Економија
КД Фондови со над милијарда денари актива

Македонците сѐ повеќе вложуваат во инвестициски фондови, потврдуваат од Друштвото за управување КД Фондови, чија актива периодов достигна повеќе од милијарда денари.
Станува збор за средства кои клиентите ѝ ги довериле на оваа финансиска институција, за во нивно име да бидат пласирани во акции од профитални и реномирани компании, претежно интернационални.
Овој позитивен тренд на вложување во хартии од вредност се потврдува и од случувањата на македонската берза, каде последниве месеци има зголемен промет, а вредноста на акциите бележи раст. Тоа делумно е резултат на намалените каматни стапки на депозитите кои стануваат сѐ понеатрактивни за вложување, но и на зголемената информираност и позитивните првични искуства од вложувањето во фондови во земјава.
Според портфолио менаџерите во КД Фондови, луѓето сакаат да вложуваат во компании кои имаат стабилен раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и повисока реализирана добивка, кои дури и во услови на економска криза остваруваат солидни приноси. Повеќето се скептични на почетокот, но кога по извесен период ќе сфатат како се оплодуваат нивните средства, дека истите се сигурни и дека можат да се повлечат во секое време, тогаш се охрабруваат да вложат уште повеќе или пак да склучат договор за постепено вложување на подолгорочен период. Па така, луѓе од Македонија поседуваат акции од компании како Coca Cola, Apple, Google, Nike, BMW, McDonald’s, Microsoft, Mercedes-Benz итн., благодарениe на вложувачките продукти на КД Фондови и насоките од стручниот тим.
КД Фондови АД Скопје, како дел од финансиска групација KD Group Ljubljana е основано од друштвото за управување со најдолга традиција на словенечкиот пазар и над 500 милиони евра под управување. Благодарение на македонското претставништво на оваа реномирана групација, веќе и македонските граѓани се во тек со светските трендови на колективно вложување и ги користат придобивките кои светските топ-бренд компании ги остваруваат за своите акционери.
Постапката за пристапување во инвестициски фонд е крајно едноставна, а по поднесувањето на потребната документација, уплатата на средства и следењето на состојбата на влогот може да се одвива по електронски пат, преку вашиот компјутер или паметен уред./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари-Пратениците дадоа зелено светло

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.
Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.
„Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, потенцира во напишаното Лукаревска.
Економија
Намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,541 %, кај дизелот 1,152 %, кај екстра-лесното масло 1,318 % и кај мазутот има намалување од 2,660 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,077 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,649 денар/кг и сега ќе изнесува 38,130 денари/кг.
Од 21.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,130 (денари/килограм)
Економија
Бектеши: Дизелот ќе падне под 75 денари, се враќаме на цената од ланскиот февруари

Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека трендот на намалување ќе продолжи и оваа недела.
„Се враќаме на цената од февруари минатата година, цената на дизелот ќе биде под 75 денари“, вели министерот Бектеши.
Бектеши очекува намалените цени на горивата да ја намалат и инфлацијата.