Економија
Промотивна акција во „Нептун“ за купување со кредит од Комерцијална банка до 24 рати без камата на целиот асортиман
Време е за пазарување на рати и без камата. Од 1 март започна промотивниот период за купување во Нептун со наменскиот инстант потрошувачки кредит на Комерцијална банка, кој ви овозможува да купите кој било од понудените производи на одложено плаќање до 24 рати без камата.
Искористете ја оваа можност до 31 март 2021 година за да го подновите вашиот дом со некои од производите во Нептун. Ајде во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Сите информации за овој кредитен производ на Банката може да ги видите на следниот линк.
Комерцијална банка и Нептун ви нудат можност за релаксирано пазарење и докажано корисничко задоволство!
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
СДСМ: Мицкоски за две години ја задолжи Македонија со 2,3 милијарди евра
ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски за само две години ја задолжија Македонија со 2,3 милијарди евра. Вкупниот државен долг веќе достигна 11 милијарди евра, а сега сакаат нови кредити за нови тендери плус уште 260 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца, велат од СДСМ.
„Овие пари не се за развој на државата – тие се за нови тендери на организираната криминална група. Не даваме нови задолжувања. Нема да ни ги претворите децата и внуците во должнички робови. Доста е повеќе со ограбуањето на народот. Обвинителството не реагира на аферите со криминални тендери, 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 93 тендери за Матсеф, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека ќе се борат со сите демократски средства да го запреме овој неконтролиран грабеж на граѓаните на Македонија.
Економија
ЕУ воведува нови правила за Airbnb и Booking
Европската Унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да воведе поголем ред и транспарентност во сектор кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во бројни туристички дестинации.
Ова е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот парламент и Советот ја усвоија по месеци преговори за правилата за платформи како Airbnb и Booking, и која се применува од денес, 20 мај, во сите земји-членки.
Регулативата воведува обврска за воспоставување единствени системи за дигитална регистрација за домаќините и обврска за платформите редовно да доставуваат податоци за активностите на домаќините до надлежните органи, вклучувајќи го бројот на ноќевања, гостите и регистрациските броеви на сместувачките единици.
Европската комисија ја предложи регулативата во 2022 година како дел од својата стратегија за мали и средни претпријатија и дигиталниот пазар, во време кога многу европски дестинации, особено големи градови како Париз и Барселона, предупредуваа за растечкиот притисок од краткорочните изнајмувања врз достапноста на домувањето и локалните заедници. Во образложението на регулативата се наведува дека еден од клучните проблеми е недостатокот на сигурни и стандардизирани информации за идентитетот на сопственикот на станот, локацијата на сместувањето и времетраењето на изнајмувањето, што го отежнува обликувањето на јавните политики и следењето на пазарот.
Според правилата, кои важат низ цела ЕУ од денес, земјите-членки кои сакаат да пристапат до податоците на платформата мора да воспостават единствена дигитална точка за пристап, додека платформите ќе мора да вршат проверки на регистарскиот број и да ги отстрануваат огласите што не ги исполнуваат пропишаните услови. Податоците ќе им се доставуваат на надлежните органи автоматски, главно на месечна основа.
Холандската пратеничка од редовите на зелените, Ким Ван Спарентак, за време на преговорите се залагаше за поголеми овластувања за националните власти во случаи на неточни или сомнителни податоци, вклучително и можноста за суспендирање на регистарските броеви, како и за побрза примена на регулативата од првично предложената. Европскиот парламент го усвои конечниот текст во февруари 2024 година со 493 гласови „за“, 14 „против“ и 33 „воздржани“.
Економија
„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка
Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.
Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.
Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.
Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз, известуваат од Народната банка.
