Економија
(Видео) Пуштен во употреба Транс-анадолскиот гасовод ТАНАП

Официјално пуштен во употреба Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline – TANAP), на локацијата Ипсала/Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Република Грција и Република Турција. Со ова, Транс-анадолскиот гасовод (ТАНАП) официјално започна да пренесува гас до европскиот дел од јужниот гасен коридор на турско-грчката граница. На свеченоста присуствуваа Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија м-р Крешник Бектеши и директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи.
„Оваа гасна магистрала за нас е од исклучителна важност заради тоа што дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето со гас, кој моментално го набавуваме преку една гасоводна цевка. Во енергетиката секогаш е многу важно да имате сигурност на снабдување, сигурноста се добива доколку имаме повеќе извори на снабдување, а исто така е многу важна и конукрентноста, бидејќи на тој начин се влијае и на цената на гасот, односно можност за поевтин енергенс за граѓаните. Во февруари 2020 година, планиран е состанок во Баку, на којшто треба секоја од државите да изрази подготвеност односно предвидување која количина на гас ќе има за потреба за потрошувачка. Во моментот ТАНАП има капацитет за пренос од 10 милијарди кубици гас годишно, со можност да се покачат на 16 милијарди кубици и потоа до 32 милјарди кубици гас годишно, што е крајната цел. Потребите на Турција се оценуваат некаде на ниво до 10 милјарди кубици гас годишно, перспективно во текот на годините, тоа значи дека ќе има доволно количини на гас и за земјите од Југоисточна Европа и Балканот и таму каде што цевката завршува, а тоа е Италија“, нагласи Анѓушев.
Министерот Бектеши потенцираше дека проектот ТАНАП е од голема важност, не само Азербејџан и за Турција, туку и за цела Европа, а посебно за дел од земјите на Балканот.
„Како Влада на Северна Македонија сме многу заинтересирани за овој гасовод имајќи во предвид дека веќе од наредната година во јуни, се предвидува да биде пуштен во употреба и да се поврзе со ТАП, каде што ние во моментов работиме преку државната компанија „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) да го изградиме интерконекторот до Грција, а истовремено тоа ќе ни даде можност за девирзификација на снабдувањето со природен гас во Северна Македонија, а тоа ќе ја зголеми конкурентноста на нашата држава, а истовремено нашите граѓани и нашата индустрија ќе имаат можност да се снабдуваат со поевтин гас“, потенцира Бектеши.
Директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи, кажа дека овој проект е во должина од 1.850 километри поминува низ целата територија на Турција, се поврзува со ТАП на границата со Грција.
Претседателите на Турција и Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган и Илхам Алијев во своите обраќања на свеченоста посочија дека преку овој проект, еден од највредните енергетски проекти во светот, се градат нови мостови на пријателство и можности за соработка помеѓу двете земји, но и со другите земји во регионот на Југоисточна Европа. Тие додадоа дека за реализација на проектот била потребна напорна заедничка работа, но и многу трпеливост и посветеност, како и дека со проектот ќе се обезбеди дустрибуција на азербејџански гас до европскиот континент.
На маргините на Церемонијата министерот Бектеши се сретна со турскиот министер за енергетика Фатих Донмез.
Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа. Проектот ТАНАП, заедно со јужно-кавкаскиот гасовод и транс-јадранскиот гасовод од елементите во јужниот гасоводен коридор.
ТАНАП минува од турската граница со Груција, почнувајќи во турското село Туркгозу во областа Пософ во Ардахан, низ 20 провинции вклучително и Карс, Ерзурум, Ерзинџан, Бајбурт, Гумушане, Гиресун, Сивас, Јозгат, Киршехир, Кирикале, Анкара, Ескишехир, Билеџик, Кутахја, Бурса, Баликесир, Џанакале, Текирдаг и Едрене, до грчката граница во областа Ипсала, Едрене. Од оваа точка, ТАНАП се поврзува со ТАП гасоводот за пренос на природен гас до европските нации. Во Турција се лоцирани две појдовни станици за пренос на природен гас, една во Ескишехир и друга во Тракија. Со 17,6 км под Мраморно Море, главниот гасовод во Турција опфаќа вкупно 1850 км, заедно со појдовните станици и надземните инсталации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Мицкоски: Нова инвестиција од 30 милиони евра и 300 нови вработувања

