Економија
(Видео) Георгиевска: Со речиси две милијарди денари ќе има поддршка за плати за 60.000 вработени

Преку финансиската поддршка за исплата на плати изминатиов период во државата се спасени стотици илјади работни места и се помогнаа илјадници домашни претпријатија, истакнуваат од СДСМ.
Од таму потенцираат дека со петтиот пакет економски мерки, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за работниците и за економијата.
„Спас на работните места и градење стабилна, развојна економија се приоритетите од кои се водиме како државничка и одговорна партија. Токму затоа првата мерка од петтиот пакет е финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година во вредност од 1 милијарда и 920 милиони денари“, потенцираат од СДСМ.
Објаснуваат дека поддршката и овој пат ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата за вработен во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година во споредба со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година.
Со оваа мерка, според информациите од владејачката партија, ќе бидат опфатени 60.000 вработени.
Од таму нудат уште една алтернатива. На компаниите ќе им биде на располагање и мерката број два, односно кредити со 0 % камати преку Развојната банка на Северна Македонија за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи, како и за самостојните вршители на дејност.
„Во зависност од вкупниот обем на работа и зголемената добивка, компаниите ќе имаат можност да добијат скалесто неповратен дел од 30 до 50 % од самиот кредит, а за реализација на оваа мерка предвидени се 615 милиони денари, односно 10 милиони евра“, истакнуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Насмевнете се, претстои цела недела за уживање во „Скопје сити мол“!

„Изгледаш прекрасно денес!“, „Насмевни се, денов ќе биде супер“, „Ти можеш сѐ што ќе посакаш“ се само дел од пораките кои деновиве се појавија на билборди низ Скопје. Пораките поставени со цел да ги насмевнат и орасположат пред сѐ минувачките, се најава за големата недела на жените која од 1 до 8 март ќе се одржува во Скопје Сити Мол.
„Оваа година за празникот на жената комуникацијата ја насочуваме кон охрабрување на жените, кон покажување на нашата благодарност за тоа што се, за нивната голема вредност за нас како бренд.“ изјавија од Скопје Сити Мол.
Токму затоа во периодот од 1 до 8 март подготвивме вистинско празнично шопинг уживање!
Во периодот пред и за 8 ми март како и секоја година продавниците подготвија бројни специјални понуди, од Скопје Сити Мол подароци и изненадувања за дамите кои ќе го посетат молот како и супер забавно фоткање со Инстаграм рамки, но тоа не е се, има и саем на книга за сите љубителки на пишаниот збор.
Силните жени секогаш се тука да им помогнат на оние на кои им е потребна поддршка, па затоа во склоп на неделата на жените склучивме соработка со Интервентен женски фонд преку кои сите посетителки на неделата на жената ќе можат да направат својат донација и да им помогнат на жените жртви на насилство.
Одберете го вашиот начин како најдобро да ги прославите жените оваа недела. Доколку вашата замисла вклучува шопинг, ве очекуваме на вистинско празнично уживање во Скопје Сити Мол!
При посета на омилениот Скопје Сити Мол, потребно е да носите заштитна маска, одржувате безбедно растојание и да ги почитувате правилата и знаците поставени кај нас. Заштити се себе и тие околу тебе.
Скопје сити Мол – Сѐ што сакам!
ПР-текст
Економија
Битиќи: Законот за финансиската поддршка олеснување за компаниите

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, , Дејан Павлески и Јован Деспотовски, и други членови, расправаа за измени во дел од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
„Со овој закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделувања финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти што ќе инвестираат во Република Северна Македонијa и претставува шема на помош во согласност со прописите за контрола на државната помош“, стои во соопштението од кабинетот на Битиќи.
Од таму информираат дека со измените во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како мерка од петтиот пакет, ќе им се олеснат условите на 245 компании што имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година според Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
„Планираните измени и дополни се прават за да се излезе во пресрет на стопанството и на граѓаните, со што Владата уште еднаш го покажува својот отворен и партнерски пристап во креирањето на новата развојна економија на Северна Македонија за побрз и одржлив економски раст“, велат надлежните.
Економија
За да спречи перење пари, Кипар ќе ја испитува сопственоста врз компаниите

Кипар планира да воспостави регистар на сопственици на илјадници компании во наредните месеци, со што ќе ги расветли нетранспарентните зделки на компаниите, што го доведоа до лош глас, пишуваат светските агенции.
Деталите за илјадниците компании регистрирани на медитеранскиот остров ќе почнат да се собираат од 16 март за да бидат внесени во новиот регистар.
Според најновите информации, воспоставувањето на регистарот го налагаат регулативите на ЕУ против перење пари, а неговите поборници велат дека тоа може да претставува пресвртна точка за Кипар, особено за оние што сакаа да го скријат своето богатство зад компаниите привлечени од ниските даночни стапки.
„Ние ќе им дадеме на компаниите шест месеци да ги соберат сите детали за да влезат во новиот систем“, рече Антонија Фаита-Ставриде, висок функционер во Министерството за енергетика, трговија и индустрија, координатор на проектот.
Кипар долго време се обидуваше да се ослободи од имиџот на земја чија влада добива пари од инвеститори без никакви прашања.
Доходовната шема за добивање пасош во замена за инвестиции беше ненадејно укината минатата година по извештаите за можна корупција, потсетува „Ројтерс“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер