Економија
Зелена машина на „Брако“ ја чистеше Белата куќа пред инаугурацијата на Бајден

Еколошката машина GM500ze на македонската компанија „Грин машинс“ (Green Machines), која е во сопственост на велешки „Брако“, го чистеше дворот на Белата куќа во Вашингтон во пресрет на вчерашната инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден.
Станува збор за иновативна машина за одржување хигиена во урбани средини, која работи без воопшто да испушта јаглероден диоксид. GM 500ze е првата целосно електрична машина од овој тип и веќе добро е позната меѓу градовите и институциите што се стремат кон паметни и зелени решенија во процесот на одржувањето на хигиената во урбани средини.
Деновиве во американските медиуми сè беше насочено кон преземањето на функцијата на новиот претседател. Беа објавени голем број стории, кои се фокусираа и на најситните детали од подготовките за инаугурацијата. Во една таква сторија на престижниот „Политико“ се појави и зелената машина на „Брако“. Еј-би-си, пак, објави прилог во кој вели дека и вообичаено сè е блескаво чисто во Белата куќа, но овој пат, имајќи ја предвид и пандемијата на Ковид-19, било спроведено длабинско чистење какво што не се памети.
Од „Брако“ велат дека GM500ze не се нашла случајно во Белата куќа бидејќи нивните производи веќе подолго време се извезуваат на американскиот пазар. Благодарение на сертифицираниот квалитет, нечујноста и иновативната технологија што не загадува, зелените машини ги чистеле пешачките зони и на други познати локации, како Бакингемската палата во Лондон, плоштадот Свети Петар во Ватикан, улиците на Сингапур, „Дизниворлд“, Тајмс сквер во Њујорк итн.
Поради својот футуристички дизајн, овие возила го привлекуваат вниманието и на филмските режисери и се појавуваат во сцени од Man In Black 3 и Star Wars: Episode I – The Phantom Menace.
GM 500ze е претходникот на најновата иновација што ја произведе „Брако“, која пред неколку месеци беше презентирана во Европа и светот. Тоа е неверојатната машина GM 500H2 што работи на водород и испушта вода наместо издувни гасови. И ова возило ја продолжува визијата на велешката компанија, чија цел е да придонесе за минимизирање на човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголеми ефикасната употреба на ресурсите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Сѐ уште не си бил клиент на Credissimo? Ова е вистинскиот момент да им се довериш!

Credissimo е една од водечките Финтек-структури во небанкарскиот финансиски сектор во Македонија. Компанијата постојано се стреми да нуди нови и современи решенија за краткорочно финансирање на своите клиенти. За последните 5 години, колку што е активна оваа компанија на македонскиот пазар, може да се пофали со повеќе од 100 000 корисници и повеќе од 92 % задоволни клиенти.
Ако досега не си бил клиент на Credissimo, ова е вистинскиот момент да им се довериш!
Во текот на целиот месец, може да аплицираш за твојот прв Credissimo Плус до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци со 0 % камата. Промоцијата е валидна само за нови клиенти на Credissimo кои немаат одобрен брз кредит и важи во периодот од 01.03.2021 г. до 31.03.2021 г.
Земи го твојот прв бескаматен кредит на рати во 3 лесни чекори:
- Поднеси апликација за сума од 6 000 ден. до 30 000 ден. со период на исплата од 3 месеци;
- Добиј одобрување за неколку минути;
- Парите ги добиваш на твојата трансакциска сметка.
Операторите на Credissimo се достапни да одговорат на твоите прашања во секое време преку чатот на нивниот сајт.
Промотивните услови важат за периодот од 01.03.2021 година до 31.03.2021 година и се однесуваат само за нови клиенти кои ги исполнуваат условите за одобрување кредит Credissimo Плус до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци. Кредитните барања се одобруваат согласно ОУ на ФД Кредисимо ДООЕЛ Скопје.
* За одобрен кредит Credissimo Плус на нов клиент, во износ до 30 000 денари, со рок на враќање до 3 (три) месеци, фиксната каматна стапка е 0 % и таа изнесува 0 денари. Дополнителните трошоци при одобрување на кредитот, коишто се дел од стапката на вкупни трошоци (СВТ), за одобрениот рок на враќање изнесуваат исто така 0 денари.
(ПР текст)
Економија
Годишната инфлација во еврозоната во февруари стабилна

Годишната инфлација во еврозоната остана на 0,9 проценти во февруари, бидејќи порастот на цените на свежата храна, услугите и индустриските добра го надминаа падот на цените на енергијата, покажаа проценките на Европскиот завод за статистика.
На месечна основа, според проценките на Евростат потрошувачките цени се зголемиле за 0,2 проценти.
Цените на свежата храна по овие анализи пораснале најмногу на годишно ниво, за 1,4 проценти.
Следни се услугите, со пораст на цените за 1,2 проценти.
Тежината на инфлацијата и натаму се енергенсите, со пад на цените од 1,7 проценти во споредба со истиот месец лани.
Меѓу членките на еврозоната со најголема годишна инфлација е Холандија, со 1,9 проценти. Следува Германија со 1,6 проценти повисоки цени во споредба со февруари минатата година.
Пад на цените на потрошувачка се забележани во седум земји членки на Унијата.
Предводи Грција со 1,9 проценти пониски цени од февруари минатата година. Следува Словенија, со 1,1 процент пониски цени.
Економија
(Видео) Бесими: Во ковид-кризата реагиравме со брзи и интерветнтни мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за финансии, Фатмир Бесими, присуствуваа на работна средба во Стопанската комора, на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на Комората, усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг.
Вицепремиерот Битиќи истакна Владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека тие се еден од клучните фактори не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис-заедницата туку и како иницијатори и партнери во креирањето политики.
Министерот за финансии, Бесими, посочи дека главен предизвик на Владата и на Министерството во ковид-кризата е да се реагира со брзи и интервентни мерки за да им се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање мерки за ревитализација на економијата, а во исто време и создавање долгорочни системски мерки за поинтензивен и одржлив економски раст.
Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со Владата е на многу високо ниво преку одржаниот голем број работни средби, притоа во рамките на платформата за јавно приватен дијалог се отворени многу стратешки теми, кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер