Контакт

Економија

Земјоделците во неизвесност – Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ ги крие откупните цени на житните култури, вели партијата Левица

Објавено пред

„Иако одамна почна овогодишната жетва на пченицата и јачменот, новата Влада на ДПМНЕ и ЗНАМ, министерот Цветан Трипуновски и мелничарско-пекарската индустрија сè уште немаат излезено со дефинирана откупна цена на житото! ​​​​​Земјоделците стравуваат дека и покрај големите предизборни ветувања од партиите на власт, повторно ќе бидат извисени, а нивниот труд може да остане неисплатлив“, велат од партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Години наназад, пред почетокот на жетвата, земјоделците излегуваат со барање за регулирана и договорена откупна цена на житото. Ниту претходниот министер за земјоделство, Николовски, ниту сегашниот министер, Трипуновски, не покажуваат заинтересираност за регулирање на откупната цена на пченицата и јачменот, како би се заштитиле земјоделците од манипулациите и шпекулациите на мелничарите!

Потсетуваме дека веќе поголем дел од жетвата е собрана!

Според информациите од терен, на некои места пченицата се откупува по 9 или 9,5 денари за килограм, додека пресметката на земјоделците изнесува 19 денари – трошоци за килограм – произведена пченица!

За рентабилно производство, земјоделците бараат цената на откуп на лебното зрно да изнесува 30 денари за килограм!

Како што знаеме, лошите земјоделски политики на сите претходни влади придонесоа да домашното производство на пченица не ги задоволува потребите на граѓаните, така што недостатокот се компензира со увоз на житни култури во најголем дел од Србија.

Левица ја повикува Владата да ги стави пченицата и јачменот во приоритетни и стратегиски земјоделски култури! Државата има обврска да го стимулира и зголемува нивното производство и да дефинира рентабилна производствена цена. Праксата во која останатите индустрии го собираат целиот профит од маката на земјоделецот којшто ги произведува овие култури, мора да биде запрена“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Економија

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Објавено пред

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот обезбедиле пари и за пензии и за покачување на платите на администрацијата, како и за сите други државни трошоци, од кои повеќето, иако се законска обврска, не биле испланирани во сегашниот буџет.

dobivaj vesti na viber

„Затекнавме состојба што значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби место креиран развој, предимензионирани плаќања, економијата е во клиничка смрт“, рече министерката пред да почне да го образложува ребалансот.

Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 %, растот на нето-платата 13 %, а во текот на втората половина од годината се очекува понатамошно забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергентите, како и поумерен притисок од базичната инфлација.

Министерката извести дека основа на ребалансот што го направиле е прераспределбата на средства во постојниот буџет од ставки што бележат слаба реализација. Работата им ја отежнало планирањето на средствата, кои иако имало законска обврска, не биле планирани од претходната влада, како и достасани обврски кон граѓаните и бизнисот.

„Врз основа на направената прераспределба обезбедивме речиси 20 милијарди денари. Дополнително, уште 11 милијарди денари се планирани за покривање на достасаните обврски, како и на обврски што биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари.

Вкупните приходи во буџетот се планирани на ниво од 318 милијарди и 150 милиони денари и бележат зголемување за 8 милијарди и 22 милиона денари. Ова зголемување е резултат на повисоко остварување на придонесите, а се темели на зголемување на платите во некои од јавните институции, како и од очекувањата за раст на платите во приватниот сектор“, рече министерката Димитриевска-Кочоска.

Расходите се планирани во износ од 362 милијарди и 816 милиони денари, односно на расходната страна има зголемување од 19 милијарди и 18 милиони денари.

Со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарди денари за плати, од кои 1,1 милијарда денари за блок-дотации, кои не биле планирани во основниот буџет.

„Во некои од институциите имаше планирано плати само до јуни. Евидентирани се сериозни проблеми во овој дел, кои се резултат на индивидуалниот пристап на претходната влада за платите. Затоа, сето ова ќе бара темелна анализа и носење сериозни одлуки“, најави министерката и најави дека во рамките на предвидениот буџет е предвидена законска корекција на платите на администрацијата.

Пет милијарди денари се испланирани за исплата на пензиите. Министерката вели дека планираните средства за 2024 година би биле доволни доколку декемвриската пензија не била реално исплатена во јануари.

