Економија
Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, но разликата е во политичката волја да се спречи тоа
Повеќе од 100 претставници на државни институции, граѓански организации, бизнис-секторот и медиумите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово денеска во Скопје разговараат за состојбата со корупцијата во јавните набавки и за начините како различните чинители во борбата против корупцијата да играат поуспешна улога.
Искушението да се вклучиме во корупција е исто во сите земји, разликата е во тоа дали постојат институции што ќе ја спречат корупцијата, дали имате законодавство, политичка волја или доволно јавен притисок за да ја спречите. Токму тука лежи разликата меѓу земјите. Затоа, најмногу зависи од политичката волја на владејачката елита, да се направи јавен притисок од страна на граѓанските организации или од организации што вршат мониторинг, истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар.
„Корупцијата во земјите од Западниот Балкан сѐ уште се чувствува како да е дома“, заклучува споредбената анализа изработена од коалицијата „Балкан тендер воч“, која ја организира оваа регионална конференција за „Антикорупциски механизми и улогата на засегнатите страни“, финансирана од Европската Унија.
„Извештаите во сенка“ изработени од граѓанскиот сектор за секоја од опфатените земји посочуваат на секојдневни примери за проблеми при спроведувањето на тендерите, но малку напори за подобрување на состојбите.
Граѓанските организации бараат од владите да го искористат процесот на европските интеграции не само за усогласување на регулативата туку и како „трансформативна агенда“ за вистинско унапредување на своите системи за јавни набавки и за рационално трошење на јавните добра.
На почетокот на конференцијата, за значењето на јавните набавки во обезбедување квалитетни услуги и јавни добра, оттука и за заложбите за нивна целосна законитост зборуваше шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, пак, се осврна на новините што се очекува да ги донесе новиот Закон за јавните набавки кој би стапил на сила на пролет идната година, во насока на поефикасен систем за јавни набавки.
Конференцијата продолжи со посочување конкретни примери за антикорупциски мерки од разните чинители во оваа област, како и за начините на кои медиумите и невладините организации посочуваат на ризиците и ја истражуваат корупцијата во јавните набавки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.