Контакт

Економија

Димитриеска-Кочоска до Бесими: Нема ниту еден министер во светот што се фали дека половично реализирал проекти

Објавено пред

Нема ниту еден минстер во светот што се фали дека половично реализирал проекти, но и тоа очигледно мора да го правиш кога премиер ти е Зоран Заев, а и ти самиот не знаеш што да правиш, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Денеска, Фатмир Бесими рече дека е успех што реализира 61 % од заедничките заклучоци со ЕУ. Тоа е како маратонец да се фали дека е успех што го истрчал маратонот до половина, а требало да го трча цел. Воедно, министерот нека биде доблестен и нека ги објави сите заклучоци, па да видиме кој заклучок е реализиран, а кој не е и како дојдоа до бројката 61.

Бесими и Заев придонесоа за раст на јавниот долг од 2,4 милијарди евра. Само со ребалансот на буџетот ќе го зголемат долгот за нови 200 милиони евра, оставија луѓе на улица, затворија фирми. Бесими и Заев ја уништија економијата и сега се фалат дека нешто до половина сработиле“, порача таа.

Економија

Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија ја доделија последната група договори за општински проекти

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на свечен настан кој се одржа во Клубот на органите на државната управа, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродрома во Скопје и Охрид. На настанот присуствуваше и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, и директорот на акционеското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.

Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на настанот, рече дека во третата и последна група на договори се содржани 35 инфраструктурни проекти во 32 општини, како и проект за подобрување на условите на терминалите на двата аеродроми со кои оперира ТАВ, во вкупна вредност од 22,3 милиони евра. Тој потсети дека преку трипартитната соработка помеѓу Владата, ТАВ и општините, во рамките на оваа програма, ќе се рализираат вкупно 94 инфраструктурни проекти, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, кои во наредниот период ќе се реализираат во целата земја.

„Како никогаш досега, во исто време, во целата земја, во сите плански региони, во речиси сите општини, ќе започнат да се реализираат 94 проекти кои се директно насочени кон потребите на граѓаните. Тоа се реални проекти, за секојдневни, реални потреби за граѓаните. Во целата земја ќе се спроведуваат инфраструктурни проекти, за нашите населени места да  бидат подобро поврзани, за секој еден да има квалитетно и континуирано водоснабдување, ќе го зголемиме квалитетот на комуналните услуги и ќе обезбедиме повисоко ниво на заштита на животната средина, ќе се работи и на училишни згради, болници, домови на култура, младински центри, домови за стари лица, спортски сали и игралишта, партерно уредување на градските и општинските средини, уредување на речни корита, со една реченица: граѓаните ќе добијат поквалитетен живот во местата во кои живеат“, нагласи Битиќи.

Осврнувајќи се на третата група на договори, кои беа доделени на настанот, вицепремиерот посочи дека дека најбројни се проектите од комуналната инфраструктура, вкупно 14, по што следуваат 10 проекти за улици и патишта, 7 проекти се однесуваат за водоснабдување, два проекта за реновирање на домови и еден основен проект за изградба на мост.

„Граѓаните имаат потреба од квалитетна комунална инфраструктура, тоа е предизвик кој го прифативме и кој како Влада, со сериозен пристап и ангажираност, се нафативме да го надминеме. Во таа насока во оваа трета група ќе се реализира основен проект за линиска инфраструктурна градба за изградба на канализациски линии во Вевчани. Ќе започне изградба на примарна и секундарна канализација во селото Орман во Ѓорче Петров, ќе се гради фекална канализација во село Лешани со пречистителна станица во с. Грко Поле во општина Дебрца, нова фекална канализациона мрежа ќе добијат граѓаните во населбата Јака во Илинден, а ќе се гради колектор за селата Жилче и Шемшово во Јегуновце. Ќе се реализира и проект за фекална канализација за дел од селото Конче во истоимената општина, нова канализациска мрежа со пречистителна станица ќе добијат жителите на село Обршани во Кривогаштани, во село Пеширово во општина Свети Николе ќе се гради фекална канализација, како и во село Уларци во општината Чешиново Облешево, додека во општините Брвеница, Врапчиште, Студеничани, Центар Жупа и Чучер Сандево ќе се работи на комуналната инфраструктура“, ги претстави проектите од комуналната инфраструктура вицепремиерот.

Тој презентираше дека во однос на проектите кои се однесуваат на изградба и рехабилитација на локални патишта и улици, граѓаните на с. Кочилари во општина Градско ќе добијат нова улица и ќе се реконструира локалниот пат во с. Отишан во близина на Дебар. Нова улица ќе има и во село Сопотница во општина Демир Хисар, а во општина Долнени ќе се работи на градба на локалниот пат Костинци-Долгаец-Маргари. Во општина Кавадарци ќе се реконструира локалниот пат до село Дреново, а реконструкција ќе се прави и на локалниот пат во село Конопница, во Крива Паланка. Во општина Пласница ќе се реализираат три патни инфраструктурни проекти: реконструкција на улица и краци во Лисичани, изградба и реконструкција на улицата Јурија и нејзините краци и изградба и реконструкција на 9 други улици во општината. И во Радовиш ќе се работи на патната инфраструктура, конкретно на локалниот пат Радовиш – пристап до градскиот водовод.

