Економија
Исплатени 152 милиони денари за субвенции за втора фаза произведено и предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 6,755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека средствата од оваа мерка, се свеж капитал кои треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката.
„ Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко, а со тоа и обезбедување на суровина за домашните капацитети за производство на млеко, млечни производи како и домашно произведено месо. Пандемијата со „ковид 19“ уште повеќе ја нагласи потребата од здрава, безбедна храна. Владата, Агенцијата и министерството ќе продолжат да создаваат поволни услови за одржливо земјоделство, негова модернизација, со што ќе се овозможи задоволување и на домашните потреби со земјоделски производи но и за извоз“ – информира директорот Бабовски.
Агенцијата, Владата и министерството ќе продолжи со навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.
Земјоделството е наша шанса за успех. Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Уште два работни дена да поднесете и да платите ДДВ за овој даночен период

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 1 до 31 август.
Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток).
„Бидете одговорни даночни обврзници. Исполнете ги обврските навреме и одржувајте солидна даночна историја, на тој начин избегнувате дополнителни трошоци, камати и санкции“, велат од УЈП.
Досега, од очекуваните 7.748 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 2.057, што е близу 27% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ – 04 пријава. Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.
Навременото поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: е-Пошта: [email protected] Телефонски броеви: Од фиксна линија: 0800 33 000 Од мобилен телефон: 02 3253 200
Економија
Во Кавадарци за мерката за самовработување пристигнати 132 апликации

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставници на бизнис-секторот во Кавадарци.
Ристески пред присутните ги презентираше главните мерки на министерството за економија и труд за поддршка на стопанството и претпријатијата, како и мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.
„Навистина сум задоволен од големиот интерес кои граѓаните и компаниите од Кавадарци го покажаа за мерките од Оперативниот план, каде само за мерката за Поддршка за самовработување (претприемништво) се пристигнати 132 апликации. Голем интерес покажаа и компаниите за поволностите кои се нудат во мерките од оперативниот план, каде за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ аплицирале 67 компании за поддршка за отворање на 72 нови работни места, додека за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ аплицирале 10 компании за 15 нови работни места. Големиот интерес е доказ дека во Кавадарци и Тиквешкиот регион има голем потенцијал за економски раст и развој и ние и понатаму ќе ги поддржуваме компаниите во овој процес“, кажа заменик-министерот Ристески.
На средбата присуствуваа и Даниела Димовска, в.д. директор на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Весна Пешова, заменик-директор на Агенцијата за вработување, кои на присутните им ги презентираа програмите за работа на нивните институции и мерките кои им стојат на располагање на граѓаните, занаетчиите и компаниите.
Градоначалникот Јанчев на средбата потенцираше дека како општина секогаш даваат поддршка на сите позитивни мерки кои придонесуваат за развој на домашната економија и го развиваат претприемачкиот дух кај младите лица.
Економија
Цената на златото достигна рекордно високо ниво

Цената на златото се зголеми за 0,22 проценти утрово достигнувајќи рекордно високо ниво од 3.184 евра (3.755 долари) за унца во 9.30 часот наутро по средноевропско време.
Цената на златото се движеше помеѓу 2.150 евра (2.536,91 долари) и 3.184 евра (3.755 долари) за унца во текот на изминатите 12 месеци, што е зголемување од 42,8 процента. Пазарните очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД) силно влијаеја врз цените на стоките, особено на златото.
По инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп, ФЕД ги намали каматните стапки за 0,25-процентни поени минатата недела. Пазарите очекуваат уште едно намалување на стапките на следните состаноци на ФЕД во октомври и во декември.
Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференцијата објасни дека каматните стапки се намалени поради слабоста на пазарот на трудот, но исто така предупреди дека инфлацијата е сè уште висока и дека се очекува дополнително да се зголеми поради воведувањето царини.