Економија
(Видео) Мицкоски: Ќе ги вклучиме идеите од бизнис-секторот во нашата програма и ќе ги реалзиираме

Јас би почнал онаму каде што претседателот Хоџа заврши, а тоа е кој дел од нивните предлози како Стопанска комора на Северозападна Македонија ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со Стопанската комора на Северозападна Македонија.
„За мене е поважно политичките партии да предложат методологија што ќе можат понатаму и да ја аплицираат откако, еве условно, ќе добијат поддршка од страна на Стопанската комора, така што претпоставувам дека ќе имаме политички субјекти коишто 100% ќе ги прифатат тие барања и ќе бидат дел од програмата на тие политички субјекти.
Но, за мене е поважно на кој начин тие политички субјекти планираат да го имплементираат тоа понатаму, имајќи го предвид лошото искуство од минатото со многу ветувања, многу малку исполнувања на тие ветувања.
Ние имаме поинаков пристап, ние детално ги анализираме, методолошки, емпириски ги докажуваме оние барања коишто можеме веднаш да ги примениме, откако би ја добиле, а ние силно веруваме дека ќе ја добиеме довербата од страна на граѓаните.
Мислам дека денеска е од исклучително значење не само за граѓаните, туку и за реалниот сектор и за стопанските комори, сето она што како политичари, како политички партии го преземаме како обврска и ветуваме дека ќе го вклучиме во нашите програми потоа и да го испорачаме, затоа што мислам дека помина времето на лажни ветувања, импровизации. Граѓаните се незадоволни, бизнис-секторот е генерално незадоволен и, како што кажав, многу во минатото е ветувано, но, за жал ,многу малку е реализирано и испорачано.
Ние ќе се потрудиме тоа што ќе го преземеме како обврска да биде дел од програмата „Обнова на Македонија“, а понатаму како идна влада да го реализираме.
Ќе има и конкретни датуми и конкретни рокови, а ќе има и цена на чинење на тие проекти. Реков дел од проектите ќе бидат реализирани и ќе бидат почнати со реализација веднаш во текот на еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ, дел ќе бидат тековни. Така што апсолутно сето она што како обврска ќе си го преземе како една макотрпна работа се обврзуваме и пред граѓаните и пред реалниот сектор да го испорачаме“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.