Битиќи се осврна и за останатите проекти кои се однесуваат на водоснабдување, реконструкција на домови, основен проект за нов мост во Битола и за проектите за подобрување на условите на аеродромите во Скопје и Охрид.

„Во оваа група има и седум проекти за водоснабдување, и тоа во Василево, каде што ќе се гради систем за водоснабдување за селата Дукатино и Трибичино, во Кочани ќе се врши изградба на дел од потисен цевковод до пумпна станица Грдовски орман.Во општина Лозово ќе се работи на примарната водоводна мрежа во селото Каратманово, во општина Маврово-Ростуше за водоснабдување на селото Скудриње, а во Македонски Брод за водоснабдување на викенд-населбата Здуње. Основен проект за водоснабдување на манастирскиот комплекс Трескавец во Прилеп и водоснабдување на селото Дренак во општина Пробиштип се уште два проекта од овој вид. Имаме и проекти со кои ќе се влијае на подобрување на социјалното поврзување и грижата за постарите генераци. Во општина Гевгелија ќе се работи на реконструкција на домот во селото Прдејци, а во општина Ранковце со проектот е предвидена реадаптација на два објекти во клубови за пензионери. Во општина Битола започнуваме со основен проект за изградба на мост на реката Драгор, а секако треба да споменеме дека и ТАВ Македонија ќе реализира проекти со кои ќе ги подобри условите на терминалите на аеродромите во Скопје и Охрид“, соопшти вицепремиерот.

Завршувајќи го своето излагање, Битиќи потенцираше дека ваков обем на проекти, кои се за вистински потреби на граѓаните и кои се изведуваат во ист момент, досега не се случиле.

Прикажи повеќе...

Економија

Промовиран Мечинг фонд од 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг фонд на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра во вид на поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање  услови за нови вработувања, за поддршка за формализација на сивата економија, како и за поттикнување на претприемништвото кај ромската заедница.

Денеска беше потпишан и Меморандум за соработка во рамките на проектот „Ковид – Итни интервенции во Општина Шуто Оризари“, кој е финансиски подржан од Канцеларијата за ромски иницијативи во рамките на Фондациjaта отворено општество – Берлин.

На промоцијата на фондот и на потпишувањето на меморандумот, на која учествуваа и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество Алекс Сорос, Заев истакна дека со овие проекти Владата ја потврдува својата заложба за поттикнување на потенцијалот за претприемништвото на ромската заедница и социјално-здравствените политики за поддршка на ранливите заедници.

„Со Мечинг фондот, првично вреден 153,5 милиони денари, создаваме услови за едноставно достапни и поволни наменски средства за да го поттикнат развојот на претприемништвото во ромската заедница и за полесен премин во регистрирана дејност, егзистирање, но и унапредување и проширување на бизнисот. Нашите очекувања се дека некаде околу 50 – 100 невработени лица и регистрирани субјекти годишно, управувани од Роми преку овие мерки ќе имаат пристапни и поволни услови до финансиски средства за формализација, реализирање на бизнис-идеи, самовработување и унапредување на бизнисот“, истакна Заев.

Со вториот Меморандум за соработка во рамките на проектот „Ковид – Итни интервенции во општина Шуто Оризари“  обезбедена е набавката на амбулантно возило за итна помош за користење од страна на Поликлиниката во Шуто Оризари.

Другиот дел од средствата ќе се наменат за обезбедување работен ангажман во период од 24 месеци на две лица Роми коишто ќе бидат ангажирани во рамките на здравствен дом Скопје за потребите на Поликлиниката во Шуто Оризари и за функционирање на амбулантното возило за итна помош.

Прикажи повеќе...

Економија

Нова инвестиција во ТИРЗ – постигнат договор со турската компанија „Текнопанел“

Објавено пред

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и менаџментот на компанијата.

Според инвестицискиот план и финансиски проекции,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните 10 години.

„Само како обврска за придонеси за плати, буџетот на државата ќе оствари над 5 милиони евра приходи, а обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра. Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10-годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата“, велат од ТИРЗ.

Од таму наведуваат дека компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со четири фабрики во Турција. Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за оваа компанија надвор од матичниот пазар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија3 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија6 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија6 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ7 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ8 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет9 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ9 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет10 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет11 час

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија11 час

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет22 часа

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет23 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Досие