизнис-заедницата којашто во септември упати писмено барање да се одложи зголемувањето на даноците за најмалку 5 години во Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од 1 март поскапува парното

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“ (5,17 %) и „Скопје Север – Енерџи еколинк“ (5,25 %) ќе се зголемат речиси 5 отсто.

dobivaj vesti na viber

„Кога ја соопштивме цената за најголемиот систем преку кој со парно се снабдуваат над 95 % од домаќинства, најавивме дека и овие две компании имаат поднесено барање за корекција на цената. Познато е дека поради комплексните геополитички случувања цената на природниот гас на светките берзи е зголемена, поточно во последниот квартал од минатата година имама раст од 16 %, што е и главна причина и за оваа одлука. Овие две компании доставија барање за корекција на цената во текот на февруари по што РКЕ изврши соодветни анализи и врз основ на тоа донесе одлуки за корекција на цената за потрошувачите на топлинска енергија за ‘ЕСМ енергетика’ и ‘Скопје Север – Енерџи еколинк’, која ќе стапи во сила од 1 март. Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи“, посочи Марко Бислимоски.

Во исто време РКЕ ја информира јавноста дека на главна седница е донесена одлука за издавање две лиценци за вршење енергетска дејност за регулирано производство и снабдување со топлинска енергија на „Енерџи еколинк“ АД Скопје, а постапката за издавање лиценца за дистрибуција е во тек.

„Станува збор за топланата позната во јавноста како ‘Скопје Север’, која од неодамна ја презема приватен инвеститор и тој ја почна постапката за конечно лиценцирање на компанијата што извршува јавна дејност повеќе од 20 години. РКЕ останува на ставот дека секоја реализација на инвестициите што значи подобрување на квалитетот на снабдување и ширење мрежа со цел зголемување на конзумот е со безрезервна поддршка, особено што станува збор за еколошки и најекономичен начин на затоплување, што се одразува врз сметките за парно, кои се најниски. Анализите покажуваат дека доколку сите исклучени од парно повторно се приклучат на системот, сметките ќе се намалат речиси 10 %“, посочи Марко Бислимоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции

Објавено пред

Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции, во 2024 година регистрирани 1 милијарда и 255 милиони евра, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи дека ја добил веста на пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган.

dobivaj vesti na viber

„Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Додаде дека успехот особено го радува оти затекнале економски пустош.

Прикажи повеќе...

Економија

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за економија и труд со цел заштита на стандардот на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Министерството за економија и труд и Владата континуирано носат мерки и креираат политики со цел заштита на стандардот на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата. На почетокот на оваа недела Собранието на предлог на група пратеници ги изгласа измените на Законот за заштита на потрошувачите, информира Дурмиши.

Со овие измени трговците, појасни тој, почнувајќи од средината на април, ќе имаат задолжителна обврска да ги објават цените на сите производи на своите интернет-страници.

„Законот, кој очекуваме деновиве да биде објавен во ‘Службен весник’ предвидува во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила трговците на своите веб-страници да ги објават цените на сите производи што ги продаваат во своите продавници“.

Според него, во наредните 10 дена ќе бидат објавени и правилниците, кои ќе пропишуваат на кој начин ќе се објавуваат цените од страна на трговците.

Со овие законски измени Дурмиши очекува поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.

Граѓаните, вели тој, сега ќе може да изберат каде ќе ги трошат своите пари, ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава.

Според него, ваквата мерка ќе донесе до зголемување на конкурентноста помеѓу трговците и намалување на цените на производите. Потрошувачите ќе бидат целосно информирани за тоа кој производ кај кој трговец колку чини.

Овој закон, како што појасни, се однесува на мали, средни и на големи трговци, со што е исклучуваат микротрговците и трговците поединци, односно маалските дуќани.

Потсети дека законската измена следува откога минатата недела Владата по предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на маржите на 102 групи основни прехранбени производи и средства за хигена и ограничување на цените на 8 групи на најосновни прехранбени производи.

Двете мерки веќе се во сила и ќе траат заклучно со 30 април, односно ќе бидат опфатени и двата празника, Рамазан и Велигден.

„Државниот пазарен инспекторат е на терен и инспекторите постапуваат по одлуката дали маркетите ги усогласиле своите цени на полиците.

До крајот на оваа недела е предвидено да се направи надзор на над 1.000 трговски објекти во државата по што Државниот пазарен инспекторат ќе излезе со податоци за евентуално непочитување од страна на одредени маркети.

Казните се движат од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек околу 10 %, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните“, истакна Дурмиши.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Зеленски пристигна во Лондон и порача дека американската поддршка е од клучно значење за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од...

Македонија5 часа

Тошковски тврди дека сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во...

Свет5 часа

По тензичната средба со Зеленски, Трамп може да ја стопира помошта за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да ја укине помошта за Украина, тврди неименуван извор од Белата куќа за...

Топ7 часа

Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството...

Македонија9 часа

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во...

Свет11 часа

Зеленски му одговори на сенаторот Греам: Само народот на Украина одлучува за мојата оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека единствено украинскиот народ може да одлучи за неговата оставка. Неговата реакција дојде по...

Свет23 часа

Посетата на Зеленски е прекината: Трамп: Тој ги навреди САД

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината. Извор од Белата куќа...

Македонија1 ден

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во...

Македонија1 ден

Мицкоски и Ердоган во Турција договорија основање на Совет за соработка на високо ниво

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање...

Топ1 ден

Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште. Според пријавата, таа во текот на вчерашниот...

Економија1 ден

Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“...

Македонија1 ден

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата...

Економија1 ден

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за...

Македонија1 ден

Место на шалтер, уверение за остварен доход отсега се вади електронски, автоматскиот систем ќе замени 29 службеници во УЈП

Граѓаните што имаат потреба од уверение за остварен приход, за да го извадат документот, повеќе не мора да одат на...

Македонија1 ден

Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката...

Македонија1 ден

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија1 ден

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет1 ден

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија1 ден

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ1 ден

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...