Контакт

Економија

Нови цени на горивата, поевтинува дизелот

Објавено пред

Дизел горивата од полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

dobivaj vesti na viber

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,475 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,374 отсто, кај дизелот за 3,697, кај екстра лесното масло за 4,097 и кај мазутот за околу 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,087 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 % во однос на одлуката од 20.6.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 25.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,720 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,040 ден/кг и сега ќе изнесува 46,720 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,101%, кај дизелот 4,293%, кај екстра лесното масло за 3,697% и кај мазутот зголемувањето е за 2,937%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,130%

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ признава дека успеавме да ја намалиме маржата на струјата

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ признава дека сме направиле добра тендерска постапка бидејќи сме успеале да ја намалиме маржата на добивка која ЕВН ја тарифира кон граѓаните, секако бидејќи е наш резултат и исход од доброто работење ќе го поддржиме тој закон, бидејќи сметам дека се што е добро за граѓаните ќе треба да се поддржи“, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, коментирајќи ги најавите на Христијан Мицкоски за измени на Законот за енергетика, со кои се најавува дека нема да се дозволи зголемување на цена на струјата за домаќинствата.

dobivaj vesti na viber

Коментирајќи го раздвојувањето на енергетиката и економијата, Битиќи во интервјуто оценува дека начинот на кој е направено ќе значи враќање во времињата на нетранспарентност и отчетност во владеењето од оваа структура на луѓе.

„Бидејќи во последните седум години се обидувавме секоја една постапка особено кога е поврзана со стратешките сектори и е во полза и интерес на граѓаните тоа да биде на транспарентен начин. Јас само ќе кажам колкава беше дискусијата за стратешките инвестиции во енергетиката кои беа преговарани преку две години во институциите, не надвор од институциите. И имаше дилеми од граѓаните, од сегашната опозиција за тоа како тие ги гледаат стратешките инвестиции во енергетика. И второ мислам дека ќе отвори една Пандорина кутија бидејќи нашата држава се уште нема дефинирано што ќе прави во сегментот рударство како индустрија. Јас се плашам дека се она што успеавме да го направиме во интерес на граѓаните да го елиминираме или не го направиме. Јас само ќе кажам дека имавме две такви инвестиции во рударството за кои граѓаните се изјаснија на референдум и дека не би требало да бидат направени. Станува збор за Казандол во гевгелискиот регион и Иловица. Сметам дека со одвојувањето во такво ресорно министерство дека наскоро ќе ги видиме како се отвораат и ме интересира каква ќе биде реакцијата на граѓаните и одредени организации кон овој феномен. “, вели Битиќи.

Тој посочува дека во одвојувањето на енергетиката и економијата препознава партиски интерес, бидејќи, според него, мандаторот Мицкоски има искуство во сегментот на енергетиката и има желба да покаже дека има знаење.

„Но, сметам дека енергетиката како стратешки сектор би требало да има посебен осврт, но не сум сигурен дека другите сегменти што се припоени кон Министерството за енергетика ќе дадат резултат, бидејќи за тоа немаме стратешка одлука или консензус на државата дека тоа се стратешките интереси во наредниот период на развојот на државата. Ние заедно и со опозицијата три години на Националната развојна стратегија за 20 години, таму не сме докрај дефинирале дека рударството е еден од стратешките сектори“, вели пратеникот Битиќи.

Зборувајќи за тоа што ќе значи за јавниот долг најавеното задолжување на Мицкоски од 1 милијарда евра, Битиќи истакнува дека тоа ќе го зголеми долгот на околу 66% од БДП, а и со другите најави може да се очекува овој процент да се зголеми на околу 70% од БДП.

„Па на граѓаните ќе треба да им се одговори како одеднаш сите коментари дека државата е презадолжена затоа што сме блиску до 60%, која е една рамка која е ставена со договорот од Мастрикс за задолжување, наеднаш 70% задолжување не е проблематично. Второ, сметам дека и мандатарот и партијата и тие на власт ќе треба да одговорат кој бил мандатот за да се испреговара такво задолжување додека биле во опозиција, со билатерална земја без разлика што тоа е земја е членка на ЕУ, бидејќи знаеме дека нивниот бивш лидер престојува во таа земја. Па дали можеби не зборуваме за корозивен капитал кој се враќа во нашата земја под превезот на задолжување“, вели пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлагаме ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе работиме на поевтинување после јануари

Објавено пред

„На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата“ вели ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.

Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.

Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Таравари започна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“

Новиот министер за здравство Арбен Таравари, најави дека започнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на...

Македонија1 час

Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за упатени закани за животот и...

Македонија3 часа

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на...

Македонија3 часа

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател...

Македонија4 часа

Герапетритис: Флагрантно кршење на договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија

Одлуката на државното и политичкото раководство на Северна Македонија да не се користи „уставното име на земјата во јавниот дискурс...

Свет4 часа

Борел: Путин се подготвува за долга војна, конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долга војна и предупреди на...

Свет5 часа

Бројот на загинати за време на годинешниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Бројот на починати за време на годинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на...

Македонија5 часа

Левицата: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се...

Свет6 часа

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили,...

Свет6 часа

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод, кој пловел под знамето на Либерија и е во сопственост на Грција, полесно е повреден во...

Македонија6 часа

ЦУК: 2.699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија6 часа

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија16 часа

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија16 часа

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија18 часа

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...

Свет18 часа

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени,...

Македонија18 часа

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија20 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија20 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија22 часа

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...