Економија
Вторпат изгласан планот за реорганизација на „Фени“, ГСОЛ од закупец станува сопственик
Планот за реорганизација на ГСОЛ и подружницата „Еуроникел“ е вторпат прифатен како позитивен за „Фени“. Собранието на доверители и денес, исто како и во мај, го прифати планот со мнозинство гласови, односно за планот гласа 95 отсто од доверителите.
Со повторното одобрување на планот, „Фени“ е само еден чекор од конечното повлекување од стечај. По позитивното гласање од Собранието на доверители, судот исто така се очекува да го потврди планот со одлука.
„Помина една година откако ‘Фени’ отиде во стечај, а во изминатите 10 месеци откако ГСОЛ/ Еуроникел потпиша договор за обработка на никел, не само што обезбедивме континуирано функционирање на фабриката туку и во пракса покажавме дека го поседуваме потребното знаење, средства и ресурси што се неопходни за фабрика како ‘Фени’ да преживее, но уште поважно да продолжи да ја развива и да ја креира својата иднина”, изјави Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.
Со реализацијата на планот за реорганизација ќе почне проширување на производството, почнувајќи од отворањето на втората печка и неопходната надградба на производството.
„Нашиот план ќе се фокусира на зголемување на производството, отворање нови пазари, обезбедување сигурност за вработените и враќање на ‘Фени’ на европската и светската карта како еден од најголемите процесори на фероникел”, додаде Герасим Кујунџиев, директор на „Еуроникел“.
Одлуката на доверителите и овој пат вработените во „Фени“, кои протестираа пред судот, ја примија со големо одобрување. Претседателот на Синдикатот на „ Фени“, Миле Ѓорѓиев, изрази надеж дека ова е последно собирање на вработените пред судот и на сите им посака успешна работа.
Дел од вработените ги прашаа претставниците на „Кунико рисорсис“ кога ќе ги вратат украдените пари, на што не добија одговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места
Германската автомобилска индустрија ќе изгуби 225.000 работни места до 2035 година, околу 35.000 повеќе од претходно предвиденото, предупреди денес шефот на Германското здружение на автомобилска индустрија (VDA). VDA претходно предвиде дека 190.000 работни места ќе бидат изгубени во автомобилскиот сектор помеѓу 2019 и 2035 година.
„Врз основа на сегашните пресметки, сега за жал мора да претпоставиме дека 225.000 работни места ќе бидат изгубени до 2035 година“, изјави претседателката на VDA, Хилдегард Милер, за медиумската група RND. Таа, исто така, истакна дека помеѓу 2019 и 2025 година, веќе се изгубени приближно 100.000 работни места.
Се очекува добавувачите да бидат особено силно погодени, бидејќи преминот од возила со мотори со внатрешно согорување кон електрична мобилност води до значителни загуби на работни места во секторот на добавувачи, рече Милер.
Претседателката на здружението, исто така, ја обвини, она што таа го нарече „сериозната и тековната криза на конкурентноста“ во Германија и Европа за влошените перспективи.
„Состојбите значително се влошуваат“, предупреди Милер, наведувајќи ги високите даноци и царини, скапата енергија, високите трошоци за работна сила и прекумерната бирократија меѓу тешкотиите со кои се соочува автомобилската индустрија.
фото/Depositphotos
Економија
Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација.
На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во Југоисточна Европа. Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, говореше за трансформацијата на компанијата од регионален производител во глобално конкурентна фармацевтска компанија.

„Пресвртот се случуваше постепено како резултат на долгорочната и внимателно поставена стратегија. Визијата за глобализација започна со изградбата на новите производствени капацитети во раните 2000-ти години, додека, пак, клучниот исчекор кон европските пазари се случи во 2007 година, кога беше потврдена нашата усогласеност со стандардите ЕУ-GMP и кога го добивме првото одобрение за ставање лек во промет во Европската Унија. Денес ’Алкалоид’ има 1008 маркетиншки авторизации за лекови на пазарите во ЕУ.“
Мукаетов посочи дека фармацевтскиот сегмент денес учествува со 91 процент во вкупните продажби на компанијата, удел во кој предничи полусинтетскиот цефалоспорин – цефиксим, за кој „Алкалоид“ е водечки производител во Европа и Евроазија според волуменот на производство.

Посебен акцент на панелот беше ставен врз важноста на човечките ресурси и врз проблемот на земјава и регионот со одлив на таленти, што директно влијае врз економскиот и иновативниот потенцијал. Меѓу компаниите во регионот сѐ почесто се наметнува оцената дека образовниот систем не одговара на потребите на современиот пазар на трудот и дека е евидентен недостигот од практично подготвен и глобално конкурентен кадар.
„’Алкалоид’ инвестира во сопствена академија, практикантски програми, дуално образование и во стипендии за студенти по медицина и фармација, со цел да придонесе за создавање и задржување квалитетен кадар во земјава. Како столбови на националните економии, големите компании треба да најдат начини за да ги задржат талентите тука. Нашата стратегија за луѓето е и наша бизнис-стратегија“, порача генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, на Самитот „Македонија 2025“, нагласувајќи дека долгорочниот успех и позитивниот имиџ на компанијата се темелат врз организациска култура во која луѓето, довербата и развојот на таленти се врвен приоритет.

На панел-сесијата „Од потенцијал до перформанси: може ли регионот да скалира?“, модерирана од Методија Папазоски, член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ и претставник на „EMBS Group“, учествуваа и Александар Сератлиќ, претседател на Надзорниот одбор на „Mercata VT Owner“ и член на надзорните одбори на „Vivex Group“, „Краш“ и „MPC Properties“; Ана Драшковиќ, потпретседател и регионален генерален менаџер за Југоисточна Европа во „VISA“, и Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара“ Скопје.
ПР
Економија
Влада: Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти
Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти, соопштија од Владата.
На денешната седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живот, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој.
Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти, со вкупна вредност од 74.839.946 денари.
„Со овие програми, Владата ја потврдува својата определба за еднаков развој на сите региони, поддршка на локалните заедници и создавање подобри услови за економски раст и поквалитетен живот за граѓаните во секој дел од државата“, пишува во соопштението.
