Економија
Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии
Oд денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– В понеделник, на 28.12.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 29.12.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– В среда, на 30.12.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– В четврток, на 31.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник, 28 декември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ЧЕКАШЕ И ДОЧЕКА – студентските ваучери и официјално се реализираат
По успешно завршената кампања за предрезервации „Не се нервирај – предрезервирај“, компанијата „Анхоч“ ја продолжува својата поддршка за студентите со новата кампања „Чекаше и дочека“, со која и официјално почнува реализацијата на студентските ваучери за 2025 година.
Изминатиов период беше особено предизвикувачки, со најавени над 50.000 студентски ваучери и големи очекувања од младите, ИТ секторот се најде пред сериозен предизвик да обезбеди доволно избор, брза услуга и стабилен процес.
Анхоч уште еднаш се покажа како лидер во технолошката поддршка на студентите, прв ја воведе системската предрезервација на уреди, а сега го стартува процесот на реализација.
Од предрезервација до реализација, студентите конечно дочекаа!
Со активирањето на ваучерите, студентите можат да го одберат својот уред директно од широката понуда на лаптопи, таблети и десктоп компјутери. Понудата е креирана врз основа на анкетата во која учествуваа илјадници студенти, а фокусот е ставен на уреди кои ги покриваат различните академски, креативни и професионални потреби:
· Лаптопи: Од практични модели за предавања и запишување белешки, до моќни машини за програмирање, видео-обработка и гејминг.
· Таблети: Идеални за читање, дигитални белешки, онлајн предавања и мобилна продуктивност.
· Десктопи: За сите оние кои бараат стабилност, можност за надградба и перформанси кои ќе одговорат на сите
Совршено организиран процес, брзо, едноставно и без гужви
Студентите кои предрезервирале уред ја имаат загарантирана цената, независно од пазарните промени, уште една потврда дека компанијата стои зад ветувањето за коректност и достапност.
„Чекаше и Дочека“ – порака за студентите кои долго го очекуваа овој момент
„Знаевме колку долго студентите ги чекаа информациите за ваучерите и затоа сакавме кампања која го одразува нивниот реален момент – олеснување, мотивација и чувство дека конечно можат да го направат својот избор. ‘Чекаше и Дочека’ е токму тоа: симбол на трпението на студентите и нашата подготвеност да ги поддржиме,“ велат од Анхоч.
Достапност за секој буџет и секоја потреба
Уредите се поделени во три јасни категории за да им се олесни изборот на студентите:
· Без доплата – уреди што ја покриваат целата вредност на ваучерот.
· Со мала доплата – Моќни модели со подобри перформанси за покомплексни задачи и мултитаскинг.
· Со поголема инвестиција – Врвни машини за гејминг, дизајн или програмирање со максимален перформанс. За сите детали и комплетната понуда посетете ја www.anhoch.com
ПР
Економија
Mint Store – новото лице на паметното купување во Македонија
Во време кога онлајн купувањето стана секојдневие, домашниот пазар има играч кој ја подига летвичката на повисоко ниво. Mint Store се позиционира како прва специјализирана e-commerce платформа во Македонија што нуди паметно, поблиско и пофлексибилно искуство на купување.
Целосно нов пристап кон онлајн трговијата
За разлика од класичните интернет-продавници, Mint Store гради интегриран модел кој ја комбинира удобноста на дигиталниот шопинг со сигурноста на традиционалната услуга. Платформата нуди широка палета на производи — од бела техника, електроника и мали апарати, до спорт, рекреација, мода и lifestyle категории — и станува вистински дигитален дом на современиот потрошувач.
Флексибилност што ја менува навиката на купување
Еден од клучните елементи што го издвојуваат Mint Store на пазарот е можноста за купување на рати до 36 месеци, без долги процедури и скриени трошоци. Покрај тоа, корисниците можат да изберат плаќање при достава или со платежна картичка, а целата трансакција е заштитена со највисоки стандарди за онлајн безбедност.
„Нашата идеја е едноставна – да им понудиме на потрошувачите повеќе избор, повеќе доверба и повеќе вредност за нивното време,“ велат од тимот на Mint Store. „Онлајн купувањето треба да биде искуство, не обврска.“

Купување за новото време
Во период кога времето станува највредната валута, Mint Store ја разбира потребата на модерниот човек да живее поефикасно. Платформата не е само уште една продавница, туку интелигентен систем за купување што го спојува најдоброто од технологијата, практичноста и довербата.
Со својот јасен концепт, транспарентен пристап и ориентација кон клиентот, Mint Store покажува дека дигиталната трговија во Македонија е подготвена за следниот чекор – кон паметно купување што штеди време, пари и енергија.
Mint Store – затоа што новото време заслужува нов начин на купување.
https://mintstore.mk/
ПР
Економија
Собранието ги изгласа измените на законот, ќе се плаќа ДДВ на пратките од „Тему“ и од „Алиекспрес“
Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра.
Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, соопшти Министерството за финансии.
Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании. Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно, колку што изнесува прометот кон странските онлајн платформи во одредени периоди, ќе се пренасочат кон домашното стопанство.
Овие средства ќе помогнат во растот на локалните компании, креирањето нови работни места и подобрувањето на условите и платите на вработените.
Оваа измена претставува значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија.
Дополнително, новиот модел ќе придонесе за намалување на сивата економија. Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.
Трошокот за пресметката и плаќањето на ДДВ нема да падне на товар на граѓаните, што значи дека нема да има промена на цените за крајните потрошувачи, а мерката ќе обезбеди фер конкурентност помеѓу домашните и странските онлајн продавници.
Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