Gentherm со нов инвестициски циклус го потврдува она што сите го чувствуваме, дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, истакна
премиерот Христијан Мицкоски.
Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања и станува збор за високо интегрирани системи за автомобилската индустрија – со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот и ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар, најави Мицкоски.
Со тоа, како што рече, стануваме регионален хаб на Gentherm за Европа.
Ова, додаде Мицкоски не е само уште една инвестиција туку двигател на нашата економија.
„Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење, умеење и труд. Во време кога владите трошеа енергија на корупција, на непотизам и на лажни ветувања, ние градиме реално, отвораме фабрики, носиме инвеститори, креираме иднина.
Се бориме за секој инвеститор домашен и странски. За секоја нова хала, секое ново работно место, секој денар инвестиран овде“, додаде тој.
Оцени дека економијата не се води со пароли, туку со проекти, со партнерства и со сигурни инвестиции.
„Gentherm е уште еден доказ дека доаѓа времето на Македонија“.
Економија
Стојаноски: За првпат после долго време, носиме ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани во земјава.
,,Ова е порака, порака за нова економска парадигма, порака за домаќинско водење на државните финансии, порака дека не чекаме кризите да не затекнат, туку со рационален пристап и силна политичка волја ги пренасочуваме средствата таму каде што најмногу треба кај граѓаните. Затоа што буџетот, тоа не се само бројки. Тоа е политика во својата најконкретна форма За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи“, рече Стојаноски.
Истакна дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за плати 800 милиони денари, пензии 2,5 милијарди денари и капитални проекти 300 милиони денари, со што се засилува економскиот развој.
,,Оваа рамка е показател дека Буџетот не е притиснат и потрошен, туку управуван мудро и рационално. Приходите растат, трошењето е контролирано, а приоритетите се кристално јасни“, кажа Стојаноски.
Тој посочи дека ова ќе овозможи повеќе луѓе со попреченост да живеат во заедницата, а не во институции, а ќе има повеќе лични асистенти, повеќе дневни центри, повеќе услуги достапни во секоја општина. Тој напомена и дека најважно од се е тоа што значи дека младите не се заборавени, туку активно вклучени во секоја социјална политика.
Тој додаде дека овој ребаланс значи вложување во луѓето и иднината, во подобри услови за факултети, студентски домови и училишта, во достапен транспорт и здравство за сите, без разлика каде живеат, во поддршка за културата, енергетска независност и младите. Според него, ова не е трошок туку инвестиција во достоинствен живот.
Економија
Битиќи: Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4 проценти, над законскиот лимит

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница за ребаланс.
Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.
„Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ – рече Битиќи.
Според него, наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика, розово на хартија, а црвено во реалноста. Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели.
„Новото задолжување од 500 милиони евра и скриените долгови од над 700 милиони евра создаваат дополнителен фискален товар што ја загрозува економската стабилност и ќе мора да се решава во иднина.
Разочарувачки е и нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции – само 23%, далеку од ветениот рекорден инвестициски циклус“.
Како што рече, Буџетот се користи како предизборно оружје: зголемувањето на пензиите и платите во јавниот сектор, растот на трошоците за договорни услуги и тројното зголемување на буџетските резерви укажуваат на непотизам, партиски вработувања и нетранспарентна потрошувачка.
Во услови кога јавните финансии се загрозени, ова не е одговорно управување со државните пари, туку краткорочна партиска кампања со ризик за економската иднина на граѓаните.