„Реално, евиденција на пензијата од декември имаме во јануари. На овој начин нереално е прикажан помал буџетски дефицит за 2023 година во износ од 7 милијарди денари и тоа е една од причините што сегашниот буџетски дефицит бележи раст“, објасни министерката Димитриевска-Кочоска.

Со ребалансот се обезбедени 5,1 милијарди денари за сервисирање кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во име на државни и јавни претпријатија. Јавното препријатие за државни патишта, ЈСП, „Железници“, ЕСМ не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции, а во согласност со законот, Министерството за финансии има обврска да ги враќа средствата.

„Последиците од крајното расипничко работење во овие претпријатија повторно паѓа на товар на граѓаните. Како и да е, за ова треба да има одговорност“, рече министерката.

600 милиони денари се обезбедени за исплата по судски решенија. Штетите што ги трпи буџетот во однос на извршни исправи министерката вели дека се огромени оти само за 2023 година исплатени се една милијарда и 671 милион денари главно за префрлање вработени од едно на друго место, кои тужеле и добиле.

Таа наброи долга листа на трошоци, односно обврски, кои претходната влада, иако морала, не ги предвидена и најави дека ќе бара одговорност за таквата состојба.

Со одлука на Владата, министерката, меѓу другото, побара кратење на непродуктивните трошоци кај сите буџетски корисници и им даде рок до 30 дена, во кој треба да направат вонредни ревизии за утврдување на наменските трошоци и да достават анализи до Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски – Туркменоглу: Ни претстојат силни инвестиции на централно и на локално ниво

Објавено пред

Денеска во министерството за транспорт, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Синиша Ивановски, остварија средба со Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за динамиката на капиталните проекти што се реализираат со поддршка од ЕБОР и можноста за идна соработка со Банката.

Министерот Николоски исто така информираше за проектите предвидени во владината програма со посебен акцент на инвестициите во делот на патната, железничката и гасоводната инфраструктура.

Тој истакна дека во перидот што претстои, Владата преку Министерството за транспорт ќе ја засили инвестиционата активност се со цел забрзан економски развој на државата.

Министерот изрази задоволство од поддршката што ја овозможува ЕБОР за Македонија во овие неколку децении и изрази надеж за продолжување на таквата соработка и во следниот период.
 
„Европската банка за обнова и развој е наш силен подржувач во реализацијата на капиталните проекти и верувам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период. Имаме силна програма, многу проекти во инфраструктурата како на централно така и на локално ниво и се надевам дека со ЕБОР па и со другите меѓународни кредитори ќе најдеме заеднички интерес во реализација на истите. Нашата цел е квалитетна ифраструктура и задоволни граѓани а тоа токму тоа го определува и владината програма“, истакна министерот Николоски по средбата.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Цветков: Со ребалансот ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на минималната плата

Објавено пред

„Првично она што се гледа е дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на минималната плата, нема мерки и политики за зголемување на платите по сектори а најавува зголемување на задолжувањето“, одговори пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

„Тоа не е добро, стандардот на граѓаните и на работниците треба да се зголемува а не да се загрозува. Гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ од прв ден бара алиби и се правда дека немало пари во буџетот. Има пари за се. Секако СДСМ детално ќе го анализира и ќе дадеме свои забелешки“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија3 часа

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија3 часа

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија4 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија6 часа

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија8 часа

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија9 часа

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет9 часа

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет9 часа

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија10 часа

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...

Култура10 часа

„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овој пат наградата...

Македонија1 ден

Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого...

Македонија1 ден

Повторно активен пожарот над Битола

Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје: „Кратко тресење и гласен краток звук“

Во 14.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, извести ЕМСЦ. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 40 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt...

Македонија1 ден

Таравари за тримесечното бебе со модринки: Нема докази дека е намерно повредено, но има дисциплински мерки

Министерот за здравство, Арбен Таравари, не ги добил во писмена форма одлуките на комисијата што треба да го расветли случајот...

Македонија1 ден

Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен, рече Мемеди

Немало апсолутно никаква намера кај медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска...

Македонија1 ден

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за другите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Скопје1 ден

„Главниот град се задушува во смет, дали Скопје има градоначалник“, прашуваат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради...

Македонија1 ден

Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево...

Македонија1 ден

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ пронајден застрелан покрај автомобилот, до него имало пиштол

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон...