Контакт

Економија

Мицкоски: Пониски даноци, инвестиции и пакет поволности за бизнисот, дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше средба со членовите на управниот одбор на Комората за информатички технологии МАСИТ. Тој изјави дека на средбата се разговарало за потребите и предизвиците со кои што се соочува ИКТ-индустријата во Македонија. Мицкоски заедно со економскиот тим ја претставија економската програма преку која планираат зацврстување и на македонската економија.

„Имавме навистина убава средба, корисна за повеќе страни. Како што кажа и претседателката, Управниот одбор на Комората МАСИТ има изработено една презентација, предлог-мерки што според нив би требало да бидаат дел од идната програма на идната Влада.

Ние едногласно се согласивме овде дека се многу слични на оние мерки коишто идната програма на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги предвиде. Така што имаат дел од тие мерки коишто исто така ќе ги додадеме. Бидејќи, како што кажавме и на претходните средби со стопанственици, и на средбата со Стопанската комора на Македонија програмата сè уште ја нема онаа финална верзија, сè уште е во работна верзија. Така што сето она коешто цениме дека се вклопува, а истовремено не го доведува во подредена положба ниту буџетот, ниту државата би требало да биде составен дел од програмата на идната Влада, економската програма и мерките коишто ќе ги предложи идната Влада.

Јас тука пред сè би сакал да ги напоменам оние мерки коишто за нив беа исклучителни важни, а тоа е рамниот данок, напуштање на политиките на прогресивно оданочување, целосно нивно укинување и враќање на рамниот данок во првите 100 дена законско решение за рамен данок од 9%, а година дена потоа и дури до 8% рамно оданочување. Потоа нула проценти данок на млади лица до 29 години, бидејќи денеска добивме и информација дека студенти на Универзитетите во Македонија коишто се идни ИКТ-инженери се некаде приближно околу 4 и пол илјади, односно 4.700. Ако таа бројка пред неколку години се мереше во стотици, денеска ги мериме во илјадници. А самиот развој на човештвото и самата еволуција на модерните текови наведува некако кон тоа да размислуваме многу посериозно, да стимулираме ИКТ-индустријата. Бидејќи не само во Македонија туку и во светот практично развојот и модернизацијата на општествата се императив. Ја споменавме дигитализацијата, ја споменавме трансформацијата на Министерството за администрација и ИТ во министерство за дигитализација, она коешто исто така претставува еден од основните столбови во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори.

Но, вистинска дигитализација, не онаа којашто ја нуди нашиот политички противник. Од една страна имаме трупање на јавната администрација, од друга страна имаме декларативни заложби за дигитализација. Така што еве со еден збор да завршам успешна, корисна средба, средба којашто е од огромно значење за нас“, истакна Мицкоски.

Економија

Ангеловска: Преку алатката за јавниот долг ќе се бориме против погрешното информирање

Објавено пред

Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка на ИРИ и УСАИД. На страната детаљно се прикажани долгот, неговото движење по години, раздолжувањата, повлекувањата за 2020 и како ќе се финансира.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, на јавната презентација на платформата посочи дека преку целосна фискална транспарентност граѓаните ќе може да ги препознаат непотполните и лажни вести кои се злоупотребуваат за политичко поентирање.

„Силно се залагам за фискална транспарентност и едукација на даночните обврзници, граѓаните за јавните финансии, клучните буџетски документи, што сметам дека е особено важно за млади демократии како нас. Без разлика на економското познавање на граѓаните, податоците се прикажани и систематизирани на едноставен и разбирлив начин сè со цел да бидат јасни за широката публика. Со ваквото лесно разбирливо претставување на податоците за јавниот долг, убедени сме дека ќе придонесеме кон намалување на заблудите што постојат во однос на задолжувањето, нивото и одржливоста на јавниот долг, а воедно ќе придонесеме и кон финансиска едукација на широката јавност“, рече министрката Ангеловска.

Платформата се состои од пет дела: јавниот долг и компонентите од кои се состои, движењето на долгот по години, финансирањето на јавниот долг во 2020, издавањето хартии од вредност и едукативен дел.

На страницата се достапни податоци за средствата што ќе се повлекуваат на домашниот и странскиот пазар во текот на 2020 година, но и дека треба дома и во странство да се отплатат стари долгови во износ од над 700 милиони евра.

