Економија
И оваа година ќе има ваучери за домашен туризам

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција во Владата информира за програмите што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година, а кои беа донесени на последната седница на Владата.
Тој истакна дека и оваа година ќе продолжи мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи.
„Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи, кои како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година, дадоа резултат, особено за домашните туристички капацитети. Оваа година во таа насока продолжуваме преку оваа мерка, која почна да се реализира првпат во 2017 година“, истакна Бектеши.
Тој додаде дека за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.
Поддршката ќе изнесува 12.000 денари од апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годината по принципот прв дојден, прв услужен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
За да спречи перење на пари, Кипар ќе ја испитува сопственоста врз компаниите

Кипар планира да воспостави регистар на сопственици на илјадници компании во наредните месеци, со што ќе ги расветли нетранспарентните зделки на компаниите, што го доведоа до лош глас, пишуваат светските агенции.
Деталите за илјадниците компании регистрирани на медитеранскиот остров ќе започнат да се собираат од 16 март за да бидат внесени во новиот регистар.
Според најновите информации, воспоставувањето на регистарот го налагаат регулативите на ЕУ против перење пари, а неговите поборници велат дека тоа може да претставува пресвртна точка за Кипар, посебно за оние што сакаа да го сокријат своето богатство зад компаниите, привлечени од ниските даночни стапки.
„Ние ќе им дадеме на компаниите шест месеци да ги соберат сите детали за да влезат во новиот систем“, рече Антониа Фаита-Ставриде, висок функционер во Министерството за енергетика, трговија и индустрија, координатор на проектот.
Кипар долго време се обидуваше да се ослободи од имиџот на земја чија влада добива пари од инвеститори без никакви прашања.
Доходовната шема за добивање пасош во замена за инвестиции беше ненадејно укината минатата година, по извештаите за можна корупција, потсетува Ројтерс.
Економија
Италијанската групација „Витило“ најави нова инвестиција од 10 милиони евра

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ, се сретна со раководството на италијанската индустриска групација „Витило“, сопственикот и управител Антонио Витило и Чиријако Ло Конте, директор на „Витек Македонија“.
На средбата е објавено дека странскиот инвеститор, којшто е присутен во нашата држава од 2011 година, одлучил да инвестира нови 10 милиони евра во земјава, во рамки на третата фаза од планираната инвестиција, што е речиси стопроцентно зголемување на досегашните инвестиции од над 11 милиони евра, реализирани во првата и втората фаза.
На состанокот е изразено задоволство од страна на инвеститорите за нивната работа во нашата држава и е информирано дека веќе постојат побарувања на пазарот за нивните производи и дејност.
Претставниците на италијанска групација „Витило“, позната во автомобилската индустрија, како што беше соопштено, ќе инвестираат во градење и во нови машини за потребите на автомобилската индустрија и на други индустрии, а производството од нашата земја е наменето за цела Европа, земјите на Заливот и САД. При тоа е планирано зголемување на работните места за една третина од постоечкиот број вработени, кои, според соопштените информации земаат натпросечна плата во државава и на кои, минатата година, во време на пандемија, им биле зголемени платите за 16 проценти.
Заев ја поздрави новата инвестиција, за којашто изрази очекување за скорешно, официјално потпишување на договорот за инвестицијата.
„Ние сме цврсто фокусирани кон отворањето нови работни места, раст на економијата. Се покажавме како пријателска држава во регионот, којашто генерира политики на пријателство и веруваме дека тоа влијае на интересот за инвестирање овде. Нé радува вашата одлука за новата инвестиција и во Република Северна Македонија и вие гледајте голем пријател и можности за соработка на принципиелно ниво“, рече премиерот Заев.
На состанокот, директорот Деспотовски презентираше детали за новата инвестиција, како и за разговорите за поддршката од државата за нејзина реализација. Како што беше истакнато, оваа инвестиција е дел од новиот пристап во работењето на Дирекцијата за ТИРЗ со анализа, но и значително покуси рокови за подготовка и склучување договори. Премиерот Заев и претставниците на италијанската компанија се согласија дека ваквиот пристап ќе значи и нов квалитет, поголема сигурност, а со тоа и повеќе странски инвестиции во Република Северна Македонија.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра

За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра. Државата е ставена на апарати, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони.
Заев со ова задолжување се спасува од банкротот кој беше неминовен како резултат на лошите политики и неадекватното менаџирање на кризата.
Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне над 7 милијарди евра, и 65% од БДП.
Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми.
Затоа наместо на крпење на дупки државата треба да се насочи кон развој“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер