Контакт

Економија

Олеснување на вложувањето во хартии од вредност во странство, по седницата на Советот на НБРМ

Објавено пред

На редовна седница на Советот на Народна банка беше усвоена одлуката за изменување и дополнување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.

dobivaj vesti na viber

Со донесените измени и дополнувања се прошируваат можностите за отворање и поседување сметка во странство од страна на резидентите за потребите на трансакции со хартии од вредност во странство. Поконкретно, со предложените измени и дополнувања, покрај во странска банка, резидентите можат да имаат сметка и кај овластен учесник на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност, кај платежни институции или институции за електронски пари во странство заради комерцијални цели, но и за тргување со хартии од вредност ако истовремено се и овластени учесници на странска берза или на организиран пазар на хартии од вредност, потенцираат од Народна банка.

Во писмениот допис стои дека Советот на Народната банка ја усвоил изменетата и дополнета одлука за доставување и објавување податоци за извршените активности во платниот промет. Со оваа одлука, како што се појаснува, Народна банка го проширува сетот податоци од доменот на платежната статистика што и досега се прибираа и коишто се во значителна мера усогласени со стандардите и барањата на платежната статистика на Европската централна банка и Банката за меѓународни порамнувања.

„Со цел обезбедување подетални податоци за развојот на дигитализацијата на банкарскиот сектор во земјата, Народната банка ќе зпочне со прибирање годишни податоци поврзани со дигиталната трансформација на платежните услуги и финансиската вклученост на населението во користењето на дигиталните канали за извршување плаќања. Прибирањето податоци од оваа сфера ќе ја зајакне информативната основа за формулирање на политиките за развој на платежните услуги и платните системи во рамките на Народната банка, за дефинирање стратегиски насоки за развој на националниот платен систем во рамките на надлежностите на Националниот совет за платни системи, како и пошироко, за сите засегнати страни во целокупниот финансиски систем во земјата преку зголемување на нивото на транспарентност со објавувањето на овие податоци“, велат од НБРМ.

Дообјаснуваат дека најголемиот дел од новите податоци ќе бидат објавени на интернет-страницата на Народната банка на годишна основа, со што ќе се придонесе за зголемување на транспарентноста во однос на степенот на дигитализацијата во платежната сфера на нашата земја.

Економија

Петрова: Поништен огласот за редовно вработување во ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“

Објавено пред

Во голготата за редовно вработување на 1,117 здравствени работници, дојдовме до разрешница – ПОНИШТУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ за редовно вработување во ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“, наменет (?) за лицата кои се или биле ангажирани со договор на дело. Ако здравствените власти и сите министри за здравство биле искрени и фер, ќе го решеле статусот на работниот однос на здравствените работници многу одамна, не оставајќи ги со години како „договорци“. Сега, на крај на политичкиот мандат, „се заглавија“ во своите обиди да прикажат дека нешто прават и дека некој друг е виновен, а всушност се работи за „политичко мамење“ и играње со судбината на овие лица, соопшти Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии.

dobivaj vesti na viber

За поништувањето на огласот вчера ме известија синдикалните претставници Боби Бојчевски – национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници, Гоце Делчев Тодев – генерален секретар на КСОМ (Конфедерација на синдикални организации на Македонија) и Марјан Ристески – претседател на КСОМ. Ова се надоврзува на информациите кои веќе ги споделив во јавноста, дека:

– во Буџетот за 2024 год. не се обезбедени средства за бруто плата за 1,117 здравствени работници (доказ: допис од ФЗО до Владата од 18/03/2024 год.)

– по распишување на изборите, итни и неодложни потреби согласно закон се решаваат во точно определени случаи со вработување на определено време, а не со договор на дело, за што доставив известување до ДКСК.

На состанокот со синдикалните претставници разговаравме и за статусот на лицата кои се на приватни специјализации, усогласувањата на платите со Законот за минимална плата во јавните здравствени установи, како и изедначување на вредноста на бодот за плати на исто ниво во сите установи.

Преку искрен пристап и отворен дијалог ќе се надминат сите проблеми со кои се соочуваат вработените во јавното здравство, со цел да го добијат заслуженото место во општеството. За неколку недели од сега новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се зафати со систематско решавање на овие проблеми во интерес на граѓаните, додава Петрова.

Прикажи повеќе...

Економија

Распишан повик за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата со буџет од 14 милиони евра

Објавено пред

Стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, со вкупен буџет од 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка.

dobivaj vesti na viber

Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Како приоритетни сектори во рамки на мерката 3 се: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи компири и мешункасти култури); Житарки, мелнички производи и скроб; Растителни и животински масти и масла; Шира, вино, други ферментирани пијалаци, жестоки алкохолни пијалаци и оцет; Риба и рибни производи; Сточна храна и од фуражни култури; Други производи произведени врз основа на производите опфатени со Анекс I од Договорот; Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса.

Финансиската поддршка, кај оваа мерка, се однесува на кофинасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката по оваа мерка, може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.

Како корисници кај мерката 3 се јавуваат правни лица регистрирани во Централниот регистар на РСМ, како правни лица, согласно Законот за трговските друштва, и кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и/или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната дефиниција за микро, мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ.

Потоа задруги регистрирани во Централниот регистар во согласност со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги директно поврзани со земјоделски активности. Како и здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за начинот на аплицирање, потребната документација, условите и прифатливите трошоци за инвестицијата, можат да најдат на веб страната на Платежната Агенција.

https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/30

Земја лидер сме во спроведувањето на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Лидерската позиција ја потврдиме и сме прва земја во регионот која успешно, на 1 септември 2023 година, ја започна реализацијата на новата ИПАРД 3 програма распишувајќи го повикот за мерките 1 и 7, ставајќи ги на располагање првите 30 милиони евра, поддршка за инвестиции.

Од страна на Платежната Агенција започнат е процесот за обработката на пристигнатите апликации од првиот повик за мерките 1 и 7. Очекуваме веќе во втората половина од годината да се склучат и договорите од првиот повик за мерките 1 и 7, а потоа да биде распишан и нов повик за овие мерки од ИПАРД 3 програмата.

Новина во ИПАРД 3 програмата е можноста за 50% авансна исплата на одобрената финасиска поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани апликанти, навремено да се информираат за повикот и да аплицираат, искористувајќи ја можноста која преку оваа мерка од ИПАРД програмата им се става на располагање.

Прикажи повеќе...

Економија

Новата Opel Corsa прогласена за најпосакуван градски автомобил во Македонија за 2024 година!

Објавено пред

· Престижно признание: Opel Corsa е избрана за „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија за 2024 година!

dobivaj vesti na viber

· Публиката избира: изборот за „Најпосакуван автомобил во Македонија“ е глас на публиката, на јавноста, не е избор на жири комисија.

Годишниот национален избор „Златно тркало“ на уникатен и транспарентен начин, доаѓа до сознание кое е најпосакуваното возило во нашата земја и тоа според гласовите на публиката. Гласањето е транспарентно и онлајн, а резултатите го прикажуваат интересот на љубителите на автомобилизмот и клиентите. Со здружени сили, како организатори и презентери на автомобилските новитети, се јавуваат дел од македонските автомобилски медиуми : AvtoPlus.mk, CarClub.mk, CarsByVik.mk и RPM.mk.

„Yes of Corsa”! Oваа година, признанието на јавноста за „Најпосакуван градски автомобил“ го понесе Opel Corsa!

Новиот изглед на Corsa е модерен, по германски терк и детоксифициран. Го носи новиот амблем на брендот и како еден од највпечатливите дизајни во сегментот, веднаш е воочлив на градските улици.

На свечената манифестација за доделување на плакетите, признанието на Opel Corsa за „Најпосакуван градски автомобил“ го презема г-динот Драган Јовев, Продукт менаџер за Оpel во Македонија и истакна:

„Голема чест и задоволство е да се преземе ова признание кое македонската јавност го доделува. Искрено не сме изненадени. Судејќи по реациите на јавноста откако го промовиравме моделот, а и по продажбата која ја остваруваме, очекувавме дека Opel Corsa би била избрана за „Најпосакуван градски автомобил“.

Новата Opel Corsa била и останува “volume maker“ во гамата на Опел. Сѐ има продадено во повеќе од 14 милиони примероци, во 6 генерации.

Оваа година, за Оpel е голема година. Во очекување сме на 2 новитета: новата Frontera и новиот Grandland. Ние силно веруваме во себе и во Opel брендот и искрено очекуваме дека ќе се најдеме на овој подиум и следната година.“

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет4 часа

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет5 часа

Операција „Чесно ветување“: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство...

Свет5 часа

(Видео) Анализа: Иран ја нарекуваат „држава-тврдина“, колку е моќна земјата што го нападна Израел?

Иранските пипала може да се видат во разгорувањето на огнот на Блискиот исток и многу конфликти. Преку своите посредници: палестинскиот...

Свет7 часа

(Видео) Иранците прославија по нападот врз Израел

Нападот со беспилотни летала и ракети врз Израел беше прославен синоќа на улиците во Иран, и покрај тоа што еврејската...

Свет7 часа

Израел ќе носи одлука дали и како ќе одговори на нападот од Иран

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад...

Свет7 часа

(Видео) Снимен удар на балистичка ракета во Израел

Познатиот ирански новинар Бабак Тагве, кој живее во егзил, на својот Твитер профил објави видео на кое наводно се гледа...

Свет7 часа

Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор

Јордан и Ирак повторно го отворија својот воздушен простор, откако го затворија синоќа. Државната телевизија во Јордан соопшти дека земјата...

Свет7 часа

Иран предупреди дека неговиот одговор ќе биде „посилен и порешителен“ доколку Израел возврати по нападот

Иран предупреди дека ќе одговори со поголема сила доколку Израел возврати со напади овој викенд, за кои Техеран рече дека...

Свет8 часа

(Видео) Иран истрела стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, тешко повредено 7-годишно девојче

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека противвоздушната одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 проектили што...

Свет9 часа

Скапа грешка во системот: студенти подигнале 40 милиони долари од банкомат и не сакаат да ги вратат парите

Комерцијалната банка на Етиопија (CBE), најголемата во земјата, се обидува да врати огромна сума на пари повлечени од клиентите по...

Свет10 часа

Во овој европски град на децата им е забрането да користат телефони, познати се резултатите по една година

Речиси целата заедница од 22.000 луѓе во Грејстоунс и соседното село Делгани, во Ирска, одлучи да им ги ускрати телефоните...

Свет11 часа

Мистериозен објект пронајден на брегот на Атлантикот: поврзан со тајна програма за Студената војна

Мистериозниот предмет беше пронајден на брегот на полуостровот Кејп Код (Масачусетс). Не само што наликува на трупот на мал авион...

Свет12 часа

(Видео) Маж сакаше да се самоубие скокајќи од мост, а полицијата наместо него, зграпчи погрешен човек

На интернет кружи видео снимено во мексиканскиот град Соледад де Грацијано Санчез, каде неименуван маж одлучил да се самоубие скокајќи...

Свет13 часа

Се обидела да го отруе сопругот со избелувач, а сега на суд го признала делото: познато е колкава казна ја чека

Жена од Аризона обвинета дека се обидела да го отруе својот сопруг во понеделникот пред судот ја признала вината, а...

Македонија16 часа

Управен пресуди во корист на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 13.04.2024 година во 22.00 часот, судечкиот совет по предметот оформен по тужба...

Свет17 часа

Започна пресретнувањето на иранските беспилотни летала над Сирија и Јордан

Почна пресретнувањето на иранските беспилотни летала, јавуваат израелските медиуми. Откако Иран испука десетици беспилотни летала камикази кон Израел, нивното пресретнување...

Свет17 часа

Анализа: сите детали за смртоносните беспилотни летала што Иран ги лансираше врз Израел, имаат домет од дури 2.500 километри

Иран го започна својот напад врз Израел кога лансираше десетици беспилотни летала камикази. Станува збор за беспилотни летала „Шахед-136“. Иранската...

Свет17 часа

САД очекуваат Иран да лансира повеќе од 100 беспилотни летала и десетици ракети

Сега кога Иран ја започна својата одмазда против Израел, САД се подготвуваат за тоа да биде „голем напад“, рекоа двајца...

Свет17 часа

Јордан прогласи вонредна состојба

Јордан прогласи вонредна состојба откако Иран лансираше десетици беспилотни летала и проектили врз Израел. Претходно Јордан објави дека го затвора...