Контакт

Економија

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Објавено пред

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и работа на Еуростандард банка АД Скопје, ги известува сите физички лица – депоненти на банката – дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити што ги имаат во банката ќе почне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

dobivaj vesti na viber

Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра од депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август 2020 година. Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот, кои се предмет на обесштетување, се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката. Фондот ќе ги извести депонентите – физички лица за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето и за називот на банките преку кои ќе се врши исплатата на депозитите.

За дополнителни информации, граѓаните што ги користеле услугите на Еуростандард банка АД Скопје може да се обратат секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот на е-адресата: [email protected] или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/3235-735.

Економија

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

Објавено пред

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска објави дека до 20 земји, од кои многу се во Африка, би можеле да побараат итна помош за справување со глобалната криза со храна.

dobivaj vesti na viber

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, говорејќи на конференција во Саудиска Арабија, рече дека 141 милион луѓе ширум арапскиот свет може да бидат изложени на недостиг на храна, пренесува „Ројтерс“.

ММФ во петокот одобри нова рамка за задолжување со храна, потпирајќи се на постојните инструменти за финансирање во итни случаи за да им помогне на ранливите земји да се справат со недостигот на храна и високите трошоци кои произлегуваат од војната во Украина.

Георгиева рече дека 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна, од кои 10 до 20 најверојатно ќе имаат потреба од итна помош во храна, а повеќето од нив се во субсахарска Африка.

„Ројтерс“ пренесува дека ММФ ќе го даде својот глас во борбата против ограничувањата во трговијата со храна за да ја олесни ситуацијата и планира да го финансира недостигот на храна.

Британската агенција забележува дека земјите од регионот на Блискиот Исток зачекориле напред за да ги поддржат државите кои се борат со висока инфлација и недостиг на храна, влошени од зголемениот ризик од глобална рецесија.

Георгиева изјави дека арапските држави од Персискиот Залив планираат наскоро да се обврзат да обезбедат првични 10 милијарди долари за ублажување на глобалната криза со снабдување со храна.

Прикажи повеќе...

Економија

ССК: Правото на сопственост е неприкосновено, да се најде фер решение за топланите во Скопје

Објавено пред

Сојузот на стопански комори ги повикува институциите на државата транспарентно да остварат дијалог со сопственикот на топланите Исток и Запад, компанијата „Адора инженеринг“ и безусловно да го решат прашањето во врска со топланите за навремено да се обезбеди топлинска енергија за градот Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Само на овој начин државата ќе покаже дека имаме институции и владее правото во оваа држава, бидејќи и компанијата, а и граѓаните трпат огромни штети“, велат оттаму.

„Ги повикуваме, Регулаторната комисија за енергетика, ЕСМ АД Скопје и Владата како координатор на целиот процес во оваа кризна состојба да се најде праведно и фер решение за користење на топланите преку договор за закуп, кој нема да биде на штета на компанијата или со откуп на топланите од страна на ЕСМ АД. Јавно ја поддржуваме нашата членка ‘Адора инженеринг’, за која, како што може да се разбере од целата комуникација само сака да си ги наплати финансиските долгови, кои законски и следуваат. Во обид да најде решение прифатливо за сите засегнати страни истакнуваме и дека од компанијата „Адора инженеринг“ се доставени околу 100 дописи до надлежните институции, од нив 29 се до стечајниот управник, 25 до Регулаторната комисија за енергетика, 10 до ЕСМ АД, 4 до Владата. На сите овие дописи институциите останаа неми на потребата за решавање на проблемот и важноста на истиот и кон приватната домашна компанија, ‘Адора инженеринг’ и пред сè јавниот интерес и општото добро за граѓаните“, се вели во соопштението на ССК.

Оттаму истакнуваат дека „Сојузот на стопански комори на Македонија јавно ги повикува надлежните институции да го почитуваат принципот на владеењето на правото, како и со Устав загарантираното правото на располагање со приватна сопственоста и во најкус можен рок да овозможат остварување на владение од страна на „Адора инженеринг“ на топланите во Скопје, кои се купени во транспарентна постапка на јавно наддавање“.

„Имено, иако компанијата се стекна со сопственост врз топланите Исток и Запад во градот Скопје во септември 2021 година, сè уште нема владение врз имотот за кој што плати 9,26 милиони евра со сите давачки. На наддавањето Адора Инженеринг даде највисока понуда и ги купи топланите Исток и Запад за што навремено ја исплати целосната сума. И покрај тоа, пoради административни, институционални и други системски недоследности, како инвеститор, ‘Адора инженеринг’ не може и до ден денес, веќе 13 месеци од продажбата да го оствари правото на сопственост врз објектите на топланите и покрај тоа што ги употребија сите правни механизми за тоа.’ Адора инженеринг’ е принудена да финансира и дел од работењето на топланите со свои основни средства, а во исто време за тоа не може да добие ниту владение, ниту надомест. ‘Адора инженеринг’ трпи огромни финансиски и штета врз угледот на компанијата поради неможноста да го запише имотот што го купила под хипотека во корист на банката од која е обезбеден кредитот“, велат од Комората.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: Иднината на образованието и пазарот на труд се вештини потребни за четвртата индустријализација

Објавено пред

Според статистиката на Агенција за вработување, имаме над 90 % од невработените лица, кои според сегашните побарувања на пазарот на трудот се невработливи или според дефиницијата на Меѓународната организација на трудот, влегуваат во категоријата „функционално неписмени“, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

dobivaj vesti na viber

„Ова значи дека ова е кадар кој жедниот пазар за труд не може да го впие затоа што е несоодветен и ова е веќе децениски проблем. Тука она што е завршено и во иднина ќе се развива со овој проект е исклучително важно. За ова треба да зборуваме“, додава тој.

Средните стручни училишта, според Битиќи, се можеби столбот на развојот на образованието, нивниот развој, заедно со центрите за стручно образование, кои веќе се оперативни во Тетово, Куманово и во Охрид и дополнителните два што ќе се отворат, а ќе нудат доквалификација и преквалификација на кадар, може значително да ја променат оваа слика.

„Концептот на доживотно учење, промена, флексибилност и адаптирање на кадарот кој што сака да остане активен на пазарот на труд е реалност што секој мора да ја прифати. Знам дека ова е процес кој оди бавно и тешко имајќи го предвид системот од кој излеговме, кој не го поттикнуваше овој динамичен пазар на труд, туку, напротив. Но, поминаа 3 децении, време е да го фатиме чекорот. Затоа денеска посакувам добра конференција, но и повеќе од тоа, очекувам жива дискусија на оваа важна тема.

Погледот напред е дека треба да се свртиме кон вработливоста, односно да го мериме кадарот со квалификации што му се потребни на современиот пазар на труд, а тоа веќе не подразбира тешка индустрија, туку кадар подготвен за четвртата индустријализација, односно роботика, мегатроника и вештачка интелигенција.

Една од најдобрите вести што ги прочитав во последниот период е насловот за средното стручно „Михајло Пупин“ и нивната ученичка компанија, дополнително, училиштето е енергетски ефикасно бидејќи има инсталирана фотоволтаична централа, а учениците се активно вклучени во практична настава во компании. Вака изгледа иднината. Секоја чест за професорите, менторите и, секако, за учениците, кои верувам дека пред себе имаат успех“, порача Битиќи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет12 минути

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет18 минути

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион13 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа15 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет15 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија18 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија18 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија19 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија19 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија19 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет20 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет20 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија22 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија22 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет23 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет24 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет24 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...