Економија
„Некстсенс“, водечка компанија за дигитална трансформација и партнер на Дигиталниот самит во Белград

На 4 и 5 април 2019 во Белград се одржува вториот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан (Western Balkans Digital Summit 2019) под покровителство на Европската Унија. На настанот учествуваат високи владини претставници, членови на бизнис-заедницата и реномирани експерти од областа на дигиталната агенда од регионот и од Европската Унија.
Компанијата „Нектстен“с, како лидер во областа на дигиталната трансформација втора година по ред е главен партнер и спонзор на овој престижен регионален настан. Специјализирана е во водење комплетни процеси за дигитална трансформација и имплементација на ИТ-решенија со цел унапредување на перформансите на широк спектар на институции и реномирани компании од телекомуникацискиот, финансискиот и владиниот сектор во Европа и пошироко.
Како водечка компанија со повеќе од 15-годишно искуство во развој и имплементација на иновативни решенија за дигитална трансформација и експертиза во областа на услугите од доверба, на Самитот учествува во креирањето на дигиталната агенда на Западен Балкан преку презентации на своите решенија и споделување на искуствата во дигитализација на организациите од приватниот и јавниот сектор.
Производите и решенија на „Некстсенс“ за безбедно дигитално потпишување и работа со е-документи ја позиционираат компанијата како водечка во регионот во оваа област. Производите на „Некстсенс“ се дизајнирани и развиени со цел да им помогнат на организациите да имплементираат иновативни решенија кои ќе овозможат автоматизација на нивните интерни процеси, како и на процесите на соработка и обезбедување услуги за нивните клиенти.
„’Некстсенс’ е речиси две децении целосно посветена кон поддршка на компаниите и институциите низ процесот на дигитална трансформација, при што им помагаме да го променат начинот на нивното работење преку замена на хартиените документи и процеси со целосно дигитални услуги. Партнерскиот статус и учеството на ‘Некстсенс’ на Дигиталниот самит е резултат на нашето долгогодишно работење во развој на решенија кои претставуваат клучни елементи за дигитална трансформација, а кои се вградени во дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан и Еропската Унија. Горди сме како компанија – лидер во овој процес и со задоволство ги споделуваме нашите искуства во оваа област“ – вели Васко Кроневски, главен извршен директор.
На самитот „Некстсенс“ учествува како модератор на панелот „Доверба и безбедност“ заедно со истакнати експери од оваа област од Европската Унија и од регионот. Компанијата е застапена со две презентации.
„Платформата за испорака на јавни услуги – водење на дигиталната трансформација на организациите во испораката на јавни услуги“ на самитот ја претстави главниот извршен директор на„ Некстсенс“, Васко Кроневски. Платформата на Некстсенс воведува иновативен пристап во дизајнирање, создавање и испорака на административни е-услуги на граѓаните и бизнисите, со кој се насочува административната испорака на услуги по дигитален пат и се подобрува севкупната ефикасност на јавните институции во поглед на нивниот капацитет и подготвеност за градење и испорачување дигитални услуги за своите корисници. Со платформата се опфатени процесите на подготовка на електронски услуги, испорака на услугите до корисниците преку онлајн портал, генерирање документи и нивно процесирање, дигитално потпишување и верификација, нивно чување и складирање, како и размена на документи и податоци меѓу институциите.
Презентацијата на тема „Nextsense Signing Suite – решенија за безбедно дигитално потпишување“ од страна на Даниел Даниловски, извршен технички директор на „Некстсенс“ беше фокусирана на иновативните решенија на „Некстсенс“ за дигитално потпишување и работа со е-документи со кои „Нектсенс“ веќе има изградено препознатливост во регионот како водечка компанија во областа на услугите од доверба. Решенијата на „Некстсенс“ за дигитално потпишување се вградени во повеќе од 70 различни апликативни системи на реномирани компании и институции.
Компонентите и продуктите на „Некстсенс“ се клучни елементи во процесот на дигитална трансформација кои овозможуваат безбедно дигитално потпишување, ставање временски и организациски печат, потврда на веродостојноста на електронските документи, како и нивна целосна прекугранична верификација – сето ова засновано на највисоките европски стандарди и регулативи.
“Nextsense Signing Suite претставува сет на компоненти и продукти кои обезбедуваат иновативна технологија, врвна безбедност и комплетно корисничко искуство базирано на потребите на клиентите. Овозможуваат безбедно електронско потпишување од дома, од работа, преку сервер или преку интернет-пребарувач, во движење преку мобилни уреди, со двојна автентикација како гаранција на идентитетот на потписникот” – вели Даниел Даниловски, извршен технички директор.
Решенијата на „Некстсенс“ се веќе вградени во системите на бројни реномирани организации во телекомуникациите, банкарскиот сектор и државните и јавните институции и обезбедуваат врвна услуга без никакви проблеми, што е потврда за нивната вредност и уникатност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.
Економија
Одржана работна мисија на Светската банка во Народната банка: натамошна поддршка за унапредување на решавањето банки

Финансиски експерти од Центарот за советување за финансискиот сектор (ФИНСАК) при Светската банка остварија средба со гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и со надлежните тимови на Народната банка. На средбата се разговараше за досегашните и за идните активности во рамките на техничката поддршка којашто Центарот за советување за финансискиот сектор веќе подолг временски период ѝ ја дава на Народната банка.
Во фокусот на оваа техничка поддршка е операционализацијата на функцијата за решавање банки, во согласност со новиот Закон за решавање банки. Активностите во овој домен се насочени кон подготовка на упатства, работни процедури и алатки што ќе ѝ овозможат на Народната банка ефикасно и навремено да ги спроведува своите надлежности во оваа важна област. Станува збор за практична поддршка при градењето на капацитетите потребни за подготовка на плановите за решавање банки и при оценувањето на можноста за нивно решавање, соопштуваат од Народната банка.
Покрај ова, како дел од пошироката соработка, се разгледаа и сегашните активности поврзани со управувањето со климатските ризици од страна на банките. Техничката поддршка од ФИНСАК во оваа област вклучува помош за подобрување на супервизорските пристапи преку вградување на климатските фактори во процената на ризиците на банките, како и за воспоставувањето на климатските стрес-тестови за банкарскиот систем.
Соработката на Народната банка со ФИНСАК е долгогодишна и од неа досега произлегоа значајни постигнувања, особено во делот на подготовката на подзаконските акти коишто произлегуваат од Законот за решавање банки. Решавањето банки претставува важен инструмент за заштита на финансиската стабилност, којшто овозможува контролирано справување со проблематични банки без нарушување на интересите на депонентите и на даночните обврзници. Народната банка и натаму активно ќе работи на зајакнување на регулативата и на институционалниот капацитет во согласност со најдобрите меѓународни практики, со цел да обезбеди сигурен и отпорен финансиски систем, се додава во соопштението од Народната банка.
Економија
100.000 во твојот џеб за 15 минути! Сѐ што ти треба,на дофат на рака со Mint Visa Card

Во светот каде времето е сѐ поважно, Mint Visa картичката доаѓа како одговор на потребата за брз и едноставен пристап до финансии. Процесот на аплицирање е целосно дигитален и трае само неколку минути, по што одобрените средства се веднаш достапни на картичката. Ова ги елиминира долгите чекања и сложената документација, овозможувајќи им на корисниците да ги решат своите финансиски потреби веднаш.
Со Mint Visa од 100.000 денари преку Mint Credit, конечно имаш картичка што го следи твоето темпо – спремна за само 15 минути. Брзо. Безбедно. Секогаш достапно.
Mint Visa картичката ти стои на располагање 24/7. Аплицирај денес и добиј ја твојата Mint Visa.
• 100.000 денари достапни веднаш.
• Без депозити, без бескрајни формулари.
• Потполно онлајн преку One ID – каде и да си.
Зошто Mint Visa?
• Смарт шопинг – Плати безбедно на сите интернет продавници.
• Спонтано патување – Резервирај билети и хотели брзи и едноставно.
• Секојдневна сигурност – Подготвен си за сите непланирани трошоци.
• За 15 минути си спремен да купуваш – Онлајн, во продавници, каде и да си.
Заборави на комплицирани процедури и бесконечна документација. Со Mint Visa, добиваш пристап до 100.000 денари, точно тогаш кога ти се најпотребни – за што и да посакаш.
Без чекање. Без хартија. Без нервози. Само сигурен пристап до средства, токму кога ти требаат.
Добиј ја твојата Минт виза картичка во една од нашите филијали или преку Mint Credit платформата или јави се на 15 107 за повеќе информации.
ПР