Економија
Реотворање на нововоспоставен услужен модел на експозитура на Шпаркасе банка АД Скопје во Гостивар

На 28.3.2022 година официјално беше отворена нова експозитура во Гостивар на Шпаркасе банка АД Скопје, опремена по највисоки стандарди во банкарскиот сектор, каде што на клиентите им се обезбедува индивидуално корисничко искуство.
Експозитурата се наоѓа на ул. Илинденска 294А.
На свеченото отворање присуствуваа многубројни гости и клиенти на Банката од општина Гостивар, како и членови на Управниот одбор. Тие се обратија пред присутните, при што споделија дека Банката со своето работење ќе продолжи силно да го поддржува развојот на локалните заедници секаде каде што е присутна и на тој начин ќе ја потврди својата посветеност и професионалност.
Шпаркасе банка АД Скопје континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Твитер“ казнет со 150 милиони долари во тужба за заштита на приватноста

Американската компанија „Твитер“ се согласи да плати 150 милиони долари на тужба против таа социјална мрежа за заштита на приватноста, објави Федералната трговска комисија (ФТЦ). Социјалната мрежа ги прекрши регулативите на ФТЦ со тоа што ги измами корисниците до степен до кој „Твитер“ ги одржува и ги штити безбедноста и приватноста на своите информации за контакт на корисниците“, соопшти американското Министерство за правда (DoJ).
Во тужбата, поднесена пред судот во Калифорнија, се вели дека компанијата им кажала на корисниците дека собира лични информации за безбедносни цели на сметката, но не открива дека податоците ќе се користат и за насочено рекламирање. Во тужбата се наведува дека овие наводни прекршувања се случиле од мај 2013 до септември 2019 година.
Во тужбата исто така се наведува дека компанијата лажно тврдела дека нејзиниот бизнис е во согласност со регулативите на ЕУ и САД, како и со Швајцарија и САД, кои им забрануваат на компаниите да обработуваат кориснички податоци на начин што не го одобруваат корисниците, соопшти Министерството за правда.
Економија
Германскиот министер за енергетика: Г7 ќе го води патот до прекин на употребата на јаглен

Германскиот министер за енергетика и клима, Роберт Хабек, денеска изјави дека групата Г7 ќе го води патот кон ставање крај на употребата на јаглен.
Високите претставници на Г7 одржуваат тридневен состанок во Берлин, на кој ќе се обидат да се договорат за заедничките цели, а тоа е исклучување на фосилните горива и движење кон обновливите извори на енергија за која научниците велат дека е итно потребна за да се запрат климатските промени.
„Она што во моментот го гледаме како решение е да се забрза трансформацијата на животната средина“, рече Роберт Хабек, пренесе „Танјуг“.
Економија
Светската банка: Војната во Украина може да доведе до глобална рецесија

Шефот на Светската банка предупреди дека руската инвазија на Украина може да доведе до глобална рецесија со оглед на зголемените цени на храната, енергијата и ѓубривата.
Малпас наведува дека многу европски земји сè уште се премногу зависни од руските енергија, гас и нафта. Тој рече дека руското нарушување на снабдувањето со гас може да предизвика значително забавување на економската активност во регионот.
Тој додава дека повисоките цени на енергијата веќе се одразуваат на германската економија, една од најголемите во светот.
Русија и Украина се меѓу најголемите производители на ѓубрива и храна. Малпас, кој вчера зборуваше во САД, рече дека земјите во развој веќе чувствуваат недостиг, пренесуваат светските агенции.