Во насока на зголемување на фискалната транспарентност, на платформата се објавуваат податоци, кои претходно не биле објавени, како долгот на јавните претпријатија за секое одделно, како и очекуваното задолжување, раздолжување на претпријатијата во 2020 година.

Исто така, детаљно се објаснети инструментите за финансирање на долгот – државните хартии од вредност и еврообврзниците.

Платформата е достапна на македонски, англиски и на албански јазик, таа ќе се ажурира на месечно и тримесечно ниво во согласност со објавата на разни категории податоци. Инаку, ова е трета алатка за транспарентност пуштена од страна на Министерството за финансии во последната половина година по „Отворени финансии“ и „Реализација на капитални расходи по буџетски корисници“.

Прикажи повеќе...

Економија

Распишан јавниот повик за изградба на хидроелектраната „Чебрен“

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија денеска го промовира јавниот повик за доделување концесија за изградба на хидроелектрични централи на Црна Река, односно за изградба на хидроелектричната централа „Чебрен“.

Премиерот Оливер Спасовски истакна дека Владата го трасира патот на енергетската транзиција со изградба на капацитети со доминантно производство на електрична енергија од обновливи извори и дека заедно со „Електрани на Северна Македонија“ создава стабилна и сигурна енергетска иднина за земјата и граѓаните.

„Јавниот повик се однесува на пројавување интерес на заинтересирани компании, кои ќе сакаат да го изградат ХЕЦ ‘Чебрен’ во соработка со АД ЕСМ преку моделот на јавно-приватно партнерство. Од информациите што ги добив денес, веќе седум странски компании побарале да ја подигнат претквалификациската документација, која во оваа фаза е бесплатна“, информира Спасовски.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, истакна дека „Чебрен“ беше предизвик со години за експертите во енергетиката, архитектурата, градежништвото и предизвик за државата за спроведување на овој голем проект во дело.

„Во план е ‘Чебрен’ да биде јавно-приватно партнерство, во кое ЕСМ ќе биде јавниот партнер во име на државата. Процените се дека изградбата ќе чини најмногу 570 милиони евра, средства што ќе треба да ги обезбеди приватниот партнер. Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333 мегавати и годишно производство од 1.000 гигавати електрична енергија. Наша обврска е изградбата на пристапниот пат до хидроцентралата и потоа приклучокот, односно трафостаницата. Како наш удел во новата заедничка компанија со приватниот партнер ќе биде внесена ХЕЦ ‘Тиквеш’, која е на истиот слив, односно на Црна Река, и единствено можно е двете хидроцентрали, ‘Чебрен’ и ‘Тиквеш’, да функционираат во една целина бидејќи зафаќаат вода од исто течение и си влијаат една на друга“, информира Ковачевски.

Во контекст на енергетската трансформација и чистите извори на електрична енергија, директорот на ЕСМ изрази оптимизам дека „Чебрен“ ќе овозможи во иднина да сe намалува производството на електрична енергија од јаглен и постепено да се замени со производството од оваа голема хидроелектрана.

„За споредба, ЕСМ денес произведува 4.000 гигавати годишно. Кога ‘Чебрен’ ќе почне да работи, годишната редукција на јаглероден диоксид ќе се намали 913 илјади тони бидејќи 1.000 гигават-часови електрична енергија нема да се произведат од јаглен, туку од вода“, истакна Ковачевски.

Тој најави дека заинтересираните компании ќе може да се јават на јавниот повик до 3 април, а тековните испитувања на пазарот на компании, спроведени од страна на Меѓународната финансиска корпорација, која е дел од Светската банка, покажале дека сериозни компании од регионот и Европа се заинтересирани за изградба на „Чебрен“.

Прикажи повеќе...

Економија

Клучни работи што треба да ги знаете за „Лајконет“ (Lyconet)

Објавено пред

Веројатно сте слушнале за Lyconet („Лајконет“), но дали точно знаете за каква всушност компанија станува збор? Од каде потекнува, која е нејзината историја, колкави се заработките во мрежата на Lyconet – се само дел од прашањата што ќе се обидеме да ви ги одговориме за да ја добиете целосната слика.

Lyconet како бренд е за прв прат претставен во 2014 година во Грац, Австрија и во моментов компанијата брои преку 300,000 маркетри, физички и правни лица кои работат како независни агенти. Активна е на 49 пазари ширум светот, како глобална платформа за водење на сопствена лојална програма.

Користејќи  „нетворк маркетинг“ како канал и начин на промовирање и продавање на производи тоа им овозможува на своите членови да напредуваат во својата кариера и притоа да остваруваат одлични месечни заработки. Но она што е интересно и за многумина непознато, е дека овие заработки, без разлика во која држава се наоѓаат марктерите, се исти. На пример, исто заработуваат маркетери, да речеме во Германија и во Македонија, а замислете, Lyconet брои дури 300,000 маркетери низ целиот свет кои ја делат оваа предност.

Како се се станува Lyconet маркетер?

Lyconet маркетер се станува со препорака преку друг маркетер, односно преку мрежата на неависните Lyconet маркетери. Зачленувањето како маркетер е комплетно бесплатно! Секој маркетер пред да започне со работа склучува договор за независен Lyconet маркетер и потоа преку достапните алатки во сопствениот профил на вебсајтот lyconet.com/mk, добива онлајн обука и насоки за водење на бизнисот.

Lyconet носи и голема одговорност кога станува збор за бизнис партнерите и секогаш се води по принципите на интегритет, чесност и праведност. Истите вредности писмено се прифатени од секој Lyconet маркетер пред да започне со дејноста со прифаќање на кодот за етика на компанијата.

Како се заработува?

Оваа компанија има две основи по кои ги наградува своите членови и по кои маркетерите можат да го следат својот раст во кариерата. Како прво, тука е „кариерниот програм“ кој претставува патот по кој маркетерите напредуваат во својата кариера и „балансниот програм“ каде се евидентираат шопинг поените остварени на секој маркетер или тим од маркетери кој им носи одреден финансиски надоместок согласно транспарентниот компензациски план.

За да можете да започнете да заработувате, потребни ви се поени со кои ќе напредувате. Едноставно, за да остварувате што поголем број на поени потребни ви се продажби, а за вашите поени уште повеќе да се зголемуваат, можете да изградите сопствен тим од маркетери од кои и вие ќе остварувате дополнителни поени. Поените кои ќе ги остварат маркетерите се пресметуваат неделно и според нив се добива одредена сума на пари која претставува ваша исплата на она што го имате остварено како продажба. Има неколку видови на „баланс програми“: персонален, национален, континентален и интернационален баланс, каде се распоредени сите поени кои ги остаруваат членовите во мрежата, а кои притоа се целосно транспарентни и може секој маркетер да ги следи, сѐ со цел секој член да има увид во својот успех и напредок.

Транспарентност во работењето

Постојат многу компании кои работат на овој принцип на работа и ги наградуваат своите вработени според остварените продажби на производи или слично. Но, она што е специфично кај Lyconet е токму транспарентноста. Покрај тоа што компанијата има изградена силна мрежа на маркетери, таа има и свои јасно истакнати правилата и прописи според кои секој член мора да се придржува, се разбира со цел да се избегнат какви било неправилности во мрежата. Правилата, напредувањата во кариерните нивоа, како и баланс програмите се јавно достапни на нивната веб страна https://www.lyconet.com/mk за секој заинтересиран потенцијален член да може поубаво да се запознае со начинот на работењето на компанијата.

Покрај правилата и начините при работа, целосно транспарентни се и видовите на заработки кои им се пресметуваат на сметките на маркетерите и тие во секое време можат да го следат својот статус. Всушност, како еден од глобалните лидери во „нетворк маркетинг“ индустријата, Lyconet носи и голема одговорност кога станува збор за своите бизнис партнери, па оттука неминовно е и целиот принцип на работа да биде транспарентен.

Lyconet e наменет за претприемачи, расположени да ја користат оваа мрежа како платформа за изградба на сопствениот бизнис и да остварат одлични дополнителни месечни заработки. Компанијата секогаш се води по принципите на интегритет, чесност и праведност, а истите принципи мора да бидат прифатени и од страна на секој Lyconet маркетер.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион45 минути

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет1 час

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет1 час

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирус

Кон крајот на април ќе започнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирус од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Македонија2 часа

Почнува судењето за организаторите на „27 април”

Почнува судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој...

Свет2 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома, откако беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан, биле пречекани од револтираните мештани кои со камења мавале по автобусите кои се упатиле...

Македонија12 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ18 часа

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ20 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија23 часа

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија23 часа

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија24 часа

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија24 часа

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион1 ден

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 ден

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет1 ден

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија1 ден

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Свет1 ден

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за...

Спорт1 ден

Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем (видео)

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет2 дена

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Досие