Контакт

Економија

Преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ се вработиле 450 невработени лица

Објавено пред

450 невработени лица се вклучија на пазарот на трудот преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година – Шанса за сите. Повеќе од 50 проценти од вработените лица, односно 286 лица се млади до 29 години, соопшти Агенцијата за вработување.

„За реализација на овие вработувања до сега се исплатени 59.060.500,00 денари од потсметката на Агенцијата за вработување, наменета за активни програми и мерки. Мерката поддржува креирање нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации“, велат од Агенцијата.

Преку оваа мерка годинава е планирано да бидат вработени 497 невработени лица евидентирани во АВРСМ, а предност им се дава на младите лица до 29 години и корисниците на гарантиранa минимална помош. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 76.279.000,00  денари.

Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари, за лица до 29 години возраст висината на грантот за вработено едно лице изнесува 153.750 денари, а за лица корисници на гарантирана минимална помош висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари. Во еден правен субјект поддржано е вработување од најмногу 5 лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев во посета на индустриската зона „Новине“: Владата учествува во изградбата за да се комплетираат работите според највисоки стандарди

Објавено пред

Увид во работите на изградбата на индустриската зона кое ги опфаќа атарите на селата Речица и Коњаре во Општина Куманово, како и разговор со стопанствениците од општината, со цел да се поттикне инвестирањето во нови капацитети и заживување на просторот како стопански комплекс, беше повод за средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, со градоначалникот на општинатa Максим Димитривески, со претставниците на бизнис заедницата во Куманово и регионот.

Премиерот Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, директорката на УЈП, Сања Лукаревска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски, ја проследија презентацијата на работите на индустриската зона на градоначалникот Димитриевски кој истакна дека овој стопански комплекс отвора сериозни можности за понатамошен просторен развој кој воедно ќе претставува и економски развој на самата општина.

Претседателот на Владата, Заев, во разговорот со стопанствениците, како и во изјавата за медиумите, истакна дека Владата останува посветена на континуираната поддршка на ваквите проекти во општините кои носат потенцијал за развој на локалната заедница, за отворање на нови перспективи на бизнис заедницата за инвестирање, а со тоа и учество во вкупниот развој на државата.

„Мене ме радува што во оваа индустриска зона веќе има изградено два објекта, сериозни инвестиции на приватниот капитал. Владата во изградбата на оваа зона ќе учествува со 20 милиони денари и со учеството на делот од општината тоа се средства кои ќе придонесат сите инфраструктурни потреби внатре, канализација, водовод, струја, да бидат на време завршени. Ќе издвоиме во Буџетот за идната година и дополнителни средства за да се комплетираат работите и деловните луѓе од Општина Куманово да добијат зона според највисоки стандарди за развој на нивните бизнис проекти“, нагласи премиерот Заев и додаде дека средбата и разговорот со стопанствениците е одлична можност да се слушнат нивните сугестии и предлози во насока подготовка на индустриската зона според нивните потреби.

„Одличната локација на зоната, на потегот на Коридорот 10 е од огромно значење и интерес за инвеститорите бидејќи им отвора големи можности што доаѓаат од регионалната соработка и поврзување за брза и лесна комуникација со партнерите и пазарот од регионот со потенцијал од 20 милиони потрошувачи. Сите наши средби со политичките лидери од регионот за да го олесниме бизнисот, да ги намалиме административните и царинските бариери на кои годишно се губат големи финансиски средства“, потенцираше премиерот Заев на средбата со бизнисмените и општинските функционери во индустриската зона „Новине“ во атарите на селата Речица и Коњаре во Општина Куманово.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на средба со стопанственици во индустриската зона во Речица

Објавено пред

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во индустриска зона „Новине“- с. Речица, Кумановско ќе има работна средба со стопанственици од Кумановскиот регион. Средбата е закажана за во 12 часот, информира Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

Димковски : Заеднички ќе се работи на зголемување на трговската размена со Русија

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во Москва, Русија имаше работна средба со заменик-министерот за земјоделство на руската Федерација, Сергеј Левин.

На средбата рускиот заменик-министер Сергеј Левин, истакна дека македонските производи се многу ценети на рускиот пазар и за нив постои голем интерес, истовремено посочи дека очекува во следниот период извозот на руски производи во Република Северна Македонија да се зголеми, којшто во моментов изнесува околу 1 милион долари годишно.

Министерот Димковски, посочи дека МЗШВ ќе ја продолжи поддршката на саемите „Продекспо“ и „Мир Питание“, како и на Македонскиот дом во Москва. На состанокот Димковски и Левин се согласија за продолжување на соработката помеѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство и Фитсанитарните служби со Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор – Росселхознадзор, што е важно за непречена трговска размена помеѓу двете земји.

Димковски го информираше заменик-министерот Левин дека на почетокот на месецов, од страна на македонската Агенција за храна и ветеринарство до руската Росселхознадзор, е упатено барање за отпочнување постапка за одобрување и ставање на листата на објекти и оператори за извоз на млечни производи во Руската Федерација и посочи дека е потребно да се забрза процедурата затоа што постои интерес од бизнисмените од двете држави. Димковски изрази благодарност за веќе одобрените извозни дозволи за три фирми кои произведуваат млеко и млечни производи и за една компанија од месната индустрија,коишто започнаа со извоз на рускиот пазар.

Заменик-министерот Левин, ја потенцираше важноста за почитување на фитосанитарните и ветеринарните стандарди при извоз на рускиот пазар и усогласување на потребната документација со повисок степен на заштита на сертификатите за извоз.

Димковски го информираше Левин, дека од македонската страна се започнати подготвителните активности со сите вклучени институции во државата, за одржување на 9 – та седница на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка, која што ќе се одржи следниот месец во Охрид. На состанокот од руска страна присуствуваше и Ина Жарова, претседател на Фондот Македонско – руско пријателство и директор на Македонскиот дом во Москва, кој е финансиски поддржан од МЗШВ. Жарова истакна дека досегашното искуство е многу позитивно и претстои голема работа за унапредување на промоцијата и маркетингот на македонските земјоделски производи во Русија.

Во рамки на посетата на Москва, Димковски во организација на Македонско-руската стопанска комора, ја посети Трговско индустриската комора на Руската Федерација во Москва и имаше работен состанок со заменик-претседателот на комората, Владимир Падалко,со којшто се согласија дека е потребен поголем ангажман од двете страни за зголемување на трговската размена во земјоделството што и сега доминира во македонскиот извоз во Русија.

Дури 60 отсто од вкупниот извоз од Република Северна Македонија во Руската Федерација отпаѓа на земјоделско-прехранбените производи. Вкупната трговска размена со Русија во периодот јануари – јули 2019 година изнесува 106 милиони долари, што е раст од 19,29 отсто во однос на истиот период лани. Притоа е остварен извоз од 26,4 милиони долари, или 21,72 отсто повеќе, додека увозното салдо е 79,6 милиони, што е зголемување за 18,5 %. Во вкупната трговска размена, Русија е 22-ри партнер на земјава. На рускиот пазар македонските компании најмногу извезуваат свежи јаболка, кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, лекови, домати и тутун, додека увезуваме природен гас, полупроизводи од железо, нафтени масла, бакарни жици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија4 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа5 часа

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија5 часа

Заев: Работиме на намалување на цената на зелениот картон за возилата

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ...

Македонија6 часа

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет6 часа

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија22 часа

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија24 часа

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија1 ден

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт1 ден

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија1 ден

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија1 ден

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Регион1 ден

Словенија го менува законот – невработените со надомест од 402 евра

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на трудот, со што би се зголемила минималната бруто...

Македонија1 ден

Меркел ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која според уверувањата на дипломатите, е...

Бизарно1 ден

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус),...

Топ1 ден

Над 160 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот...

Свет1 ден

Американскиот секретар за внатрешна безбедност поднесе оставка

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Кевин Мекалинен (48) поднел оставка, а...

Свет1 ден

САД и Кина пред договор, се ближи крајот на трговската војна

САД и Кина се многу блиску до крај на трговската војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со кинескиот...

Култура1 ден

„Медена земја“ репризно в недела на „Киненова“

Програмата на фестивалот „Киненова“ продолжува до недела кога во 18 часот, поради голем интерес на публиката репризно ќе биде прикажан...

Досие