Економија
ЕСМ вработува над 500 лица оти им недостигале работници, Ковачевски тврди дека не се работи за предизборни вработувања

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) распиша огласи за вработување на над 500 лица.
Во огласот се наведува дека имаат потреба од хаузмајстори и возачи, до инженери и електричари, а платите се движат од 30.000 до 60.000 денари.
ЕСМ објаснува дека за три години бројот на вработени се намалил за 1.190, од кои над 76 отсто биле со работни места во производствениот процес, а над 23 отсто административни работни места. Најголем процент од оние што заминале бил по основ одење во пензија, но и поради други причини, вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор.
„АД ЕСМ има најголема потреба од вработени во производствениот процес и друг помошен персонал, токму затоа над 87 % од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12 % се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес“, велат од ЕСМ.
Премиерот Димитар Ковачевски, денес, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека не гледа ништо спорно во огласот и дека не станува збор за предизборни вработувања, иако е распишан еден месец пред формирањето на техничката влада.
„Јас не би кажал дека се предизборни вработувања. Денес е декември, а на 8 мај се изборите. За тоа која компанија како работи, се прашува менаџментот на компанијата. Прашањата ќе мора да ги упатите до менаџментот“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.