Контакт

Економија

Вкупен фонд од 2,5 милиони евра за македонски проекти за учење преку работа и дуален модел на образование

Објавено пред

На денешната национална конференција во Македонија, Фондот за регионални предизвици го претстави првиот повик за поддршка на инвестиции во учење преку работа и дуален модел на образование, во износи од 150.000 до 600.000 евра. Фондот има за цел зајакнување на квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образованишто се спроведуваат преку партнерства помеѓу центри за стручна обука и компании.

Регионалниот фонд за предизвици (РФП) е овластен од страна на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и делегиран на Развојната банка KfW, а се извршува преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, (ЗБ6-КИФ). Поддршката што Фондот ја дава на Западен Балкан е начин да се помогне во закрепнувањето, растот и подобрување на конкурентноста на економиите од Западен Балкан.

„Целта на РФП е преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образование да го зајакнеме квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку промовирање на партнерства помеѓу институтите за стручна обука и компаниите. Првиот повик за аплицирање е веќе активен и ги поканувам сите заинтересирани да се пријават. Информациите за процесот за аплицирање и критериумите за селекција се достапни на веб-страницата на Фондот но дополнително ќе организираме и инфосесии со заинтересираните училишта и компании со цел да ги водиме низ процесот на апликација“ – рече Фридер Верман, раководител на тимот на Единицата за управување со фондови во Регионален фонд за предизвици.

На настанот свое обраќање имаа и министерката за образование и наука, Мила Царовска, амбасадорот на Германија во Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн, Рене Ешеман, директор на канцеларија на KfW за Косово и Северна Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршен директор на Стопанска комора на Македонија, Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германската индустрија во Северна Македонија, Албанија и Косово и Курт Витрих, раководител на тим во Образование за вработување, Хелветас, Северна Македонија, а присуствуваа претставници на јавните институции надлежни за стручно образование и обука, меѓународни организации и иницијативи, стопански комори, даватели на стручна обука, компании и здруженија.

„Истражувањата на МОН и Стопанската комора на Македонија покажуваат дека дури 85% од компаниите се заинтересирани да ги отворат вратите за пракса на учениците од стручните училишта. Фондот за регионални предизвици преку финансиската поддршка ќе воспостави нова динамика и нов поинтензивен начин на соработка меѓу компаниите и стручните училишта. Самото опремување на училиштата ќе значи продлабочување на можностите за создавање квалитетен и вработлив стручен кадар, затоа сметам дека е многу значајно училиштата и компаниите да аплицираат за финансиска поддршка од Фондот“ – истакна Мила Царовска, министерка за образование и наука.

Регионалниот фонд за предизвици е уникатен инструмент за финансирање, дизајниран да ја зголеми вработливоста на завршените ученици со СОО, а вооедно да ја засили продуктивноста и конкурентноста на компаниите. РФП има цел да го зајакне квалитетот и релевантноста на стручното образование и обука за пазарот на трудот преку финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за одбрани проекти за учење преку работа или дуален модел на образование што се спроведуваат преку блиски партнерства меѓу установите за стручно образование и обука икомпаниите.

„Многу ја цениме тековната иницијатива на министерката Царовска за унапредување на дијалогот помеѓу институциите за СОО и компаниите, со неколку настани поддржани од швајцарската амбасада. Како придонес кон овие напори, Германија ја воспоставува оваа нова иницијатива, Регионален фонд за предизвици, која има за цел да ги поддржи училиштата и компаните во областа на стручното образование и обука за да го подобрат стручното образование и да ја подобрат практичната обука со цел да се прилагодат на бараните вештини на трудот пазар и да им се даде на младите ветувачка шанса за подобра иднина“ – рече Н.Е. Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Северна Македонија.

Стопанските комори ќе имаат значајна улога во поттикнувањето на компаниите да формираат конзорциуми со средни училишта, високи стручни училишта и факултети за да аплицираат за средствата на Фондот и заеднички да формираат центри за обука, да опремат лаборатории и работилници, што ќе им овозможи на учениците да се запознаат за време на обуката со машини, опрема, алатки и технологии со кои се работи во реална работна средина и со кои ќе работат подоцна кога ќе се вработат.

„Стопанската комора на Македонија веќе го има нотирано недостигот на кадар со практично искуство и знаење, поради што сметаме дека РФП со предвидените 2,5 милиони евра финансиска поддршка за проекти за учење преку работа и дуален модел на образование во нашата земја, ќе биде значаен инструмент кој ќе придонесе за обезбедување  стручен кадровски потенцијал со релевантни вештини и спремни за работа во напредни технолошки процеси. Фокусот на практичната обука ќе придонесе за зголемување на можностите за вработување и намалување на стапката на невработеност“ – рече на конференцијата Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршна директорка на Стопанска комора на Македонија.

Фондот претставува можност за финансирање проекти со кои ќе се подигне квалитетот на стручното образование и да го усогласи со потребите на пазарите на труд во регионот, а компаниите и давателите на стручна едукација и обука соодветно ќе се подготват за времето што следува по пандемијата.

Повикот за изразување интерес е објавен на https://rcf-wb6.org/и ќе биде отворен до 30 април 2021 година. Апликациите се отворени за конзорциуми од шесте економии од Западен Балкан, составени од еден институт за стручна обука и најмалку две компании

Фондот за регионални предизвици е нова програма која се стреми да ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан 6. РЦФ е поддржан од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку КФВ Германската банка за развој и е спроведен од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот.

(ПР текст)

Најново

Забава1 час

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет1 час

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет2 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија2 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион3 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет3 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...

Свет3 часа

Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот...

Забава4 часа

Пет хороскопски знаци што не се плашат од ризик во кариерата

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе...

Култура4 часа

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска-Ивановска, насловен „Ideale“, на „Бит Фест“

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ...