Економија
Зошто се потребни инвестиции за развој сега и веднаш?

Работењето на идниот рударски комплекс Иловица – Штука се проценува дека просечно ќе се придонесе за зголемување на бруто-домашниот производ за 3% на национално ниво.
Како што ќе се ублажуваат негативните ефекти од пандемијата и ќе се достигнува задоволителен степен на имунизација на населението, како главни теми во наредниот период ќе се наметнат економските решенија за брзо заздравување на македонската економија. Како едно такво решение е и реализацијата на мега-инвестицискиот проект Иловица-Штука.
Во јавноста сẻ уште постојат неколку отворени прашањата со кои се поврзува овој проект и токму затоа ние како компанија сме во постојана комуникација со сите заинтересирани страни користејќи низа различни начини и канали на комуникација со кои се стремиме веродостојно да информираме за вистинските аспекти поврзани со реализацијата на проектот. Една од тие наши активности беше и дистрибуцијата на Информативен магазин доставен до 3.500 домаќинства од општините Босилово и Ново Село. Во Информативниот магазин се вклучени прашања и одговори кои беа отворени и се во интерес на јавноста, со цел подобро запознавање на вистинските аспекти поврзани со проектот Иловица-Штука.
Оваа комуникација и дебата ќе ја одржуваме и поддржуваме и во наредниот период, со цел правилно информирање за работењето на идниот рударски комплекс за бакар Иловица-Штука.
Од економска гледна точка нема дилема за позитивните аспекти од реализацијата на овој проект, меѓутоа зошто оваа инвестиција е потребна веднаш и сега?
Имено, за реализацијата на проектот Иловица-Штука ќе бидат потребни 340 милиони евра директни странски инвестиции, ќе се отворат нови 3.200 работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс, ќе се реализира извоз од 200 милиони евра на годишно ниво и во државниот буџет ќе се уплаќаат минимум 24 милиони евра годишно за даноци. Како краен ефект, работењето на идниот рударски комплекс се проценува дека просечно ќе се придонесе до зголемување на бруто-домашниот производ за 3% на национално ниво.
Дополнително, покрај овие позитивни параметри кои би се оствариле од реализацијата на проектот, неговата реализација може значајно да им помогне на нашите институции во досега успешното одржување на стабилниот курс на денарот и во ублажување на евентуалните ефекти предизвикани од инфлацијата во наредниот период.
Имено, краткорочниот ефект, преку реализација на оваа директна странска инвестиција ќе овозможи значаен прилив на девизи во државата, со што во значајна мера ќе се помогне во одржувањето на билансот на плаќање, во услови на негативен трговски дефицит поради повисокото ниво на увоз во однос на извозот. Дополнително, овие девизи ќе бидат значаен прилив за одржувањето или зголемувањето на девизните резерви и одржувањето на стабилниот курс на денарот во однос на еврото. Додека, долгорочно, извоз од 200 милиони евра на годишно ниво значајно ќе го намали трговскиот дефицит и на ист начин позитивно ќе влијае преку
обезбедување прилив на девизи во износ од 2.400 милиони евра во текот на 20-годишното работење на идниот рударски комплекс за бакар Иловица-Штука.
Додека, инфлацијата, која генерално е резултат на глобалните текови и моментално успешно се одржува од страна на нашите институции, може дополнително да се ублажи преку создавање дополнителна вредност во економијата и преку креирање нови работни места со реализацијата на проектот Иловица-Штука.
Сето ова го посочува значењето на реализацијата на проектот Иловица-Штука врз македонската економија и ја наметнува потребата оваа инвестиција да се реализира веднаш и сега.
Никола Гулев, главен финансиски директор во „Еуромакс ресоурсес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Битиќи – Ќира: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на економијата

Владата на Република Северна Македонија го гледа приватниот сектор како свој партнер, затоа со внимание ќе ги слушам сите ваши препораки за подобрување на бизнис-климата, ова го истакна заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на средбата со новото претседателство на Стопанската комора на северозападна Македонија и нејзиниот претседател, Менди Ќира.
На средбата акцентот на бизнисмените на СКСЗМ беше ставен на барањето за зголемување на квотата за работници од странство за што вицепремиерот Битиќи рече дека овој проблем е веќе детектиран од негова страна и дека веќе е почната дискусијата и барањето на соодветниот модалитет со кој ова ќе го постигнеме.
„Либерализацијата на пазарот на труд е потребна за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на економијата. Во следните неколку месеци треба да направиме процена кои се секторите во кои е потребна дополнителна работна сила и да видиме колкава бројка е потребна. Во исто време заедно со приватниот сектор засилено да работиме на реквалификација и доквалификација на домашниот пазар на труд со цел тие да може да бидат поконкурентни и пазарот да може полесно да ги впие“, истакна Битиќи.
На состанокот се разговараше и за идентификацискиот број за граѓаните од „Отворен Балкан“, со што дополнително ќе се олесни движењето на граѓаните помеѓу нашите земји.
Економија
Добрите дела не се ретки во Mozzart: лидерот во организирање игри на среќа ја поддржа кампањата „Запознајте ги ретките болести“

Февруари традиционално е месец во кој учиме за ретките болести. Оваа година националната кампања „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“ се спроведува во соработка со компанијата Mozzart која го поддржа проектот.
Веќе петта година по ред, месец февруари повторно станува редок, како болест што може да ја има оној што седи до вас во автобус, ресторан или парк. Ништо не се знае за нивната „невидлива“ попреченост и малку се зборува во текот на годината, па затоа националната кампања ја менува реалноста.
Во текот на 28-те дена во февруари, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со 28 ретки болести, како и за методите на дијагностицирање, лекување и предизвици со кои се соочуваат лицата кои боледуваат од ретки болести.
„Во текот на годината многу малку се зборува за ретките болести и тоа е тема која не е доволно застапена во општеството, поради што решивме да го поддржиме и да бидеме дел од овој голем проект за кој слободно можеме да кажеме дека станува препознатлив во нашето општество со долгогодишна традиција“, истакна Љубица Толовска од компанијата Mozzart.
Првиот ден на ретки болести беше прославен во 2008 година на 29 февруари, редок датум што се случува само еднаш на секои четири години.
Оттогаш, Денот на ретките болести се одржува секоја година на последниот ден од месец февруари, месец познат по својот редок број на денови.
ПР
Економија
ЕСМ склучи договор со „Балкан јутилитис“ за набавка на гас за февруари

„ЕСМ продажба“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари 2023 за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата со фирмата „Балкан јутилитис“.
Како што информираат од ЕСМ, на јавниот повик, кој беше достапен за сите домашни и странски компании, пристигнале две понуди – фирмата „Актаел“ со понуда од 99,83 eвра/MWh, а фирмата „Балкан јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh.
„Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергентот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации што би произлегле од цената на гасот на берзите во моментот, но во берзанската цена не се пресметани сите споменати дополнителни трошоци што произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.
Со понудувачот, кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, во случајот „Балкан јутилитис“, склучен е валиден деловен договор, кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака“, соопштија од компанијата.
Со оваа набавка, како што појаснуваат, во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за други потрошувачи на природен гас во Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, додаваат од ЕСМ.
Јавен повик за набавка на природен гас за март 2023 година ќе биде спроведен во текот на февруари.