Економија
(Видео) Кузеска: „Викенд без ДДВ“ значи пари назад кај граѓаните и поддршка на приватната потрошувачка

Денеска започнува „Викенд без ДДВ“ и секој граѓанин кој е корисник на апликацијата МојДДВ до 12 октомври, ќе го оствари правото да му се врати пресметаниот ДДВ во полн износ на фискалните сметки кои ќе им бидат издадени, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа појасни дека ако досега се враќаше 20% од пресметаниот ДДВ за македонски производи, овој продолжен викенд се враќа целосниот износ на пресметаниот ДДВ.
„Значајно е да се напомене дека вредноста на македонските производи и услуги, како и компјутерската опрема, независно одн потеклото, не треба да бидат повисоки од 30.000 ден. За да граѓаните добијат поврат на целиот износ на ДДВ, фискалните сметки треба да ги скенираат во рок од три дена од издавањето. Целосниот пресметан ДДВ ќе им биде исплатен на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена, односно, исплатата ќе се изврши до крајот на месец октомври“, појасни Кузеска.
Таа потсети дека „Викенд без ДДВ“ е мерка којашто е дел од четвртиот пакет антикризни мерки на владата предводена од СДСМ и е достапна за 350.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, но и за нови корисници кои ќе ја инсталираат апликацијата и за време на овој викенд.
Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.
За само една година преку мерката Мој ДДВ, рече Кузеска, веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.
„’Викенд без ДДВ’ значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет. Ова е уште една мерка која ја докажува постојаноста на Владата предводена од СДСМ во концептот Парите назад кај граѓаните, што и натаму останува еден од врвнните приоритети. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните, на економијата и на држава“, изјави Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.